Дваесет и три фотографии снимени со „паметен“ телефон се претставени на изложбата „Неиспеани песни“на Ромир Имами што до 15 јануари се одржува во Продажниот ликовен салон на Културно информативниот центар во Скопје. Авторот вели дека таа е резултат на неговата инспирација од музиката и лична потреба сето тоа да го издигне на еден друг стадиум.
„Традиционално музиката се доживува преку слухот. Овде јас, на некој начин, се обидувам визуелно да направам интерпретација на песните со кои емотивно некако сум бил поврзан, но за жал поради недостигот на талент не сум можел да ги интерпретирам вокално, ниту инструментално и затоа сето тоа преку фотографија се обидов да го претставам. Сите фотографии, сите дела се исклучиво направени со мобилен телефон, со истиот тој телефонот со кој јас комуницирам со луѓето и со истиот тој апарат на кој јас ги служам тие неиспеани песни.“
Имами појаснува дека во таквиот процес има асоцијативни моменти кои понекогаш се експлицитни во самите дела, а на моменти имплицинтни, не толку нагласени, но како што вели предноста на овој тип уметност е тоа што самото дело дава можност посетителот интимно
да си го доживее.
„На самото дело има поставено код кој смарт-телефоните се во состојба да го прочитаат и да отворат една друга можност, една друга врата. Истовремено гледајќи го делото да се скенира кодот и посетителот да ја чуе истата песна од која бил инспириран авторот. “
Роден на 19 јануари 1977 година во Скопје, Ромир Имами дипломирал на Филолошки факултет на катедрата за турски и италијански јазик и книжевност. Годинава магистрира во Лугано, Швајцарија на тела од областа на употребата на новите технологии во зачувување на културното наследтво, а со уметничка дејност се занимава деценија и половина. На ликовната сцена дебитираше во 1999 година со изложбата на цртежи „Тајната градина“ ( Велес и Скопје), а актуелната „Неиспеани песни“ е неговата четврта самостојна изложба.
Уметникот знае да каже дека со фотографија поинтензивно и посвесно започнал да се занимава во 2006 година кога на подарок добил еден посолиден дигитален фотоапарат. Притоа вели дека музиката отсекогаш му била инспирација и дека за целото време тежнеел кон тоа да ги искористи новите технологии во претставување на уметноста на малку понеконвенционален начин. Едноставно, си поставил за цел да излезе од стандардните рамки кои се вообичаени во уметничкиот израз.
Во оваа насока оди и неговата годинешна заедничка постановка со сликарот Имер Бајрами во Фрибург.
„Се обидовме да ги споиме двата медиума, тој акварелот – јас фотографијата, на тој начин што една заедничка сцена, заедничка фотографија за која заеднички ја поставивме перспективата, тој делумно ја отслика, а останатиот дел од делото беа фотографии. Направивме некој вид колаж каде се спојуваат две различни енергии и две различни уметнички гледишта. “
Имами дополнува дека ваквиот концепт имаат намера и натаму да го развиваат бидејќи по првичното искуство и реакциите на посетителите ги осознале аспектите кои може да ги подобрат и сето тоа да им биде некој вид заеднички проект претежно за урбано претставување на културното наследство.
Овде јас, на некој начин, се обидувам визуелно да направам интерпретација на песните со кои емотивно некако сум бил поврзан, но за жал поради недостигот на талент не сум можел да ги интерпретирам вокално, ниту инструментално.Ромир Имами, фотограф.
„Традиционално музиката се доживува преку слухот. Овде јас, на некој начин, се обидувам визуелно да направам интерпретација на песните со кои емотивно некако сум бил поврзан, но за жал поради недостигот на талент не сум можел да ги интерпретирам вокално, ниту инструментално и затоа сето тоа преку фотографија се обидов да го претставам. Сите фотографии, сите дела се исклучиво направени со мобилен телефон, со истиот тој телефонот со кој јас комуницирам со луѓето и со истиот тој апарат на кој јас ги служам тие неиспеани песни.“
Имами појаснува дека во таквиот процес има асоцијативни моменти кои понекогаш се експлицитни во самите дела, а на моменти имплицинтни, не толку нагласени, но како што вели предноста на овој тип уметност е тоа што самото дело дава можност посетителот интимно
На самото дело има поставено код кој смарт-телефоните се во состојба да го прочитаат и да отворат една друга можност, една друга врата.Ромир Имами, фотограф.