Надоврзувајќи се на претходната колумна која беше посветена на врската помеѓу јавниот простор, политиката и граѓаните, втората во серијата колумни за значењето на јавниот простор во демократските општества ја анализира поврзаноста помеѓу јавниот простор, етничката припадност и симболите.
Од осамостојувањето на Република Македонија, а особено во последните неколку години, покрај веќе споменатата поларизација на јавниот простор врз основа на партиската припадност, постои и поларизација врз основа на етничката припадност. Имено, сведоци сме на интензивно опросторување на етницитетот, односно претставување на етничката припадност како категорија со просторни карактеристики. Овој процес функционира преку различни метафори и пракси. Со други зборови, постои континуиран процес на демаркирање на јавниот простор од страна на различните етникуми и утврдување на таканаречени етнички простори.
Постоењето на ваквите простори, меѓу другото, е манифестирано и во поставувањето знамиња асоцирани со една или друга етничка група, често со амбиција да се поголеми по величина и/или број од оние на другиот етницитет. Во овој поглед занимлива е и асоцијацијата на државното знаме со само една етничка заедница. Спомениците поставени на различни локации во Скопје во последните четири години сè уште една алатка во процесот на демаркирање на етничките простори. Проектот Скопје 2014, како дел од кој се поставени голем број статуи на личности од мнозински прифатената македонска историја, како и конструкцијата на плоштадот Скендербег се само два примери за тоа како статуите, и воопшто објектите, можат да се искористат за креирање на етнички простори.
Со оглед на тоа дека етничката припадност како категорија во Македонија е тесно поврзан со религија, постоењето на етничките простори може да се забележи и низ јавното користење на верски симболи. Поставувањето на грандиозни крстови на видливо место во повеќе градови низ земјата, гласното озвучување на џамиите и повикување на молитва и еднакво гласното биење на камбаните, обете често погласни од оние во земјите со етнички речиси хомогено население, се само некои од практиките низ кои се демаркираат етничките простори.
Покрај симболичните манифестации, етничките простори во одредени градови се преведени и во местата на живеење на луѓето со различни етнички припадности. Ваквите етнички мотивирани јавни простори се зачнати како резултат на одредени политички одлуки, но се репродуцирани преку секојдневната пракса на граѓаните и она што Пјер Бурдие го нарекува хабитус, системот на вредности и размислувања на одредена општествена група добиени низ секојдневните искуства и активности.
Како резултат на гореспоменатово, владеењето во Република Македонија се сведува не на владеење на(д) единствена политичка заедница, демос, туку на(д) конгломерат од етнички заедници, етнос. Под нормативна претпоставка дека стабилна иднина на мултиетничка земја со конфликтно минато е возможна кога етникумите не живеат еден до друг, туку еден со друг, неопходен е алтернативен наратив.
Во тој поглед, интересен пример е симболизмот на Срѓан Алексиќ, 27-годишен војник во војската на Република Српска кој е убиен од војници во истата војска во 1993, за време на војната во Босна и Херцеговина, при обидот да го заштити својот сосед Бошњак. Неговото дело, помеѓу другото одликувано и со именување на улици во негова чест во БиХ, Србија и Црна Гора, служи како основа за креирање на различен наратив на поранешните југословенски простори, наратив фокусиран на соживот меѓу различните националности. Во слична насока беше и априлската иницијатива на група граѓани за изградба на споменик во Скопје на 19-годишниот средношколец Мухамед Али Јашари, кој загина бранејќи го неговиот соученик Македонец од група насилници. Јавното оддавање почит на таквите дела дозволува, иако симболично, креирање на граѓански, надетнички јавен простор, основан на вредности наместо на етничка припадност.
Спомениците поставени на различни локации во Скопје во последните четири години сè уште една алатка во процесот на демаркирање на етничките простори.

Поставувањето на грандиозни крстови на видливо место во повеќе градови низ земјата, гласното озвучување на џамиите и повикување на молитва и еднакво гласното биење на камбаните, обете често погласни од оние во земјите со етнички речиси хомогено население, се само некои од практиките низ кои се демаркираат етничките простори.