Достапни линкови

Договорот со Висарис раскинат, а парите?


Го раскинавме договорот со Висарис и не сме им префрлиле ниту денар, рече министерот Никола Тодоров, на пратенички прашања во Собранието. Но опозицијата вели дека фирмата добила 40 илјади евра.

Јас договорот со Висарис веќе го раскинав, одговори министерот за здравство Никола Тодоров на пратеничкото прашање на Оливер Спасовски од СДСМ за тоа дали премиерот Никола Груевски ја дал наредбата фирмата да го добие тендерот и дали минатата година заради исплатата на милион евра на неговата „омилена“ уредничка Ивона Талевска морале да бидат исфрлени новинарите и пратениците од собранието за да биде изгласан буџетот.
Тоа е мерката која ја презедовме – го раскинавме договорот.
Никола Тодоров, министер за здравство.

Тодоров рече дека многупати досега дал одговор за тендерот. Тој уште еднаш повтори дека ситуацијата во случајот е неетичка и го раскинал договорот, поради нарушување на начелото на совесност и чесност.

„Е сега знам што ќе речете, ќе речете ве фатија па го раскинавте случајот.. ве слушам, не грешите, не е точно, тоа е и разликата, секогаш кога ние ќе увидиме дека има определена работа којашто е спротивна на нашите морални или етички вредности, ние преземаме мерки, тоа е мерката која ја
Оливер Спасовски, СДСМ.
Оливер Спасовски, СДСМ.
презедовме – го раскинавме договорот“, рече Тодоров.

Според Тодоров се поставува прашање дали моралните начела и вредности важат и за лидерот на опозицијата Зоран Заев и дали тој ќе собере сили да ги раскине договорите со фирмите на неговите најблиски. Тој рече дека за разлика од Заев на „Висарис“ не им бил
И сега на кој да му се верува, на тој што излегува и плаче на говорница и кажува што е правно и што е етички, или да се верува на документите и на фактурите.
Оливер Спасовски, СДСМ.
исплатен ни еден денар. Спасовски не беше задоволен од одговорот.

„Вие не можете да ја лажете целата македонска јавност. Тоа што сега го кажавте зборува за вашиот кредибилитет за се друго што зборувавте. Кажавте дека вие не сте исплатиле ниту еден денар, ниту едно евро во однос на овој тендер. Еве ви ја фактурата и каде имате исплатено 40 илјади евра по однос на овој тендер на Висарис. И сега на кој да му се верува, на тој што излегува и плаче на говорница и кажува што е правно и што е етички, или да се верува на документите и на фактурите.“

Опозицијата уште еднаш го обвини Груевски дека бега од одговори на пратенички прашања. Висарис го доби тендерот вреден милион евра за набавка на медицинска опрема.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG