Две години трае процедурата за вадење на бугарски пасош за македонски државјани, велат посредувачите кои за услугата наплаќаат од 180 до 250 евра. Според огласите на интернет, посредувачите ја завршуваат целата постапка за клиентите, како собирање на потребната документација, пополнување формулари, нотари и сл. Неофицијално досега над 100 илјади Македонци имаат бугарски пасош.
Во потрага по подобар живот бугарски пасош се решил да извади и еден триесетгодишен млад човек од внатрешноста на Македонија, кој сакаше да остане анонимен. Тој во моментов заедно со неговата сопруга живее во Германија и работи како градежен работник.
„Некаде пред 7 години го имам земено бугарскиот пасош. Го зедов поради тоа што во нашата земја нема што да се работи. Видов дека со бугарскиот пасош може да се оди во европските земји и дека може да се работи таму, така што сега моментално сум во Германија. Тука е подобро, има работа и подобра заработка отколку во нашата земја, каде што и да работиш, не можеш ништо да заработиш, просто кажано“, вели нашиот соговорник.
Социологот Илија Ацевски вели дека бесперспективноста е главната причина поради која луѓето се решаваат да ја напуштат Македонија.
„Кога станува збор за едно отворено општество, кога се достапни сите информации, кога се нуди сега условно кажано еден пазар на труд којшто е отворен, ајде да речам, за целиот свет, значи, клучот е наједноставно во тоа што перспективите за создавање претпоставки за еден нормален живот во Македонија се многу мали. Тоа го покажуваат и самите статистички податоците коишто говорат дека пазарот е заситен со висококвалификувани, високообразовани кадри, дека веќе за некои професии денес може да се чека и по десетина години некоја шанса луѓето да се работат“, вели Ацески.
Триесетгодишниот Македонец вели дека иако е тешко во Германија и има голема конкуренција и не се ценат многу работниците со бугарски пасош, сега засега не планира да се врати во земјава.
„Нормално размислувам за по неколку години. Ако се подобри ситуацијата во Македонија може да размислувам за враќање назад, ама сега моментално не, тука е подобро, има работа, тоа е“, вели во телефонски разговор нашиот соговорник кој сега работи во Германија.
Во медиумите има информации и дека голем број Албанци од Македонија сакаат да земат албанско државјанство, бидејќи земјата е членка на НАТО и е на пат да влезе и во ЕУ, а на тоа предупреди и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според податоците на Светска банка од Македонија се иселиле околу 447 илјади лица.
Видов дека со бугарскиот пасош може да се оди во европските земји и дека може да се работи таму, така што сега моментално сум во Германија. Тука е подобро, има работа и подобра заработка отколку во нашата земја, каде што и да работиш, не можеш ништо да заработиш.Македонец кој со бугарски пасош работи во Германија.
Во потрага по подобар живот бугарски пасош се решил да извади и еден триесетгодишен млад човек од внатрешноста на Македонија, кој сакаше да остане анонимен. Тој во моментов заедно со неговата сопруга живее во Германија и работи како градежен работник.
„Некаде пред 7 години го имам земено бугарскиот пасош. Го зедов поради тоа што во нашата земја нема што да се работи. Видов дека со бугарскиот пасош може да се оди во европските земји и дека може да се работи таму, така што сега моментално сум во Германија. Тука е подобро, има работа и подобра заработка отколку во нашата земја, каде што и да работиш, не можеш ништо да заработиш, просто кажано“, вели нашиот соговорник.
Перспективите за создавање претпоставки за еден нормален живот во Македонија се многу мали.Илија Ацески, социолог.