Достапни линкови

Институциите немоќни против корупцијата


Големите обвинувања за корупција остануваат без ефект, затоа што борбата против корупцијата наместо во институциите, се води, пред се, на политички терен или строго за постигнување политики цели, потенцираат експертите.

Ако сака да сврти нова страница, Македонија мора да се справи со корупцијата. Ова го тврдат пред сè економистите, тргнувајќи од логиката на инвестирањето за кое сигурноста на капиталот во земјата во која се инвестира е примарен услов за вложување. Македонија според најновите податоци изнесени во годишниот извештај на невладината Транспаренси интернешанал се наоѓа на 69 тото место по корупција во светот. Политиката и судството неколку години наназад се апострофираат како најкорумпирани, царината полицијата и приватниот сектор се исто така високо на листата. Што работат бројните органи кои се задолжени за борба против корупцијата и може ли таа да се води без да се соочиме со првата и најважна пречка партизираноста во сите сфери?
Можеме да констатираме една силна селективност во нивното постапување и силна политизираност во нивното постапување или не постапување онаму каде што треба да постапуваат, тоа трае веќе подолго време и мислам дека на таа тема се потрошени доста дебата и дискусии, меѓутоа ефектот е очигледно таков каков што е.
Драган Малиновски, поранешeн член на Aнти-корупциска комисија.

Кој се бори против корупција?

Партиите распалија со големите цифри во име на заштитата на државните и општествените интереси и предизборието го започнаа на сигурен и за јавноста звучен терен, кај се парите или како се збогатија тие другите? Вокабуларот не е неочекуван и непознат, но и нанесува штета на сериозната борба против корупцијата која уште еднаш се покажува, се води наместо во институциите, пред се на политички терен или строго за постигнување политики цели, потенцираат експертите. За жал, како што додаваат, ваквата состојба ја поддржува и начинот на којшто реагираат органите кои се борат против корупцијата.
Членови на Државната комисија за спречување корупција.
Членови на Државната комисија за спречување корупција.

„Можеме да констатираме една силна селективност во нивното постапување и силна политизираност во нивното постапување или не постапување онаму каде што треба да постапуваат, тоа трае веќе подолго време и мислам дека на таа тема се потрошени доста дебата и дискусии, меѓутоа ефектот е очигледно таков каков што е “, вели поранешниот член на антикорупциската комисија, Драган Малиновски.
Вака како што сега се одвиваат работите, право да ви кажам, нема да имаме добри резултати и борбата против корупцијата ќе биде изгубена. Ќе биде изгубена затоа што во нашата држава имаме ерозија на моралот, ерозија на правото, нефункционирање на правната држава и тогаш зборуваме дека ние влегуваме во криза, затоа што таа криза ни се појавува во повеќе сфери, а тогаш има криза во државата.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Според досегашното однесување ниту антикорупциската комисија ниту останатите органи кои се задолжени да се справуваат со корупцијата, не оддаваат впечаток дека работат независно, вели професорот Осман Кадриу.

„Заклучокот од одделни случаи и одделни постапки укажува на тоа дека се водат по партиска основа.“

Секое водење на таа борба по партиска основа и заради реваншизам оди на штета на државата и против вистинската борба против корупцијата, додава Кадриу.
министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Вака како што сега се одвиваат работите, право да ви кажам, нема да имаме добри резултати и борбата против корупцијата ќе биде изгубена. Ќе биде изгубена затоа што во нашата држава имаме ерозија на моралот, ерозија на правото, нефункционирање на правната држава и тогаш зборуваме дека ние влегуваме во криза, затоа што таа криза ни се појавува во повеќе сфери, а тогаш има криза во државата.“
За Заев значи бевме прашани од страна на новинарите, ние немаше да кажеме дали водиме предмет, доколку конкретно не не прашаа новинари и тоа е единствената информација која им ја дадовме, сите други информации се дека тој предмет е во тек и мислам дека треба да се прифати како и сите други предмети за кои ние тековно постапуваме.
Ѓорги Сламков, Државна комисија за спречување на корупција.

Селективно против корупцијата

Откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини опозицискиот лидер Зоран Заев за непотизам и неправилности во делењето на јавни набавки во општината каде што е градоначалник, Државната комисија за спречување на корупцијата прилично експресно објави дека отворила предмет за случајот и дека по него се постапува. За неделното интервју на Радио Слободна Европа, претседателот на Антикорупцикста комисја, Ѓорѓи Сламоков не сака да зборува за тоа до каде е во постапувањето по предметот и нуди објаснување за впечатокот кој комисијата го создаде во јавноста откако објави дека за Заев отворила постапка исто како што експресно понуди објаснување по објавените информации за стекнатиот имот на министерката Јанкулоска од страна на СДСМ.
Тркалезна маса организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата во Скопје.
Тркалезна маса организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата во Скопје.

