Ако музиката на ЉУБОЈНА, посебно она што тие го забележат на сè уште актуелниот албум „Брас фантазија“, со неколку збора може да се опише како радост, срцевина и сончевина, тогаш несомнено е што со толку нагласена љубопитност се очекува нивната нова средба со публиката. А, таа пак, доаѓа скоро цела една година по триумфалниот концерт на истата сцена кога скопска Универзална сала трепереше од напливот на енергијата на инструменталистите и од емотивната изведба на Вера Милошевска на бисерите од преубавата македонска беломорска песна.
Знаејќи го тоа, со концепт кој е доразработен и следствено се наметнува, ЉУБОЈНА и во случајов се подготвени да пловат на ехото на јужната ритмичност, автентичното пеење типично за градската традиција на Лерин, Воден, Меглен, Кукуш и да го чествуваат пребогатиот македонски музички јазик со шоу што доликува на уметници од нивен ранг. Да не поведат на искрено патување до себе и до нашиот транзичен бит.
„Ќе ги изведеме најубавите песни, бисерите и во денешно време најпрепознатливите. Ако може да се каже еден вид љубовна антологија во мало на егејската музика и тоа се песни што веќе добро ги знаете сите - „Мори чупи Костурчанки“, „Твојте очи Лено“, „Апсана ме кладе“ кои поодамна се на нашиот репертоар и без кои ние не правиме концерти повеќе бидејќи секогаш кога ги свириме не радува како се шират меѓу публиката и јас како пејач и го немам правото да им го откраднам тоа задоволство да ги слушаат и преслушуваат повторно и повторно“, ќе рече Милошевска во предвечерието на овој концерт.
Таа дополнува дека за оваа пригода собрале најбројна екипа околу себе – повеќе од дваесетина музичари меѓу кои се пејачката група на КУД „Илинден“ од Битола и виртуозот на труба Џамбо Агушев.
„Јас со радост ќе заиграм и ќе запеам за целата наша публика и мислам дека ќе биде пријатно на посетителите да им овозможиме едно незаборавно патување на оние кои никогаш не биле како мене во тие предели индиректно да ја почувствуваат силината и емотивноста на таа музика од егејскиот крај“, вели Милошевска.
Од друга страна, во пресрет на овој перформанс, а по барање на купувачите, издавачката куќа „Литиум“, која патем се јавува и како промотер на случувањето, отпечати и втор тираж на албумот „Брас фантазија“ што е реткост за наши прилики. Згора на тоа, оваа објава дополнета со уште две концертни снимки („Ибрахим оџа“ и „Ти реков ми рече“), насловена како „Македонски свадбарски песни“ („Macedonian wedding songs“), се најде на големиот турски дискографски пазар како издание на „Етерна“, огранок на концернот ЕМИ.
Оливер Јосифовски, кој потпиша неколку возбудливи музики за театарски проекти во Истанбул, вели дека изданието одлично се продава во Турција и дека оствариле соработка со неколку тамошни врвни инструменталисти меѓу кои и Хусни Шенлендириџи, кларинетистот на славните ТАКСИМ ТРИО (музичарите кои во незаборавно издание ги видовме на последното издание на Оф-фест).
„Во тек се преговорите околу серијата концерти во Истанбул и во некои од поголемите турски градови, а ЉУБОЈНА за 2014 планира и една сериозна турнеја во регионот и во неколку европски земји. Не е исклучено да се случи и едно поголемо патување во Австралија, Америка“, вели Јосифовски.
Ќе ги изведеме најубавите песни, бисерите и во денешно време најпрепознатливите. Ако може да се каже еден вид љубовна антологија во мало на егејската музика.Вера Милошевск, Љубојна.
Знаејќи го тоа, со концепт кој е доразработен и следствено се наметнува, ЉУБОЈНА и во случајов се подготвени да пловат на ехото на јужната ритмичност, автентичното пеење типично за градската традиција на Лерин, Воден, Меглен, Кукуш и да го чествуваат пребогатиот македонски музички јазик со шоу што доликува на уметници од нивен ранг. Да не поведат на искрено патување до себе и до нашиот транзичен бит.
Јас со радост ќе заиграм и ќе запеам за целата наша публика и мислам дека ќе биде пријатно на посетителите да им овозможиме едно незаборавно патување.Вера Милошевск, Љубојна.