Во полн ек е есенската сеидба во Пелагониско, а земјоделците се уште не го продале житото од годинешниот род. По нивни проценки најмалаку уште 30 проценти од бербата лежи по амбарите и магацините. Фармерите се жалат дека откупната цена на житото е ниска и одвај достигнува 10 денари, а на домашниот пазар има голема конкуренција заради увозот на српската пченица и брашно. Во вакви услови со родот го хранат добитокот, а житото есенва го садат заради плодоред.
„Од житото не се заработува, дефинитивно, тоа е докажано десет години наназад. Заради плодоред се сее, а не дека се заработува. За еден хектар да обработиш ти треба 50 литри нафта, уште 20 литри за да одиш на нива, да контролираш. Ти требаат десет вреќи ѓубре, билки за прскање, семе за сеидба, а ќе собериш по 2,5 тони од хектар, велат 5 тони, ама тоа кај нас е ретко треба сите временски фактори да се погодат. Кога ќе пресметаш си во загуба 20.000 денари на хектар. Годинава житото стои по магацините, тие што имаат стока го трошат за стоката, а другото не е откупено и стои“, вели Горан Смилевски, земјоделец од село Олевени.
Вера Пармаковска од истото село, додава:
„На оваа цена не одговара житото да се продава. Ние на 10,5 денари за килограм продадовме еден тон пченица само за да го исплатите комбајнот што ни го береше житото. Инаку останатиот род го мелиме и им ја даваме на кравите.“
Наспроти ваквите тврдења од Министерството за земјоделство минатиот месец пред да ја укинат забраната за слободен увоз на брашно, најавија дека најголемиот дел од домашниот род е откупен. Иако договорената цена меѓу мелничарите, Владата и земјоделците беше 14 денари, житото се откупуваше поевтино.
Оваа есен во Пелагониско се очекува да бидат засеани 23.000 хектари со есенски култури. Од нив, најголем дел, поточно 17.000 хектари со пченица, а 6.000 хектари со јачмен.
Кога ќе пресметаш си во загуба 20.000 денари на хектар. Годинава житото стои по магацините, тие што имаат стока го трошат за стоката, а другото не е откупено и стои.Горан Смилевски, земјоделец од село Олевени.
„Од житото не се заработува, дефинитивно, тоа е докажано десет години наназад. Заради плодоред се сее, а не дека се заработува. За еден хектар да обработиш ти треба 50 литри нафта, уште 20 литри за да одиш на нива, да контролираш. Ти требаат десет вреќи ѓубре, билки за прскање, семе за сеидба, а ќе собериш по 2,5 тони од хектар, велат 5 тони, ама тоа кај нас е ретко треба сите временски фактори да се погодат. Кога ќе пресметаш си во загуба 20.000 денари на хектар. Годинава житото стои по магацините, тие што имаат стока го трошат за стоката, а другото не е откупено и стои“, вели Горан Смилевски, земјоделец од село Олевени.
Вера Пармаковска од истото село, додава:
На оваа цена не одговара житото да се продава. Ние на 10,5 денари за килограм продадовме еден тон пченица само за да го исплатите комбајнот што ни го береше житото. Инаку останатиот род го мелиме и им ја даваме на кравите.Вера Пармаковска, земјоделец од село Олевени.