Битолчани и жителите од околните села немаат мирен сон од кражбите кои зачестија во последните месеци. Арамиите оперираат најчесто во вечерните часови, а мета се побогати битолчани, стараци со странски пензии, иселеници... Во последниот месец, од приватни домови и штедилници крадците однеле околу 30.000 евра. Парите ги пронашле сокриени во плакари, под теписи, па дури и од куферче со прибор за јадење.
Еве неколку покрактеристични кражби. Арамии им украле 10.000 австралиски долари од куќата на семејството Зенеловски во Жабени додека тие правеле свадба во Битола.
„Ние бевме на свадба. Весели, од Австралија сме дојдени цело семејство. Најголема радост во животот е кога жениш син. Направивме церемонија голема, како во странство што ги прават свадбите, две музики ангажиравме. Кога дојде син ми дома, што да види. Ја отвори вратата, сè расфрлано, алишта извадени од фиоки, сè искршено, спалните превртени. Имавме 10.000 долари и злато, го украдоа. Парите беа во шкафот во спалната“, се пожали Манушаке Зенеловска.
Крадци во село Слепче им ја одзеле заштедата од 6.000 евра на семејството Ѓоргиевски заработена со години од продажба на јагниња.
„Тоа се случи за три саати. Син ми Александар свика дека клучот е скршен и фрлен во садот за струја. Од кај плевната ја зеле скалата и се качиле во спалната. Имавме куферче со лажици и вилушки ги чувавме парите во него. Ни оставија само пликови, пет денари да не остават. Ни одзедоа шест илјади евра, пари кои маж ми ги заработи со пот, работејќи во шумското претпријатие и продавајќи јагниња“, раскажува Вера Ѓоргиевска.
Во една од последните кражби во Битола, беа одземени 30.000 австралиски долари од под тепих во куќата на 90-годишниот Диме Дранговски, битолчанец со австралиска пензија.
„Утрото кога станав гледам столици расфрлени, сè растурено. Му реков што е ова татко, што си направил вака? Леле, свика, парите кај се? Го прашав каде му беа? Рече под тепих, 30.000 долари. Отидоа парите“, раскажува синот на ограбениот битолчанец, Љупчо Дранговски.
По аферата ТАТ и заробените двизи во поранешните југословенски банки, добар дел од печалбарите немаат доверба во банките и ги чуваат парите под перница. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и откривање дали се работи за поголема организирана група или одделчени случаи.
Кога дојде син ми дома, што да види. Ја отвори вратата, сè расфрлано, алишта извадени од фиоки, сè искршено, спалните превртени.Манушаке Зенеловска, жителка на Битола.
Еве неколку покрактеристични кражби. Арамии им украле 10.000 австралиски долари од куќата на семејството Зенеловски во Жабени додека тие правеле свадба во Битола.
„Ние бевме на свадба. Весели, од Австралија сме дојдени цело семејство. Најголема радост во животот е кога жениш син. Направивме церемонија голема, како во странство што ги прават свадбите, две музики ангажиравме. Кога дојде син ми дома, што да види. Ја отвори вратата, сè расфрлано, алишта извадени од фиоки, сè искршено, спалните превртени. Имавме 10.000 долари и злато, го украдоа. Парите беа во шкафот во спалната“, се пожали Манушаке Зенеловска.
Од кај плевната ја зеле скалата и се качиле во спалната. Имавме куферче со лажици и вилушки ги чувавме парите во него. Ни оставија само пликови.Вера Ѓоргиевска, жителка на битолското село Слепче.