Собранието со мнозинство гласови го усвои предлогот на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, измените на законите за медиуми и аудиовизуелни услуги да се донесат по скратена постапка. Ивановски во Собранието образложи дека законите требало да се донесат по скратена постапка, бидејќи во нив се вметнати измените кои Владата ги договори со Здружението на новинари на Македонија.
„Почитувани пратеници имајќи предвид дека се работи за договорот којшто го имавме со претставниците на Здружението на новинари на Македонија, претходно кога се изгласаа законите за аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми ги доставуваме по скратена постапка амандманите кои беа договорени на таа средба. Образложението е едноставно како за претходниот закон, станува збор за она што се усогласивме со претставниците од ЗНМ, да го пресликаме во законот којшто беше донесен.“
Измените се однесуваат на изоставување на интернет порталите од законите, а печатените медиуми да имаат обврска да објавуваат импресум и сопственичка структура, како и да ги заштитат малолетните лица од порнографски содржини. Појавувањето на претседателот на
ЗНМ Насер Селмани на заедничка прес конференција со Ивановски на која го соопштија договорено, беше протолкувано како негова согласност со законите, иако сите медиумски здруженија се против нивното донесување. Селмани тогаш изјави дека бил испинуван од Владата.
„Сите овие реакции се резултат на едно спинување од Владата и недоразбирање меѓу новинарскиот еснаф. Најодговорно тврдиме дека разговори меѓу ЗНМ и Владата немаше. Ова е целиот договор: Владата прифати три забелешки, ние тоа го прифативме и ги потсетивме дека неприфаќањето на другите забелешки е многу лоши и дека тие ќе предизвикаат негативни ефекти врз работата на медиумите.“
Според него, ЗНМ и натаму смета дека законите се непотребни.
„Ние не сме дале согласност за донесување на законите, ако беше така, ако законите за медиуми зависат од нашата согласност, тие закони веројатно никогаш немаше да бидат донесени. Нашиот став е конзистентен - Закон за медиуми не треба и тука нема никаква дилема.“
За законите во наредниот период ќе расправа матичната комисија за транспорт и врски и законодавно првната комисија.
Образложението е едноставно како за претходниот закон, станува збор за она што се усогласивме со претставниците од ЗНМ, да го пресликаме во законот којшто беше донесен.Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
„Почитувани пратеници имајќи предвид дека се работи за договорот којшто го имавме со претставниците на Здружението на новинари на Македонија, претходно кога се изгласаа законите за аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми ги доставуваме по скратена постапка амандманите кои беа договорени на таа средба. Образложението е едноставно како за претходниот закон, станува збор за она што се усогласивме со претставниците од ЗНМ, да го пресликаме во законот којшто беше донесен.“
Измените се однесуваат на изоставување на интернет порталите од законите, а печатените медиуми да имаат обврска да објавуваат импресум и сопственичка структура, како и да ги заштитат малолетните лица од порнографски содржини. Појавувањето на претседателот на
Сите овие реакции се резултат на едно спинување од Владата и недоразбирање меѓу новинарскиот еснаф. Најодговорно тврдиме дека разговори меѓу ЗНМ и Владата немаше.Насер Селмани, ЗНМ.