„За Заев значи бевме прашани од страна на новинарите, ние немаше да кажеме дали водиме предмет, доколку конкретно не не прашаа новинари и тоа е единствената информација која им ја дадовме, сите други информации се дека тој предмет е во тек и мислам дека треба да се прифати како и сите други предмети за кои ние тековно постапуваме. Во поглед на првиот дел од прашањето за министерката за внатрешни работи, мислам дека самата министерка се обрати во јавноста со соопштение или изјава, не сум сигурен, и ја повика Државната комисија да изнесе доколку имам некои елементи за обвинувањата кои беа на нејзина сметка и јавно да се произнесе, меѓутоа од она што е евидентирано кај нас во анкетните листови, состојбата е таа која што е“, изјави Сламков.
„Сите институции кај нас се пополнуваат со партиски кадри, ние немаме независни експерти коишто ќе раководат со институциите. Дали е тоа Агенција за спречување на перење на пари, дали е тоа Финансиска полиција, дале е тоа МВР, дале е тоа УЈП, секаде се инсталирани партиски кадри и тие и да немаа притисок од партијата којашто е на власт, тие самите се контролираат да не направат некои активности што ќе ја загрозат позицијата, вклучително и јавниот обвинител надвор од партиските ставови и директиви да ги гони сторителите.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.

Тој тврди дека комисијата работи неселективно и со еднаков пристап кон сите без оглед дали се на власт или во опозиција. Основа за такво работење се законите и принципите од кои се води комисијата а тоа се како што вели законитоста и еднаквоста на сите граѓани.

Двете најголеми партии од власта и од опозицијата во последните месеци водат прилично црна кампања која на крајот на краиштата го нарушува имиџот на државата, посочува Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

„И во основа сметам дека е на штета на имиџот на Република Македонија, затоа што ние слушаме за криминал од огромни размери, едната или другата партија тоа го посочуваат.“

Сепак, како што додава Трајанов, добро е да се посочуваат сите случаи каде што има основни сигнали дека нешто не е во ред.
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.

Тито Петковски од опозициската НСДП смета дека последните обвинувања кои си ги насочија власта и опозицијата една против друга покажуваат дека власта сепак се подготвува за избори при што ги употребува сите средства да ја дискредитира опозицијата.

„Обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон лидерот на опозицијата, или крајно, јас би рекол, неписмената одбрана од страна на министерка за внатрешни работи, антикорупциската комисија ја заштитува, а лидерот на опозицијата со сите средства се дискредитира, намерата е јасна.“
Комисијата е составена исклучиво на партиска основа, со доминација на луѓето од парламентарното мнозинство и таа по дефиниција одговара пред нив, од нив е финансирана и за нив работи. И дека не зборувам на памет, видете во овие осум години нема ниту еден случај од Анти-корупциската комисија за корупција на носител на јавна функција, на истурена позиција, од првиот, вториот или третиот ешалон на власта, освен она за што ќе им дошепне врвот на власта.
Тито Петковски, НСДП.

Она што е најбитно е дали институциите кои се надлежни да преземаат мерки по автоматизам кога постојат индиции дека постои корупција имаат капацитет да ја работат својата работа и тоа непристрасно, посочува Трајанов.

„Факт е дека институциите се под силно политичко влијание, биле и досега и борбата е во тоа да изградиме независни, смаостојни институции коишто ќе функционираат секогаш кога имаа индиции дека се работи за криминал од огромни размери.“

Големите обвинувања остануваат без ефект

Затоа остануваат без ефект големите обвинувања, посочува Трајанов, зошто се е најмногу политика, а најмалку реални факти и докази, што е штетно и по општиот впечаток дека во земјата се е криминализирано и не постои чесен функционер или политичар. Затоа, посочува она
што е важно е борбата против корупцијата да не се генерализира туку да се конкретизира за да даде резултати.

„Оваа расправа за криминалот е доста дифузна, значи таа расправа не е ефикасна и се е релативизирано. Ако вие зборувате дека сите се инволвирани во криминал итн., дали се тоа градоначалници, директори на јавни претпријатија, министри..., ако сите се инволвирани значи практично вие немате кон што да се насочите, така што фронтот што се создава против вас е огромен.“

Она што, според Трајанов, е особено важно е поефикасна и поорганизирана борба против институционалниот криминал кој е под заштита на институциите“,посочува Трајанов.

Државните тела немоќни или партизирани?

Она што остава голем прашалник пред ефикасноста на органите надлежни за борба против корупцијата и организираниот криминал е партизираноста на институциите што ја оневозможува нивната независна активност без политички влијанија.

