Достапни линкови

Името, ЕУ и новинарските протести


Евроамбасадорот Аиво Орав му го предаде извештајот на ЕК на премиерот Никола Груевски.
Евроамбасадорот Аиво Орав му го предаде извештајот на ЕК на премиерот Никола Груевски.

Хајд паркот со прашањето- компромис за името за влез во ЕУ и видео материјал со наслов „Со специјалци против мирен протест“, се најкоментирани содржини на нашата интернет страница.

Хајд паркот на нашето Радио, овој пат, со прашањето компромис за името за влез во ЕУ, дефинитивно ги урива рекордите на оваа наша рубрика. Ако и новинарот што го прави прегледот ви кажува дека е сложено да ги пренесе сите 28 коментари, поради нивната обемност и должина, тогаш можете да сфатите.
Не треба да се прави компромис за влез во Унијата затоа што членството автоматски нема да ја подобри ситуацијата кај нас.
Коментар на читател.

Значи, МКД, Пиле, Миле од Охрид, Незабеган од Скопје, Перо исто така од Скопје, Владимир... ги кажуваат своите мислења во полемика што богами во последно време ретко каде се среќава по другите медиуми. Дел од неа пренесовме и минатиот понеделник, но полемиката продолжува: МКД смета дека не треба да се прави компромис за влез во Унијата затоа што членството автоматски нема да ја подобри ситуацијата кај нас, па признава дека во државава има партизирана администрација, корупција, криминал.

Коста од Велес вели дека на Македонија ѝ требаат стандарди и дека само ставањето во „јарем“,(во наводници) ќе нẻ доведе во ред.

Пиле ги набројува лошите потези на Груевски, како на пример, поклонувањето пред споменикот на Гоце Делчев со карта на голема Македонија и смета дека со тоа ја поттикнал Грција на непопустливост во преговорите.
Хајд Парк - Името или ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Во оваа земја нема веќе место за нормални луѓе, силата на простаците што се на власт успева да го потисне секој квалитет.
Коментар на читател.
Владимир е остар, па напишал дека нам ни треба Евро-Азиска унија, а не, како што вели, шовинистичка ЕУ. И така по ред...

Инаку, нашиот видео материјал со наслов:„Со специјалци против мирен протест“ исто така предизвикува полемика и дебата на нашата веб-страница.

Том од Скопје напишал дека во оваа земја „нема веќе место за нормални луѓе; силата на простаците што се на власт успева да го потисне секој квалитет“. Димитар прашува зошто „таа ххх му пцуе мајка на полицаецот? Тој можеби во 2001 стоел на браникот на државата“, а на Васил, кој се чини бил на протестот ептен му се згадиле некои новинари. „Штета што оваа фела е заложник на 10-15 луѓе кои зборот новинар го користат за да се скријат дека се партиски лобисти“, смета Васил.

Перо вели дека вакви слики сме гледале од поодамна од некои земји каде што владее диктатура и дека се срами што е Македонец, а Владо му препорачува да се декларира како Бугарин или Грк. Перо му одговара на Владо дека поради такви како него се срами што е Македонец, зашто пасошите на други држави ги земаат таканаречените патриоти и оти има примери во првите редови на владејачката партија. Александар се прашува „Кај се видело специјалци да штитат власт од новинари??? И дали утре истите новинари ќе земаат изјави од власта преку истите специјалци?“
Со специјалци против мирен протест
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG