Осумдесеттина дела од четириесетина главно млади автори од земјите од регионот, како Ана Кинчиќ, Анке Клајн, Далија Финек, Дејан Мачуков, Ертунч Сали... кои годинава работеа под менторство на професорот Звонко Тилиќ, ќе бидат претставени на изложбата Графичко триенале што од 21 до 29 ноември се одржува во Музеј на град Скопје. Постановката како организатор ја потпишува Графичката работилница „Софија“ од Богданци, за која Владимир Величковски, во каталогот ќе забележи дека со своето делување „претставува светла точка на мапата на графичката уметност и ликовната култура не само во Република Македонија туку и на еден поширок простор“.
„Секоја ликовна академија од Балканот си испраќа по двајца учесници на работилницата и приближно секоја година имаме по 16 учесници, а ако на нив им се додадат и македонските автори кои посетуваат додека трае процесот на работа, за три години се собираат некаде околу 40-на графичари“, истакнува Софија Семенпеева.
Таа дополнува дека нивната компанија е препознатлива како голем поддржувач на културата во земјава и дека можеби најдобар доказ за тоа е шестгодишното постоење на меѓународната графичка работилница од која се произлезени голем број на квалитетни дела на творци од целиот регион. А, сево ова е плод на одличните услови и
квалитетната опрема која им е на располагање на уметниците за создавање на графички дела од сите техники.
„Графиката е гранка од уметноста која што безмалку да е заборавена во Македонија и луѓето се помалку имаат информации што всушност значи тоа. Сосема е поразличен пристапот отколку во сликарството. Нам со работилницата ни беше целта да го запознаеме обичниот граѓанин што значи графиката како дел од уметноста за таа да не биде занемарена и заборавена.“
Основањето на Графичката работилница „Софија“ во Богданци е поттикнато од неколку основни предуслови и мотиви. Драги Семенпеев -Цапе, сопственик на истоимената печатница, е академски графичар, како и ќерката Софија и синот Виктор. Од таму, љубовта кон графиката, како и успешноста на нивниот семеен бизнис, се суштествените фактори за создавање оптимални услови за делувањето на оваа работилница. Сознанието,пак, дека македонската графика е во криза, само ја зацврстило нивната заложба, а времето покажало дека тие со овој чин најдиректно влијаеле на културните случувања на југот од земјава.
„Во периодот кога се одржува работилницата, тие десет дена на крајот на август и почетокот на септември, Богданци живее во духот на уметноста и полека, полека се трудиме градот да стане бастион на графиката, на музиката, на културата ...на творештво воопшто. “
Инаку, од досегашното делување и остварена соработка со графичари од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија и секако од Македонија, во трајната збирка на работилницата се наоѓаат над 400 дела, а по постановките во Богданци и сега во Скопје, изложбата која што е подржана од Министерството за култура е планирано да ја видат љубителите на ликовната уметност во уште неколку градови во Република Македонија.
Графиката е гранка од уметноста која што безмалку да е заборавена во Македонија и луѓето се помалку имаат информации што всушност значи тоа.Софија Семенпеева.
„Секоја ликовна академија од Балканот си испраќа по двајца учесници на работилницата и приближно секоја година имаме по 16 учесници, а ако на нив им се додадат и македонските автори кои посетуваат додека трае процесот на работа, за три години се собираат некаде околу 40-на графичари“, истакнува Софија Семенпеева.
Таа дополнува дека нивната компанија е препознатлива како голем поддржувач на културата во земјава и дека можеби најдобар доказ за тоа е шестгодишното постоење на меѓународната графичка работилница од која се произлезени голем број на квалитетни дела на творци од целиот регион. А, сево ова е плод на одличните услови и
Во периодот кога се одржува работилницата, тие десет дена на крајот на август и почетокот на септември, Богданци живее во духот на уметноста.Драги Семенпеев -Цапе.