„Сите институции кај нас се пополнуваат со партиски кадри, ние немаме независни експерти коишто ќе раководат со институциите. Дали е тоа Агенција за спречување на перење на пари, дали е тоа Финансиска полиција, дале е тоа МВР, дале е тоа УЈП, секаде се инсталирани партиски кадри и тие и да немаа притисок од партијата којашто е на власт, тие самите се контролираат да не направат некои активности што ќе ја загрозат позицијата, вклучително и јавниот обвинител надвор од партиските ставови и директиви да ги гони сторителите“, вели Трајанов.

Државата не изнајде системски решенија кои ќе ги ослободат луѓето во надлежните институции да работат без партиски влијанија посочуваат експертите.
Цела лепеза институции се задолжени да ја водат борбата против организираниот криминал и корупцијата. Почнувајќи од Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство, финансиската полиција, агенцијата за перење пари, Анти-корупциската комисија.

„Меѓутоа корупцијата е специфична по тоа што по дефиниција се создава во рамките на власта, е сега ако институциите се под капата на власта, тука имаме еден очигледен проблем колку се тие навистина подготвени и сакаат да се занимаваат со тоа прашање, токму затоа е и креирано едно независно тело, тоа е Државната комисија за спречување корупција и од нејзе се очекува да го пополнува тој простор“, вели Малиновска.

За жал, додава Малиновски исполитизираноста и на оваа институција е главната причина зошто таа комисија не ја извршува својата улога и со тоа останува просторот на контролните механизми потполно непокриен.

Се додека членовите на комисијата ги бира Собранието, не постои голем простор да се очекува корекција на востановеното однесување на ова тело, додава Малиновски.

„Секоја власт кога ги номинира членовите на комисијата, треба да сфати дека тоа тело ќе биде во функција на своите надлежности, единствено ако членовите се луѓе со сериозен интегритет, со сериозно минато зад себе и кои навистина ќе имаа доблест совесно да ја извршуваат својата функција и нема да бидат подложни на дневни политики.“

Тито Петковски, вели дека оваа комисија денеска е претворена во тело за заштита на криминалот и единствено може да се толкува како продолжена рака на власта.

„Комисијата е составена исклучиво на партиска основа, со доминација на луѓето од парламентарното мнозинство и таа по дефиниција одговара пред нив, од нив е финансирана и за нив работи. И дека не зборувам на памет, видете во овие осум години нема ниту еден случај од Анти-корупциската комисија за корупција на носител на јавна функција, на истурена позиција, од првиот, вториот или третиот ешалон на власта, освен она за што ќе им дошепне врвот на власта.“

Затоа и не постои, вели Петковски, никаква смисла да постои ова тело, освен доколку не се појави политичка волја кај власта да се направат промени во смисла на ангажирање на луѓе кои се професионалци поддржани од пошироката јавност и избрани со двотретинско мнозинство од парламентот.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓи Сламков вели дека се работи на сите случаи за кои постои дојава до комисијата или индиции добиени на кој и да е начин не изземајќи ги тука ниту претставниците на високите ешалони на власта, но дека тие како Комисија би излегле во јавноста само тогаш кога се сигурни дека постои основаност и се обезбедени доволен број материјални докази. Тој не гледа ниту една пречка комисијата да работи независно.

„Значи комисијата согласно законот ја спречување корупција ја формира Собранието, лицата коишто се пријавуваат, се пријавуваат на јавен конкурс и потоа се избираат во Собрание. Вие треба да погледнете во CV на членовите на комисијата, па потоа да кажете дали овие лица имаат компетенција или не, значи прво тоа ќе го анализирате, а како второ, од досегашното мое искуство како член и претседател на оваа Комисија нема никакви притисоци, оставена е комисијата да работи согласно своите законски надлежности и врз основа на тоа да покаже резултати во своето работење.“

Граѓаните даваат поткуп за сè и сешто

Професор Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешанал-Македонија,вели дека целиот систем на соработка на граѓаните со органите за борба против корупцијата како и нивната меѓусебна соработка е дерогиран и дека бројот на претставки кои ги добива оваа невладина организација се движи и до околу 1.300 годишно или петпати повеќе од оние кои се доставуваат до Анти-корупциската комисија. Претседателот на државната Комисија за борба против корупцијата не изнесува точна бројка на претставките кои ги добиваат, но вели дека сите се разгледуваат внимателно пред да се одлучи дали постои простор за постапување по нив. Оттука, според него забелешките дека комисијата е пасивна се само тези на одредени медиуми, вели Сламков кој како единствена слабост во работењето на Комисијата ја наведува недоволната кадровска екипираност за потребите на сите одделенија. Од друга страна негова претпоставка е дека забелешките за пасивноста се должат само на недоволното експонирање на комисијата и нејзината работа во јавноста за што според него не постои потреба.

Во барометарот на глобалната корупција 2013 што го објавува Транспаренси интернешанал испитаниците потврдиле дека дале поткуп во Македонија, 19 % истакнале дека имале искуство со давање на поткуп во полиција, 16 % со судството, 13% здравството и 10 % во образованието.
XS
SM
MD
LG