Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека предложениот закон од опозицијата воопшто не се разликува од постоечкиот, па според тоа нема оправданост за нов попис.
„За овој период, ниту нешто се променило, за да може реално да се одржи попис, поготово што многу работи во пописната комисија не се се уште искристализирани, расчистени, се уште има различни толкувања“, изјави Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Демократската Унија за интеграции велат дека предлогот на СДСМ не е соодветен, пред се поради политичката клима која се создаде веднаш по неуспехот на пописот. Напорите на опозицијата не се функционални, туку се од дневно-политички аспект, изјави Талат Џафери од ДУИ.
„Идниот попис бара по опсежен подготвителен период кој ќе ги надмине сите дилеми околу законот, околу пописот во 2011-та година, и од тој контекст не е соодветно време во април.“
За Демократската партија на Албанците, пописот е од исклучителна важност. Но и според оваа партија, проблемот е тоа што предложениот закон не нуди ништо ново. Ваков каков што е ќе донесе нереални бројки, а со тоа и неуспех на целиот процес, велат од оваа партија
„Минатата година ние дадовме десет наши барања што требаше да се вметнат во законот за попис. Ваков каков што е пак ќе доведе до неуспехна пописот“, изјави Зијадин Сеља од ДПА.
Од пратеничката група на СДСМ, која бара донесување на нов закон за попис и одржување на истиот во април, не добивме коментар околу оправданоста на нивниот предлог. Неодамна потпретседателката на СДСМ, Ана Павлова Данева изјави:
„Што се случуваше на пописот во 2011-та? Зошто е тој прекинат? Имаше ли фалсификат? Кој беа фалсификаторите? Расветлување на сите овие дилеми ќе овозможи само успешно спроведен попис.“
Од Нова социјалдемократска партија велат дека е неопходно да се донесе нов закон во кој многу јасно ќе бидат дефинирани клучните активности. Постоечкиот закон беше недоречен и затоа предизвика такви проблеми, вели Соња Мираковска од НСДП.
„Држава која нема закон за попис, тоа е катастрофа. Или имате тврди правила и мека топка или имате тврда топка и меки правила, а тоа значи дека ќе ви се скрши од глава.“
Претходно, барањата на опозицијата да се формира анкетна комисија која ќе ги расветлува настаните поврзани со неуспешниот попис беа отфрлени од владејачкото мнозинство.
За овој период, ниту нешто се променило, за да може реално да се одржи попис, поготово што многу работи во пописната комисија не се се уште искристализирани, расчистени, се уште има различни толкувања.Илија Китановски, ВМРО-ДПМНЕ.
„За овој период, ниту нешто се променило, за да може реално да се одржи попис, поготово што многу работи во пописната комисија не се се уште искристализирани, расчистени, се уште има различни толкувања“, изјави Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Демократската Унија за интеграции велат дека предлогот на СДСМ не е соодветен, пред се поради политичката клима која се создаде веднаш по неуспехот на пописот. Напорите на опозицијата не се функционални, туку се од дневно-политички аспект, изјави Талат Џафери од ДУИ.
„Идниот попис бара по опсежен подготвителен период кој ќе ги надмине сите дилеми околу законот, околу пописот во 2011-та година, и од тој контекст не е соодветно време во април.“
Држава која нема закон за попис, тоа е катастрофа. Или имате тврди правила и мека топка или имате тврда топка и меки правила, а тоа значи дека ќе ви се скрши од глава.Соња Мираковска, НСДП.