Достапни линкови

Ревизорските извештаи без завршница


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.
Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Државниот завод за ревизија излезе со забелешки дека не постои целосна евиденција кој странски инвеститор како ја троши државната помош.

Не постои целосна евиденција кој странски инвеститор како ја троши државната помош, нема попис на побарувањата од економските промотери, ниту, пак, има докази за вредноста на маркетинг кампањите. Ова се само дел од забелешките со кои излезе Државниот завод за ревизија. И сега што? Нема информации дека останатите надлежни институции во минатото постапувале по наодите на ревизорите, велат антикорупционерите.
За жал, таа контрола од страна на Собранието исто така затајува, значи, во нашиот случај затајуваат сите институции за контрола односно системот за проверка и контрола воопшто не функционира.
Слаѓана Тасева од невладината Транспаренси Интернејшнал Македонија.

Слаѓана Тасева од невладината „Транспаренси Интернејшнал Македонија“ вели дека по забелешките на заводот за ревизија, треба да постапи анти-корупциска и јавното обвинителство.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси „Ван Хол“.
Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски присуствуваше на почетокот на изградбата на фабрика за автобуси „Ван Хол“.

„За жал досега немаме сознанија дека овие институции постапуваат по извештаите на Државниот завод за ревизија, тие воопшто не се транспарентни како прво, така што ние и не знаеме што тие работат и дали нешто преземаат, а, пак, од сите случаи коишто ги видовме дека влегоа во судница во изминативе година-две и повеќе наназад, ние и досега не видовме случај којшто произлегол од извештај на Државниот завод за ревизија“, вели Тасева.
Ние тука имаме малку поинертен однос, мој личен впечаток е тоа дека е поинертен односот на Јавното обвинителство и мислам дека некогаш неоправдано е пасивно во ситуација каде што постојат очигледни злоупотреби.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

Во извештаите има многу работи кои доколку добро се анализираат, може да произлезат добри истраги и добри случаи кои што треба да најдат разврска во судовите, вели Тасева, додавајќи дека потребна е и контрола од Собранието.

„За жал, таа контрола од страна на Собранието исто така затајува, значи, во нашиот случај затајуваат сите институции за контрола односно системот за проверка и контрола воопшто не функционира“, вели Тасева.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека во пракса многу организации каде се вршела ревизија ги игнорираат наодите и тоа претставува проблем за отчетно и транспарентно трошење на народните пари.

„Како може да се разреши? Дефинитивно мора да постои еден поодговорен однос на институциите коишто се должни да реагираат по ревизорските извештаи, пред сè на Јавното обвинителство. Ние тука имаме малку поинертен однос, мој личен впечаток е тоа дека е поинертен односот на Јавното обвинителство и мислам дека некогаш неоправдано е пасивно во ситуација каде што постојат очигледни злоупотреби“, вели Малиновски.

Инаку, Агенцијата за привлекување на странски инвестиции писмено реагираше на наодите на ревизорот, тврдејќи дека сè е според законите и дека трошоците на организацијата не можат да се намалат.
XS
SM
MD
LG