Сопствениците на градежни компании кои во Охрид градат станбени објекти тврдат дека годината која изминува била финансиски подобра за нив во однос на мината и дека продале повеќе станови за 5-10 отсто. Велат дека и покрај беспарицата, продажбата на недвижнини во нашиот најголем туристички центар била на задоволително ниво, иако има и такви кои велат дека продажбата била слаба и покрај намалувањето на цените на метар квадрат станбен простор за 20 отсто.
Менди Чира сопственик на градежната компанија Трим и Лум очекува намалување на каматните стапки за станбените кредити што ќе делува позитивно во однос на продажбата.
„Сега се веќе пореални цените бидејќи има мал пад кај нив. Факт е дека се зголемува конкуренцијата на пазарот на недвижнини, но фирмите кои се поквалитетни, подобри и покункурентни и понатаму стојат добро. Продажбата на станови е релативно добра и се надевам дека така ќе продолжи и понатаму. Факт е дека кај некои од фирмите имаше мал пад во продажбата, но кај дел како ние зголемување“, рече Чира.
Ванчо Чифлиганец, сопственик на Адора инжинеринг, вели дека годината ја завршиле со зголемена продажба за 10 отсто.
„Побарувачката за квалитетни станови со енергетска ефикасност и асеизмичка стабилност секогаш ќе биде добра. Јас тврдам дека најстабилна валута е кога се инвестира во квалитетна недвижност, бидејќи тие остануваат и за наредните 100 и 200 години“, рече Чифлиганец.
Директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, вели дека со нивните активности за изградба на комерцијални станови нема да им дадат можност на приватните институции кои сакаат да остварат што е можно поголема заработувачка или поголема маржа и цените да бидат вештачки напумпани. Тој вели дека сè уште е потребно намалување на цените, ако компаниите сакаат да ја зголемат продажбата на она што го изградиле.
„Значи кога има зголемена понуда на пазарот, тогаш има и намалување на цената. Најмалку за 100 евра по еден метар квадратен се паднати цените на становите, но сметам дека и оваа цена е релативно висока и цените треба да паднат најмалку за уште 5 отсто. Сметам дека во 2014 година ќе има намалување на цените на становите, не драстично, но минимално за да се постигне една реална пазарна цена“, вели Грозданов.
Тој вели дека во Охрид има голема градежна експанзија која е непланска. И самите инвеститори, односно самите фирми кои што градат неплански, го направија тоа, вели тој.
Факт е дека се зголемува конкуренцијата на пазарот на недвижнини, но фирмите кои се поквалитетни, подобри и покункурентни и понатаму стојат добро.Менди Чира сопственик на градежна компанија.
Менди Чира сопственик на градежната компанија Трим и Лум очекува намалување на каматните стапки за станбените кредити што ќе делува позитивно во однос на продажбата.
„Сега се веќе пореални цените бидејќи има мал пад кај нив. Факт е дека се зголемува конкуренцијата на пазарот на недвижнини, но фирмите кои се поквалитетни, подобри и покункурентни и понатаму стојат добро. Продажбата на станови е релативно добра и се надевам дека така ќе продолжи и понатаму. Факт е дека кај некои од фирмите имаше мал пад во продажбата, но кај дел како ние зголемување“, рече Чира.
Побарувачката за квалитетни станови со енергетска ефикасност и асеизмичка стабилност секогаш ќе биде добра. Јас тврдам дека најстабилна валута е кога се инвестира во квалитетна недвижност, бидејќи тие остануваат и за наредните 100 и 200 години.Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежна компанија.