Достапни линкови

Тајното оружје на Ердоган


Инсерт од серијата Шехерезад.
Инсерт од серијата Шехерезад.

Турција - со сапунски опери до влијание во регионот. Тие се гледаат во над 20 земји и и носат заработувачка на Турцијја. Според весникот Хуриет, ваквите телевизиски серии се поддршка на „меката сила“ на турската дипломатија.

Турските телевизиски серии како многу популарните „Прекрасен век“, „Забранета љубов“ и „Кога лисјата паѓаат“ ги кршат рекордите во гледаност на Блискиот Исток и во Северна Африка, носејќи и заработувачка на Турција, но и зголемена моќ во регионот преку промоцијата на турскиот животен стил, пишува весникот Хјуриет, наведувувајќи дека Турција годинава од 100 телевизиски серии што се прикажуваат во светот заработила повеќе од 60 милиони долари.
Како што порасна циркулацијата на сапунски опери надвор од земјата, учењето на турскиот јазик и култура стана многу важно во арапските и балканските земји. Ова го нарекуваме мека сила во контекст на културната индустрија.
Нилуфер Нарли, социолог.

Фират Ѓулге, претседател на Калинос Холдинг, фирма која произведува 80 насто од сериите што се прикажуваат во странство вели дека нивните производи се присутни од Јапонија и Виетнам на исток, до Централна Европа на запад.

Епизода од 500 до 15.000 долари

Ѓулген додава дека цената од епизода се движи од 500 до 15 илјади долари. Магазинот Тајм го опишува извозот на сапунските опери како тајно оружје на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Ѓумуш.
Ѓумуш.

Коментирајќи ги врските меѓу сериите и турското влијание во странство, социологот Нилуфер Нарли вели:

„Како што порасна циркулацијата на сапунски опери надвор од земјата, учењето на турскиот јазик и култура стана многу важно во арапските и балканските земји. Ова го нарекуваме мека сила во контекст на културната индустрија.“
Ниту карактерите, ниту пак содржината не им се непознати на гледачите во регионот. Тие не се чувствуваат како странци. Впрочем ние имаме блиски култури, блиска географија и блиски врски.
Кемал Узун, режисер на турски сапунски серии.

Овие серии имаат огромно влијание, вели Иџет Пинто, од Турската Глобална агенција, додавајќи дека на Балканот дури и бебињата добивале имиња според ликовите во серијата „1001 ноќ“.

„Ниту карактерите, ниту пак содржината не им се непознати на гледачите во регионот. Тие не се чувствуваат како странци. Впрочем ние имаме блиски култури, блиска географија и блиски врски“, наведува Кемал Узун еден од режисерите на ваквите серии.

Дури 78 насто од анкетираните во арапскиот свет и во Иран велат дека тие следеле некоја турска серија.

„Всушност, тие го зафатија регионот како бура, а турските телевизиски артисти станаа поп идоли“, пишува Пол Салем, наведувајќи дека сериите создаваат приклучок, разбирање и љубов за турскиот идентитет, култура и вредности во регионот.

„Како и египетските филмови и телевизија кои во претходните декади од Египет формираа истакнато културно место и турската телевизија отвори слични влезови во арапската популарна култура.“

Тоа пак, од друга страна, како што се додава во пишувањето на весникот Хјуриет, доведе во Турција голем бран туристи од арпскиот свет и од Иран.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG