Најголем дел од младите кои живеат надвор од Скопје сакаат својата иднина да ја градат надвор од Македонија, а сè помалку и главниот град им ја нуди перспективата која ја посакуваат, велат од невладините организации. Тоа го покажува и последното истражување на Реактор, според кое околу 40 проценти од младите одговориле дека за пет години се гледаат во друга држава.
Според статистика, во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово живее 40 отсто од вкупното население во земјава. Последните податоци на Светска банка, пак, покажуваат дека од земјава се иселиле 447 илјади луѓе. Неда Коруновска од Реактор вели дека стапката на преселување кон Скопје е драстично намалена и веќе за младите ни главниот град не е атрактивен.
„Бесперспективноста или двата клучни проблеми коишто ги тераат, не само младите, туку и останатото население на миграција се слабата економија и недостаток од работни места и инфраструктурните прашања, односно проблеми, канализација, водовод, патишта итн.“, вели Коруновска.
Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум вели дека е точно дека поголеми се перспективите во Скопје и дел од младите доаѓаат во главниот град. Но, и според него, последните истражувања покажуваат дека Скопје веќе не е избор на младите и тие сè повеќе се гледаат некаде во друга земја.
„Причините за иселување на младите се покомплексни, треба да се бараат во лошите можности за квалитетно образование, во недостатокот на работни места кој важи и за Скопје и во генералниот низок квалитет на живот во државата. Она што треба на сите да ни е јасно е дека спомениците, административните згради, фонтаните, црквите и џамиите како форма на вложување деновиве нема да ги задржат младите да останат во Македонија. На младите им требаат обуки, работни вештини и ангажмани, не им треба бетон“, вели Забрчанец.
Опозицијата на расправата во Собранието за буџетот за наредната година обвини дека најголем дел пари се издвојуваат за Скопје, при што се заборава на развојот на другите градови во земјата. Но во секој случај, според невладините организации, тешката социјално-економска ситуација во земјата ги тера младите од другите градови наместо во Скопје да сакаат да живеат во друга држава.
Двата клучни проблеми коишто ги тераат, не само младите, туку и останатото население на миграција се слабата економија и недостаток од работни места и инфраструктурните прашања.Неда Коруновска, НВО Реактор.
Според статистика, во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово живее 40 отсто од вкупното население во земјава. Последните податоци на Светска банка, пак, покажуваат дека од земјава се иселиле 447 илјади луѓе. Неда Коруновска од Реактор вели дека стапката на преселување кон Скопје е драстично намалена и веќе за младите ни главниот град не е атрактивен.
„Бесперспективноста или двата клучни проблеми коишто ги тераат, не само младите, туку и останатото население на миграција се слабата економија и недостаток од работни места и инфраструктурните прашања, односно проблеми, канализација, водовод, патишта итн.“, вели Коруновска.
Спомениците, административните згради, фонтаните, црквите и џамиите како форма на вложување деновиве нема да ги задржат младите да останат во Македонија.Марјан Забрчанец, МОФ.