Достапни линкови

Не само кои сме, ами и какви сме: пописни прашања во сенка


Елена Б. Ставревска, докторанд на политички науки и истражувач во областа на мировни студии.
Елена Б. Ставревска, докторанд на политички науки и истражувач во областа на мировни студии.

Пописот, освен што нуди податоци за моменталната состојба на населението и домаќинствата, индиректно може да понуди и увид во потребите и нееднаквоста на населението. Со тоа, јасни и прецизни податоци и индикатори се во коренот на било каква анализа за проблемите со кои се соочува населението, а со тоа и на решенијата на истите, пишува Елена Б. Ставревска, докторанд на политички науки и истражувач во областа на мировни студии во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Деновиве во Босна и Херцеговина се спроведува првиот попис од 1991 година. Овој попис привлекува особено внимание затоа што е и прв попис по завршувањето на војната (1992-1995), која без сомнение од темел ги смени демографските параметри на земјата, со многу загубени животи, но и многу луѓе кои беа принудени да ги напуштат своите домови и да се преселат или во други делови од државата, или вон државата. Фокусот, можеби неизбежно, е околу прашањата на идентитетот, исцртување на нова етничка мапа, пребројувања по категории религија, јазик и етницитет.
Во земји како Македонија, која е истовремено од една страна емиграциона земја и од друга страна земја во транзиција, што се важни фактори кои влијаат на демографијата на популацијата, редовното спроведување на попис е неопходно.

Можеби индикативно за етнички хетегорени општества во регионот, БиХ и Македонија се единствените земји на Балканот што не спроведоа попис во 2011 година. И додека во Босна не постоеше политичка волја и интерес да се договорат клучните прашања околу пописот, во Македонија пописот започна, но беше прекинат наводно поради методолошки недоследности. Последниот попис на територијата на Република Македонија се спроведе во 2002 година. Според Обединетите нации, спроведување на попис се препорачува најмалку на секои 10 години. Во земји како Македонија, која е истовремено од една страна емиграциона земја и од друга страна земја во транзиција, што се важни фактори кои влијаат на демографијата на популацијата, редовното спроведување на попис е неопходно.

Јавната дискусија во земјата поврзана со пописот е фокусирана на две прашања, занемарувајќи ги аспектите на пописот кои се од круцијана важност за стратешкиот развој на земјата. Едното е прашањето на етничко пребројување, а другото прашањето на пребројување на гласачкото тело и пречистување на гласачкиот список. Обете се, секако, разбирливи. Првото станува особено важно во поглед на областите поврзани со Рамковниот договор. Но, општо гледано, пописот овозможува пребројување на категории на луѓе врз основа на што се бараат различни колективни права, првенствено поврзани со идентитетски прашања, или се поставува основата за формирање на одредена покохерентна заедница. Второто, од друга страна, овозможува непречено спроведување на демократски валидни избори.

Застарени податоци во земја со рапидно променлива демографија водат до креирање и спроведување на несоодветни развојни политики и стратегии. Ова обично се одразува во образовните и социјалните политики. За илустрација, немањето увид во точниот број на неписмено население, како и целосна и јасна слика за различните степени на образование на популацијата, во корен го поткопува спроведувањето на одредени кампањи на промовирање на образованието или пак на тренинзи за одредени животни вештини во конкретни делови од земјата.
Иако овие прашања се од голема важност, ваквата дискусија засенува неколку подеднакво значајни прашања, што се клучни за долгорочната стратешка определба на секоја земја. Имено, застарени податоци во земја со рапидно променлива демографија водат до креирање и спроведување на несоодветни развојни политики и стратегии. Ова обично се одразува во образовните и социјалните политики. За илустрација, немањето увид во точниот број на неписмено население, како и целосна и јасна слика за различните степени на образование на популацијата, во корен го поткопува спроведувањето на одредени кампањи на промовирање на образованието или пак на тренинзи за одредени животни вештини во конкретни делови од земјата. Истото се однесува и на политики поврзани со полова рамноправност, промени во наталитетот, итн. Пописот, освен што нуди податоци за моменталната состојба на населението и домаќинствата, индиректно може да понуди и увид во потребите и нееднаквоста на населението. Со тоа, јасни и прецизни податоци и индикатори се во коренот на било каква анализа за проблемите со кои се соочува населението, а со тоа и на решенијата на истите.

Истовремено, пописните резултати би понудиле одговор на цела низа прашања поврзани со макро-економската состојба на земјата. Во услови на застарени податоци, меѓу другото, тешко е да се одреди еден од клучните податоци, точниот бруто домашен производ по глава на жител. Со тоа, тешко е и да се изврши соодветна споредба на земјата не само низ различните историски периоди, но и во однос на други земји од регионот, па и пошироко, што меѓу другото е во сржта на промоцијата на земјата како конкурентна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Еднакво важно, пописот би дал и појасна слика за невработеноста и економски ранливите групи. Би понудил одговор на прашањето не само за бројноста, туку и за можни подетални карактеристики, што би требало да даде основа на подолготрајни стратегии за сузбивање на невработеноста.

Настрана од дневно-политичките аспекти на пописот, ова се прашања од круцијално значење за креирање стратегии за долготрајниот развој на земјата. Со други зборови, без оглед на големината на едно дрво, не треба да ја занемариме шумата што се надзира зад него.
XS
SM
MD
LG