Во областа на здравствената заштита во Дебар последните години голем придонес дава Фондацијата „Флорина Марке – Руси“ која е основана во САД, а тука има специјализирана ординација за откривање на рак на дојката кај жените. Семејството на Туран Руси од Дебар кое е иселено од својот роден крај пред 4 децении, е познато по своите бизнис активности во САД, но и по бројните хуманитарни дела.
„Во САД се иселивме цело семејство во 1969 година. По девет години работа основавме сопствена компанија. Денес имаме 10 компании во кои работат над 1.200 работници. Поголемиот број се Албанци, но има и Македонци и работници од други народи од нашиот регион. Јасно дека имаме и голем број Американци“, истакнува Туран Руси.
Тој додава дека инвестирањето во сферата на здравството е многу битно за неговата фондација. Тој не го крие задоволството од успесите на специјализираната ординација во Дебар која е опремена со современа опрема, а сите активности ги реализира бесплатно.
„На 32 години старост почина од рак на дојка мојата ќерка. Одлучивме како семејство да основаме една Фондација која токму ќе се посвети на раното откривање на ракот на дојката, посебно кај жените кои немаат можност од материјални причини да посветуваат поголемо внимание на здравјето, односно на контролите на дојките. Ние сме многу задоволни од досегашната наша работа и досега во ординацијата која има стручни специјализирани лекари да откриеме кај 45 жени рок на дојка. Контролите се бесплатни и овде доаѓаат на контрола не само жени од Дебар и околината туку има и жени од Скопје, Тетово, Гостивар и други градови на Македонија. Исто така имаме и пациенти од Косово, Албанија. За овие десет години работа, ние материјално помогнавме жени да се упатуваат на лекување во Клиниките.“
Според асоцијациите на иселениците од Дебар во Њујорк, во САД денес живеат над 14 илјади дебарчани, исто толку колку што нивниот број е денес во градот Дебар. Иселувањето на дебарчани во САД започнало уште во 1920-та година, но процесот не запира ниту денес.
Во САД се иселивме цело семејство во 1969 година. По девет години работа основавме сопствена компанија. Денес имаме 10 компании во кои работат над 1.200 работници. Поголемиот број се Албанци, но има и Македонци и работници од други народи од нашиот регион. Јасно дека имаме и голем број Американци.Туран Руси, иселеник.