Шокирачки беа снимките по телевизиите, во средата, како до заби опремените полициски специјалци се кошкаат со новинарите и граѓаните собрани за да го изразат својот протест против пресудата за новинарот Кежаровски за текст објавен пред 5 години!
Дневниот Капитал забележува дека „Полициски сили многу помногуројни и поопремени од потребното ги спречија новинарите собрани на мирен јавен протест... да стигнат пред не случајно одбраната крајна точка на денот кога Македонија го празнуваше денот на Внатрешната револуционерна организација“.
Дневник наслови: „Полицијата не ги пушти новинарите пред Музејот на ВМРО“, а Утрински под фотографијата пишува дека „Протестот се одржа во напрегната атмосфера поради револтот на новинарите од одбивањето на полицијата да ги пушти поблиску до зградата на Музејот“. Вечер, во рамките на својата уредувачка политика: „СДСМ по кој знае кој пат се обиде да исценира конфликт“.
Инаку, ден пред средата, Нова Македонија напиша: „Судот ја стави зад решетки слободата на изразувањето“, а Утрински ја објави
реакцијата на меѓународните Репортери без граници: „Пресудата покажува дека има влошување на медиумската клима во Македонија“.
Се појави нова практика, судови, музеи и театри да водат дијалог со новинарите и со опозициските партии преку соопштенија: „Судот држи лекции за правно однесување на новинарите“ - Утрински, „Музејот на македонската револуционерна борба не сака пред новата зграда да се одржуваат протести“, Дневник, и Македонскиот народен театар не сака опозицијата да организира прес-конференции пред новиот објект“, исто така наслови Дневник. Истиот весник објави дека „Министерството за култура поднесе пријава за навреда и клевета против Шилегов“ како и: „Јанкулоска ќе бара милион денари отштета од Шилегов“. Шилегов инаку е портпарол на опозиционата СДСМ.
Печатените медиуми го цитираат Радио Слободна Европа и интервјуто на лидерот на СДСМ, Заев, дека „за партијата е неприфатливо ни горна ни северна“ како додавка на името. Пред новата средба на Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис, Нова Македонија го цитира заменик-шефот на грчката дипломатија Куркулас дека „Грција предложи компромис чесен за двете страни“. Вечер оди со наслов: „Груевски со Филе, Нимиц со преговарачите - Името на маса и во Брисел и во Њујорк“. Дневник објави една оптимистичка вест: „Кандидат за советник на Солун нė нарече Македонци“ на што бурно реагирале грчките социјални мрежи и информативни портали.
Протестот се одржа во напрегната атмосфера поради револтот на новинарите од одбивањето на полицијата да ги пушти поблиску до зградата на Музејот.Утрински весник.
Дневниот Капитал забележува дека „Полициски сили многу помногуројни и поопремени од потребното ги спречија новинарите собрани на мирен јавен протест... да стигнат пред не случајно одбраната крајна точка на денот кога Македонија го празнуваше денот на Внатрешната револуционерна организација“.
Дневник наслови: „Полицијата не ги пушти новинарите пред Музејот на ВМРО“, а Утрински под фотографијата пишува дека „Протестот се одржа во напрегната атмосфера поради револтот на новинарите од одбивањето на полицијата да ги пушти поблиску до зградата на Музејот“. Вечер, во рамките на својата уредувачка политика: „СДСМ по кој знае кој пат се обиде да исценира конфликт“.
Инаку, ден пред средата, Нова Македонија напиша: „Судот ја стави зад решетки слободата на изразувањето“, а Утрински ја објави
Музејот на македонската револуционерна борба не сака пред новата зграда да се одржуваат протести.Дневник.