Достапни линкови

Владата со мерки, граѓаните со маски против загадувањето


Владата со неколку препораки ќе се обиде да ги заштити граѓаните од загадувањето на воздухот со кое граѓаните се соочуваат повеќе од една недела. Граѓански активисти поставија медицински маски и налепници со порака за штетност на воздухот на неколку раскрсници низ центарот на Скопје.

Ослободување од работа на ранливите групи, како во државниот, така и во приватниот сектор, медицинските установи ќе работат во полна мобилност и подготвеност, забрана за движење на товарни возила во централните подрачја од 19 до 7 часот наутро. Градинките и училиштата да немаат часови на отворено, фирмите кои работат на отворено тоа да го прават во периодот од 11 до 17 часот, засилени еколошки контроли на фирмите, се дел од препораките и краткорочните мерки што ги усвои владата, а ќе важат само за Скопје, Кичево Битола и Тетово, кадешто воздухот е најзагаден. Препораките и мерките ќе важат до сабота.
Прес-конференција на портпалорот на Влада Александар Ѓорѓиев и министерот за животна средина Абдулаким Адеми.
Прес-конференција на портпалорот на Влада Александар Ѓорѓиев и министерот за животна средина Абдулаким Адеми.
Нивното однесување скоро цел месец, меѓутоа и она што беше во октомври и ноември е апсолутно неприфатливо за една земја којашто се стреми да биде членка на ЕУ.
Никола Писарев, граѓански активист.

Министерот за животна средина Абдулаќим Адеми и портпаролот на владата Александар Георгиев велат дека е можно в сабота да има седница на која повторно би се разгледувала состојбата со загаденоста на воздухот.

Цела недела по ред воздухот во главниот град е енормно загаден. Граѓанските активисти велат дека состојбата со воздухот е алармантна. Тие поставија медицински маски и налепници со порака за штетност на воздухот на неколку раскрсници низ центарот на Скопје. Активистите велат дека се одлучиле на ваков чекор, да ги притиснат надлежните да презедат мерки за спречување на големото загадување.

„Нивното однесување скоро цел месец, меѓутоа и она што беше во октомври и ноември е апсолутно неприфатливо за една земја којашто се стреми да биде членка на ЕУ. Тие се однесуваат како пубертетлии, кога се чекавме со девојката на автобуска, па си велевме ќе ја чекам девојката во 7, па ако не дојде до 8, ќе чекам до 9, па ќе си идам во 10. Ова е потполно исто, затоа што тие велат, поминаа 5 дена, ќе чекаме уште 10, па ќе реагираме за 15, па ако ништо не се случи, ќе видиме после 20 дена што ќе се случи“, вели Никола Писарев, граѓански активист.
Бесплатни маски против загадувањето на воздухот во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Си земав маска, но ние не водиме доволно сметка за воздухот, се увезуваат стари возила со недоволно согорување, се возат возила со по еден човек само внатре, а тоа не треба така.
Анкетиран граѓанин.
На кутиите со бесплатни медицински маски пишува „Дишењето во Скопје е штетно за вашето здравје“. Случајните минувачи поздастануваа, некои земаа маски, други велат дека не им требаат.

„Си земав маска, но ние не водиме доволно сметка за воздухот, се увезуваат стари возила со недоволно согорување, се возат возила со по еден човек само внатре, а тоа не треба така.“

„Не ни требаат маски, ние сме стари, пред умирање.“

„Со пари ли е, како е? Може ли една да земам“, велат анкетираните граѓани.

Активистите поставиле десетици пунктови, на кои дополнуваат маски, но препорачуват и граѓаните сами да се купат од аптека, затоа што не се скапи, чинат околу 5 денари, а тие што можат да си дозволат да купат повеќе, нека ги дополнат пунктовите низ градот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG