Од aрапскиот свет до Балканот, приказната за султановиот харем и неговата романса со славјанска убавица ги плени земјите кои некогаш беа под oтоманска доминација.
Серијата е вистински феномен, вели Кулуд Абу Хомос, потпретседателка на ТВ мрежата ОСН за раскошно костимираната драма од 300 епизоди.
„Тоа е своевидна бајка, помешана романса со истрорија, но и со политичко значење“, додава таа заклучувајќи:
„Во aрапскиот свет, каде што луѓето се разочарани со политичката ситуација им нуди горда муслиманската историја и ги портретира муслиманските лидери како правични“, вели Абу Хомос.
За Мајкл Науфал, експерт за арапско-турски односи, фасцинацијата со турските серии е резултат на помирување со минатото.
„Луѓето ја откриваат добрата страна на Отоманската империја, оваа федерација, пред федерализмот, царство каде што етничките и верските заедници живеле заедно“, вели Науфал.
Приказната за Славјанката која го освои срцето на еден од најпознатите султани, за нивниот брак и синот наследник, го држи арапскиот свет маѓепсан пред телевизорите над две години. Дури и костимите од серијата сега се во мода во арапските земји.
Балканските земји, пак, кои скоро половина милениум се бореа против Отоманската империјам сега се најдоа залепени за телевизиските екрани.
Од Албанија на југот до Хрватска на северот, оваа серија е прва на топ листите. Во Црна Гора рејтинзите покажуваат дека 57 илјади луѓе или 9 насто од населението ја гледа секоја епизода.
„Стотици години под турско владеење значи дека делиме исти вредности“, вели ТВ критичарот Вук Перовиќ. Во Хрватска, „Сулејман“ држи 21 насто од популацијата, а слично е и во Србија.
Во Белград се организира и костимиран пречек на Новата Година во близина на ѕидините на Калемегдан кои не успеаа да го спасат градот од окупацијата на Сулејман.
„Серијата е популарна тема за размислување за заедничките културни традиции во регионот, но и за надминување на минатото полно со национализам, политичко насилство и војни, и конечно за смирување на балканските духови“, вели Дона Колар Панов, професор по комуникации од Македонија.
На Косово, каде што српското царство беше победено од отманскиот аскер во 1389 година, серијата им е блиска и на Албанците и на Србите.
Иако гледаат на различни телевизиски канали и титлувани на нивните јазици, љубителите на серијата ги споделуваат нивните мислења за Сулејман на интернет.
Еден весник во етнички поделената Митровица пишува:
„Осум и петанесет минути навечер. Улиците на двете страни на градот се празни. Верниците се лепат за екраните. Ти честитаме Сулејман.“
Тоа е своевидна бајка, помешана романса со истрорија, но и со политичко значење.Кулуд Абу Хомос, потпретседателка на ТВ мрежата ОСН.
Серијата е вистински феномен, вели Кулуд Абу Хомос, потпретседателка на ТВ мрежата ОСН за раскошно костимираната драма од 300 епизоди.
„Тоа е своевидна бајка, помешана романса со истрорија, но и со политичко значење“, додава таа заклучувајќи:
„Во aрапскиот свет, каде што луѓето се разочарани со политичката ситуација им нуди горда муслиманската историја и ги портретира муслиманските лидери како правични“, вели Абу Хомос.
Серијата е популарна тема за размислување за заедничките културни традиции во регионот, но и за надминување на минатото полно со национализам, политичко насилство и војни, и конечно за смирување на балканските духови.Дона Колар Панов, професор по комуникации.