Македонија и покрај амбициите да влезе во Европската унија и во НАТО има проблеми од минатото со соседните земји, а тие најмногу влијаат врз нашето пристапување и од старт ни претставуваат кочница. Постојат отворени прашања кои со децении не се менуваат. Проблемот околу името со Грција не е само билатерален спор. Овој проблем е актуелен, но и Бугарија ни навести дека може да постави свои барања. Добрососедсвото веќе ни е услов и во извештајот на Европската комисија, а тука се подразбира Бугарија.
Секое одолговлекување на влезот во евроатланските организации значи и давање можност на земјите соседи кои во меѓувреме стануваат членки на тие организации и самите тие да поставуваат услови за новите членки, па и за Македонија, вели поранешниот амбасадор Благој Зашов.
„Тоа, иако не е добра практика, меѓутоа новите членки се учат од старите членки како се поставуваат услови за ново членство, па дури и се поставуваат такви услови кои ни тие не ги исполнуваат“, вели Зашов.
Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност, во однос на навестувањата од некои соседи дека може да постават свои барања, оцени дека во тој однос и тие покажуваат свои интереси.
„Практиката покажува дека одолговлекувањето очигледно отвора и нови предизвици за тоа кој како ќе настапи од аспект на своите лични интереси, односно интересите на нашите соседи“, вели Марковски.
Познати се проблемите што Македонија ги има со соседите, така што во наредниот период со одолговлекување на евроинтеграциите можно е да се отворат историски теми. Во последно време како да има најави дека се усојузуваат нашите соседи и како секој од свој интерес да вршат притисок врз Македонија да попушти и таму каде што ние имаме црвени линии, забележува Зашов.
„Името е со Грција, нацијата и јазикот со Бугарија, црквата со Србија, па комплексното прашање што би можело да се постави од Албанија во поглед на албанското малцинство во Македонија“, вели Зашов.
Експертите велат дека е потребна дипломатија и интензивно да се работи на тие проблеми и отворено да се разговара за прашањата со соседите. Според нив, потребно е да се направи терен за овие прашања да не ни претставуваат кочница и после да губиме време и на тие теми.
„Секој проблем со кој се соочува Македонија, ако ние попустливо приоѓаме на тој проблем, тоа проблем ќе се мултиплицира и ќе дојдеме во ситуација да ни се додаваат многу други услови и Македонија да мора да потклекне под сите тие прашања“ изјави Марковски.
Тоа, иако не е добра практика, меѓутоа новите членки се учат од старите членки како се поставуваат услови за ново членство, па дури и се поставуваат такви услови кои ни тие не ги исполнуваат.Благој Зашов, поранешен дипломат.
Секое одолговлекување на влезот во евроатланските организации значи и давање можност на земјите соседи кои во меѓувреме стануваат членки на тие организации и самите тие да поставуваат услови за новите членки, па и за Македонија, вели поранешниот амбасадор Благој Зашов.
„Тоа, иако не е добра практика, меѓутоа новите членки се учат од старите членки како се поставуваат услови за ново членство, па дури и се поставуваат такви услови кои ни тие не ги исполнуваат“, вели Зашов.
Практиката покажува дека одолговлекувањето очигледно отвора и нови предизвици за тоа кој како ќе настапи од аспект на своите лични интереси, односно интересите на нашите соседи.Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност.