Разузнавачи, вработени во воена полиција, поранешни функционери, полициски генерал се дел од 19-те обвинети од случајот „Шпион“, чија што судска разврска започнува в понеделник. Тие се обвинети за злосторничко здружување, злоупотреба на службена должност, шпионажа, оддавање на државна тајна, уцена со порнографски снимки, измама и недозволено држење оружје.
Портпаролката на Основниот суд Скопје 1, Весна Димишкова, ги предупреди новинарите дека треба да внимаваат како известуваат за случајот затоа што со пренесувањето на изјавите на обвинетите во јавноста може да влијаат врз процесот.
„Ако се што кажуваат обвинетите ќе треба да се изнесе надвор од судницата, во тој случај нема да ги отстрануваме второобвинетиот, па се до последно обвинетиот кога првообвинетиот дава изјава. Ќе внимавате кој дел ќе го изнесувате во јавност. Значи, не може изјавите на обвинетите и на сведоците веднаш штом излезете од судница да ги објавите“, вели Димишковска.
Новинарско прашање: Што би ставиле тогаш, дека има сијалици и слично?
„Не, едноставно не, значи ќе известувате за текот на главниот претрес“, рече Димишковска.
Од судот велат дека поради степенот на тајност и чувствителност на доказите, судскиот процес за случајот „Шпион“ нема целосно да биде отворен за јавноста.
Претседателот на Судскиот совет ќе одлучува кои делови од процесот ќе бидат достапни за јавноста, а кој ќе се одржува зад затворени порти. Обвинетите и сведоците ќе треба да го известат судот доколку во нивните изјави или одбрани оддаваат државна или службена тајна, по што Судот ќе донесе одлука за исклучување на јавноста од рочиштето.
Димишкова изјави дека новинарите нема кривично да одговараат за известување од судскиот процес, односно за она што е кажано во судницата каде што ќе биде дозволено присуство на јавноста.
„Етички и морално да внимавате. Значи, ако нормално не е исклучена јавноста, ако е исклучена јавноста вие нема да бидете во судница, значи во ниту еден случај не може да оддадете државна тајна за она што сте дознале и узнале во текот на судењето, во текот на главниот претрес. Меѓутоа, ако дојдете до некои податоци надвор од судницата и тие ги објавите, за тоа веќе знаете како следи и што следи постапката“, вели Димишкова.
Првообвинет во скандалот е поранешниот разузнавач Маријан Ефремов, кој според обвинението ја формирал и раководел злосторничката група. Покрај него, обвинети се и поранешниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов, поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Собранието Марјан Маџовски, поранешниот генерал на специјалната единица „Лавови“, поранешниот разузнавач Александар Диневски, кој во јавноста е познат како еден од „осумтемина“.
Засега во обвинителниот акт не се наоѓаат новинарот Зоран Божиновски, Борис Перков и Јане Младеновски, но бидејќи двајца од нив веќе чекаат екстрадиција, повеќе од сигурно е дека во моментот кога ќе бидат испорачани во Македонија, против нив ќе биде поднесен обвинителен акт кој ќе биде споен во постапката.
Претседател на судскиот совет ќе биде судијата Ѓоко Ристов. Ова е прв предмет за шпионажа кој ќе го разгледува скопскиот суд. Судскиот процес ќе се води според стариот закон за кривична постапка затоа што е започнат пред 1 декември кога на сила стапи новиот закон. Според новиот закон за кривична постапка, јавноста може да биде исклучена од судските расправи доколку станува збор за чување на државна, воена, службена деловна тајна, потоа поради чување на јавен ред, заштита на приватен живот на обвинет или сведок, заштита на безбедноста на жртва или сведок и заштита на интересите на малолетник.
Ќе внимавате кој дел ќе го изнесувате во јавност. Значи, не може изјавите на обвинетите и на сведоците веднаш штом излезете од судница да ги објавите.Весна Димишковска, портпаролка на Основниот суд Скопје 1.
Портпаролката на Основниот суд Скопје 1, Весна Димишкова, ги предупреди новинарите дека треба да внимаваат како известуваат за случајот затоа што со пренесувањето на изјавите на обвинетите во јавноста може да влијаат врз процесот.
„Ако се што кажуваат обвинетите ќе треба да се изнесе надвор од судницата, во тој случај нема да ги отстрануваме второобвинетиот, па се до последно обвинетиот кога првообвинетиот дава изјава. Ќе внимавате кој дел ќе го изнесувате во јавност. Значи, не може изјавите на обвинетите и на сведоците веднаш штом излезете од судница да ги објавите“, вели Димишковска.
Ако дојдете до некои податоци надвор од судницата и тие ги објавите, за тоа веќе знаете како следи и што следи постапката.Весна Димишковска, портпаролка на Основниот суд Скопје 1.