Достапни линкови

Трудбеник и државата во спор, станарите во неизвесност


Повеќе од 800 физички и правни лица му должат околу 5 милиони евра на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Претпријатието води судски спорови против нив, а некои семејства може да останат без своите домови.

Против повеќе од 800 физички и правни лица, Јавното претпријатие за станбен и деловен простор води судски спорови и има побарувања поголеми од 5 милиони евра, потврди директорот Цветко Грозданов.
Ние немаме никаква допирна точка со граѓаните кои на чесен начин си ги купиле овие станови и се вселиле во нив. Можеби ќе направам некоја отстапка, но јас не можам да ги ослободам овие станови.
Цветко Грозданов, Јавно претпријатие за станбен и деловен простор.

Оваа државна компанија од Градежната фирма Трудбеник од Охрид бара да и бидат исплатени 7,5 милиони денари, во кој долг не се пресметани и каматите. Во спротивно, најави директорот Грозданов, ќе се запленат становите иако сопствениците на истите од Трудбеник ги имаат купено становите уште пред неколку години, но за нив не поседуваат имотни листови. Тие во катастар се уште се водат на име на Трудбеник.

„Еден од долговите кои го имаме е и со Градежната фирма Илинден од Скопје. Имаме побарување од 90 милиони денари. Тоа се 1,5 милион евра само од една фирма. Тие средства се уште не се наплатени. Се уште немаме извршно судско решение. Судот пресуди во наша корист. Но и таму фирмата е под стечај, нема капитал и нема да можеме да ги наплатиме. Затоа е ова моја акција, да ги оптужам сите кои се големи должници кој мојата
За нешто што е наше ние повторно треба да докажуваме. Се работи за нешто што во една нормална држава во која функционира законот, приватната сопственост е светост, така треба да биде и овде.
Александар Бачиќ, сопственик на стан.
фирма“, рече Грозданов.

Грозданов со објаснување како настанал долгот од Трудбеник кон нив.

„Ние немаме никаква допирна точка со граѓаните кои на чесен начин си ги купиле овие станови и се вселиле во нив. Можеби ќе направам некоја отстапка, но јас не можам да ги ослободам овие станови. Ако ги ослободам во меѓувреме можеби има и втор и трет доверител кој чека. Не знам каде е крајот. Јас можам да им ветам на граѓаните дека ова извршување доколку добиеме ветување од газдата јас можам да го одложам извршувањето, но не и да се откажам од извршувањето. Станува збор за купување на станови кои Трудбеник ги гради. Ние потоа ги откупуваме тие станови од Трудбеник, но во дадениот временски период Трудбеник не ги завршува и мора да плати пенали и останува некој долг кој мора да го подмири кон нашата фирма“, рече Грозданов.

Охридските семејства се уште живеат во неизвесност што ќе се случи со нивните домови. Бараат компанијата и ЈП за Стопанисување со станбен и деловен простор да ги решат меѓусебните недоразбирања. Александар Бачиќ е еден од сопствениците на становите.

„За нешто што е наше ние повторно треба да докажуваме. Се работи за нешто што во една нормална држава во која функционира законот, приватната сопственост е светост, така треба да биде и овде“, истакна Александар Бачиќ.

Единствена грешка на сопствениците е што тие откако им ја дадовме сопственоста тие не извадија имотни листови за становите. Неспорно е дека тие си ги имаат платено становите и се вселени во нив и се апсолутно во право, вели сопственикот на Трудбеник Ацо Спироски.

Останува Трудбеник да обезбеди други станови во замена за овие или да најде пари. Јас согласно законот можам максимално до двапати да го одложам наплатувањето на побарувањата, но не и повеќе рече Грозданов.
XS
SM
MD
LG