Еднаш веќе одложена од објективни причини, кумановските советници од коалицијата на СДСМ, ја одложија и последната седница на Советот во знак на револт поради апсењето на Мирослав Шиповиќ, иако на дневниот ред вторпат биле советнички прашања.
Александар Арсиќ, координатор на СДСМ, пред советниците образложи дека целта со напуштањето на седницата им е искажување револт поради одредената мерка притвор на претседателот на Советот на Општина Центар од Скопје, Мирослав Шиповиќ, донесена од Основниот суд Скопје 1 од Скопје.
„Со оваа наша постапка сакаме да испратиме една силна порака до Јавното обвинителство и до МВР дека сите граѓани имаат право на обезбедување на фер и правична судска постапка. Сметаме дека со ваквата брза одлука на судот се прекршени Уставот и законите на Македонија, каде што не се почитува презумпцијата на невиност. За жал во нашата демократска држава притворот стана пракса, а судбината на обичниот човек безвредна. Многу пресуди за притвор беа изречени, но многу од нив паднаа во вода, но останаа големите дамки на луѓето што го преживеаја тоа“, рече Арсиќ и додаде дека се бара правичност, правда и почитување на законите за секој граѓанин на Македонија, без оглед на неговата политичка, верска или национална определба.
Тој побара од институциите на системот да се издигнат над политиките на власта и со своето работење да покажат дека државата се грижи за сите граѓани подеднакво, овозможувајќи им слобода на одбрана, слобода на изјаснување и слобода на говор.
Драган Петковски од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за ова искоментира:
„Колку што знам, мандат на градоначалникот му имаат дадено граѓаните“, рече Петковски.
„Градоначалникот е градоначалник на сите граѓани на Куманово, не е само на СДСМ. Со неговото изјаснување и прв да ја напушти седницата не ми се допаѓа, инаку можеби имаат право, можеби и не“, вели Драги Караџински од ГРОМ.
Според советникот Ридван Асани од ДУИ, коалиционен партнер на СДСМ во Куманово, вели дека работата помеѓу државно и локално ниво е поделена.
„Одлуката на друга партија е да бојкотира, ние не напуштивме, туку поради отсуство на градоначалникот и претседателот на Советот не може да се одржи седницата“, рече Асани.
Инаку, кумановскиот општински Совет работи во несоодветна просторија во зградата на поранешниот Комитет, во која на претставниците на медиумите не им се обезбедени услови. И покрај тоа што Арсиќ од СДСМ пред напуштање на седницата им заблагодари на новинарите и рече:
„Вие сте главните носители на вестите и зракот на сонцето на вистината“, рече тој и покрај тоа што тие секогаш се седнати зад грбот на советниците, немаат слушалки за следење на дискусиите на припадниците од другите етнички заедници, а по потреба ги преместуваат од едно на друго место.
Со оваа наша постапка сакаме да испратиме една силна порака до Јавното обвинителство и до МВР дека сите граѓани имаат право на обезбедување на фер и правична судска постапка. Сметаме дека со ваквата брза одлука на судот се прекршени Уставот и законите на Македонија, каде што не се почитува презумпцијата на невиност. За жал во нашата демократска држава притворот стана пракса, а судбината на обичниот човек безвредна. Многу пресуди за притвор беа изречени, но многу од нив паднаа во вода, но останаа големите дамки на луѓето што го преживеаја тоа.Александар Арсиќ, координатор на СДСМ во Советот на Општина Куманово.
Александар Арсиќ, координатор на СДСМ, пред советниците образложи дека целта со напуштањето на седницата им е искажување револт поради одредената мерка притвор на претседателот на Советот на Општина Центар од Скопје, Мирослав Шиповиќ, донесена од Основниот суд Скопје 1 од Скопје.
„Со оваа наша постапка сакаме да испратиме една силна порака до Јавното обвинителство и до МВР дека сите граѓани имаат право на обезбедување на фер и правична судска постапка. Сметаме дека со ваквата брза одлука на судот се прекршени Уставот и законите на Македонија, каде што не се почитува презумпцијата на невиност. За жал во нашата демократска држава притворот стана пракса, а судбината на обичниот човек безвредна. Многу пресуди за притвор беа изречени, но многу од нив паднаа во вода, но останаа големите дамки на луѓето што го преживеаја тоа“, рече Арсиќ и додаде дека се бара правичност, правда и почитување на законите за секој граѓанин на Македонија, без оглед на неговата политичка, верска или национална определба.
Градоначалникот е градоначалник на сите граѓани на Куманово, не е само на СДСМ. Со неговото изјаснување и прв да ја напушти седницата не ми се допаѓа, инаку можеби имаат право, можеби и не.Драги Караџински, советник од ГРОМ во Советот на Општина Куманово.