Достапни линкови

Крадци на мотори ги рекетираат сопствениците


Непознати крадци крадат мотори, а потоа на сопствениците им бараат откуп за да им ги вратат. Моторџиите се сомневаат во организиран криминал и се плашат да пријават во полиција.

Откуп од околу 2 илјади евра бараат крадците на мотори од сопствениците од кои се украдени, се жали Благоја Мартиновски, уредник на веб-страната посветена на мотори motori.com.mk. За ваквата појава вели дека се известени полициските служби, но често пати поради заканите по живот, луѓето кои се сопственици на мотори што се украдени не пријавуваат во полиција. Откако ќе го украдат моторот, крадците наоѓаат близок пријател на жртвата и преку него бараат пари за откуп, притоа заканувајќи се по животот на неговото семејство, објаснува Мартиновски.
Доколку пријави му се закануваат дека мотоциклот ќе му биде или запален или однесен на Косово и дека никогаш повеќе нема да го види. Она што е проблематично е што не ги контактираат директно сопствениците туку нивни пријатели, со непознати броеви од при-пејд картички на кои не може да им се влезе во траг. Уште попроблематично е тоа што се закануваат по животот на фамилијата итн.
Благоја Мартиновски, моторџија, уредник на веб-страната посветена на мотори motori.com.mk.

„Доколку му се обратат директно на сопственикот, тој може да одлучи дали ќе ризикува моторот да му биде запален или да влезе во конфликт со крадците, но доколку ми го украдат мене моторот, а му се јават на мој пријател, јас не можам да го доведам животот на пријателот во опасност и да си играм со тоа. За жал досега ситуацијата беше таква – Луѓето на коишто им се украдени моторите собираат пари, плаќаат преку некои канали на луѓе на кои не може да им се влезе во трага и потоа им се јавуваат да им кажат каде е моторот да си го земат.“

Крадците кога ги контактираат сопствениците, тоа го прават преку телефонски картички на кои не може да им се влезе во трага.

„Доколку пријави му се закануваат дека мотоциклот ќе му биде или запален или однесен на Косово и дека никогаш повеќе нема да го види. Она што е проблематично е што не ги контактираат директно сопствениците туку нивни пријатели, со непознати броеви од при-пејд картички на кои не може да им се влезе во траг. Уште попроблематично е тоа што се закануваат по животот на фамилијата итн.“
Она што сакаме да го постигнеме е јавноста да стане свесна дека се соочуваме со проблем за кој МВР мора самоиницијативно да преземе репресивни мерки или специјални мерки за следење или барање на овие луѓе без да ги доведува во опасност луѓето на кои им се украдени моторите.
Благоја Мартиновски, моторџија, уредник на веб-страната посветена на мотори motori.com.mk.

Тој објаснува дека моторџиите се оставени во еден магичен круг од кој не можат да најдат излез, затоа што стравуваат да пријават во полиција, за свој мотор собираат пари за повторно да си го откупат од крадците, а Министерството за внатрешни работи не презема ништо самоиницијативно без пријава.

„Полицијата не тера да ги пријавиме, а ние од разбирливи причини не можеме да ги пријавиме и ова постојано си тече. Тие крадат мотори, ние собираме пари и им ги даваме и тоа нема крај“, вели Мартиновски.

Во МВР велат дека за секоја пријавена кражба полицијата излегува на терен и први записник по кој подоцна работи на расветлување на случајот. На прашањето како постапува полицијата во ситуација кога крадецот бара откуп од сопственикот за да го врати украденото, ни одговорија дека во моментот немаат информација дека се случило такво нешто и не би можеле да одговорат.

Според податоците на моторџиските друштва, во изминатава година се украдени над 140 мотори и скутери, а од почетокот на годинава досега се украдени 5 мотоцикли, иако мото сезоната сè уште не е започната. Мотори се крадат од дворови, гаражи, паркинг места и од тротоари на булеварите. Алармирајќи за ваквата ситуација, моторџиите покренаа он-лајн петиција на која досега се потпишале над 650 луѓе. Целта на петицијата е да се информираат надлежните за проблемот и да се изнајде решение.

„Она што сакаме да го постигнеме е јавноста да стане свесна дека се соочуваме со проблем за кој МВР мора самоиницијативно да преземе репресивни мерки или специјални мерки за следење или барање на овие луѓе без да ги доведува во опасност луѓето на кои им се украдени моторите“, вели Мартиновски.

Неколку клуба на моторџии апелираат до полицијата да преземе посериозни мерки за заштита од овие кражби, затоа што претпоставуваат дека се работи за организиран синџир на криминал, во кој, слично како и со луксузните автомобили, моторите се крадат, а потоа се бара и откуп.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG