Достапни линкови

Дебар и француската општина Иф со заеднички проекти


Градоначалниците на општините Дебар од Македонија и Иф од Франција, Аргетим Фида и Жан Пол Гошар во Дебар.
Градоначалниците на општините Дебар од Македонија и Иф од Франција, Аргетим Фида и Жан Пол Гошар во Дебар.

Двете општини соработуваат во три области - размена на млади со граѓанските организации, културата и во областа на одржливиот развој.

Општина Дебар и општината Иф од областа Долна Нормандија во Франција последниве месеци во рамките на Меморандумот за соработка имаат реализирано повеќе проекти кои се финансирани од европските ИПА програми. Двете општини оценуваат дека размената на искуства во повеќе сфери и заедничките проекти се битни за меѓусебното запознавање во разни области од животот. Населението кое живее во двете општини има што да покаже еден на друг, вели градоначалникот на француската општина Иф, Жан Пол Гошар.
Моментално ние реализираме една интензивна соработка во три области. Првата област е размената на млади со граѓанските организации, потоа имаме соработка во сферата на културата, како и соработка во областа на одржливиот развој. Во трите сфери се реализирани повеќе проекти. Имавме размена на искуства на невладините организации, потоа посети на вработени во локалната администрација и на членови на Советот на општините.
Аргетим Фида, градоначалник на Дебар.

„Ние разменуваме многу искуства и ги применуваме добрите искуства во нашите општини. Има некои активности кои се добри во Дебар и како такви ги прифаќаме во нашиот град во Франција, како што се Форумите во заедницата со кои се одлучува во Дебар. Но има и искуства кои Дебар ги добива од кај нас. Сето тоа се реализира со проекти кои ги реализираме заедно.“

Според Гошар, соработката со Дебар е мошне добра и е прифатена во неговата општина во Франција.

Градоначалникот на Дебар Аргетим Фида истакнува дека досега се реализирани сите зацртани заеднички проекти на соработка. Ефектите се видливи и во двете општини.

„Моментално ние реализираме една интензивна соработка во три области. Првата област е размената на млади со граѓанските организации, потоа имаме соработка во сферата на културата, како и соработка во областа на одржливиот развој. Во трите сфери се реализирани повеќе проекти. Имавме размена на искуства на невладините организации, потоа посети на вработени во локалната администрација и на членови на Советот на општините.“

Дебарскиот градоначалник Аргетим Фида најави проекти во наредниот период во сферата на животната средина.

Екологијата е битна сфера на соработка, оценија градоначалниците на двете општини на средбата во Дебар која се одржа деновиве.

Деновиве во рамките на културната соработка, градскиот театар од Иф, на фестивалот „Албанскиот театар во Македонија“ кој се одржува во Дебар се претстави на фестивалот и остави силен впечаток кај љубителите на театарот.

Инаку општина Дебар има потпишано Меморандум за соработка со општина Стејтен Ајланд од Њујорк во САД, каде има голем број на иселеници од Дебар, како и со општини од Бугарија, Турција и Косово.

Локалните институции оценуваат дека соработката со општините од странство дава добри ефекти за развојот на локалната самоуправа.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG