Авторите на текстот се Ѓорѓе Падејски, новинар истражувач и основач на „ФОИА Машин“, онлајн инструмент за пристап до јавни податоци и документи и Мајкл Хадсон, уредник на Меѓународниот конзорциум.
„Овој конзорциум пред две години добил 2,5 илјади документи со офшор дестинации, како Британските Девствени Острови кои сведочат за парични трансфери, основачки документи на компании, дури и интернет комуникации кои илустрираат како овие компании им овозможувале на богатите и добро поврзани лица да вршат корупција. Станува збор за околу 130 илјади луѓе од 170 земји“, вели за Радио Слободна Европа Ѓорѓе Падејски. Според податоците, Жанко Чадо контролирал фирма на Британските Девствени острови која добила 6,9 милиони долари како трансфер од „Агрохем“, пред таа фирма да банкротира.
Истовремено, „Навип“ чии лозја вределе над 30 милиони евра бил продаден за под 6 милиони евра. „Фиделинка“ иако беше успешна, многу бргу станува загубар. Поради тоа, скоро 1300 луѓе останаа без работа.
Тие, според наводите, биле дел од армијата од 250 илјади вработени во државните претпријатија во Србија кои се најдоа на улица поради приватизацијата од 2001 до 2010 година.
Мистериозната улога на македонски бизнисмен
Со години кружеа непотврдени информации дека непознат бизнисмен, моќна личност од сенка пред една деценија го презел Агрохем од Нови Сад, еден од најголемите произведувачи на вештачко ѓубре во Србија.
„Навистина немавме претстава кој го купи нашето претпријатие“ вели поранешниот директор Милојица Хрваќанин. Во меѓувреме, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари утврдиле дека банкарот, бизнисмен и поранешен македонски министер за економија Жанко Чадо стоел зад мрежа на офшор компании кои биле инволвирани за преземање на Агрохем.
Според документите, Чадо бил директор на офшор компанија на Антигва, преку која обезбедил индиректна сопственост во Агрохем. Чадо во текот на 90 години беше директор и акционер на две банки Алмако и Англојугословенска банка кои во меѓувреме банкротираа.
Кога проблемите во Алмако кулминира, Чадо беше министер за економија. Тој по само пет месеци на функција во април 1999 година поденесе оставка поради „лични причини“ и поради незадоволството од тоа што не добил меѓународна поддршка за решавање на проблемите во македонската економија.
Сепак, одделни балкански медиуми тврдеа дека оставката била поради тоа што банката изгубила милиони долари депозити поради давање поволни кредити на македонски политичари и бизнисмени. Чадо никогаш јавно не одговори на овие наводи.
По враќањето во приватниот бизнис, тој создаде репутација на личност која им ја отвора вратата на инвеститорите кои сакаат да вложуваат во поранешните југословенски републики.
Случајот Агрохем
Чадо како директор на компанијата Фер Трејд со седиште во Антигуа имал контрола врз две српски фирми Фармахем и СММ Метали и Минерали кои станаа мнозински сопственик на Агрохем.
Во тоа време Чадо се појавил во Агрохем, а раководителите го викале „шефе“, се присетува Хрваќанин, додавајќи дека веднаш потоа почнале необични трансакции. Се распродавала опремата и се земале кредити кои биле пренасочувани на странски сметки, лоцирани главно на Британските девствени острови, Маршалските острови и Панама.
Според документите за стечајната постапка Агрохем во декември 2007 година уплатил 6,9 милиони долари на сметка на компанијата Алисан Маркетинг на Британските девствени острови зад која бил Жанко Чадо.
Парите наводно биле за купување на дел од акциите на едно од најуспешните претпријатија во мелничарско пекарската индустрија „Фиделинка“ од Суботица. Друг дел од акциите биле купени од „Моубреј Системс“ и швајцарската компанија Минеко.
Овие две компании, според документите до кои дојде Меѓународниот конзорциум, се доведуваат во врска со српскиот бизнисмен Димитрие Аксентиевиќ, син на еден од некогашните директори на „Генекс“ кој поседува британско државјанство, а живее во Швајцарија.
Тој претходно работел за „Гленкор“, англиско швајцарска компанија за трговија со метал и енергенси чија историја, според пишувањето на „Аустралијан броадкастинг корп“ личел на шпионски роман.
Основач на оваа компанија бил Марк Рич кој почина во јуни годинава. Тој во 1983 година бил обвинет во Соединетите држави за затајување данок од 200 милиони долари, како и за трговија со нафата со Иран.
Некои сметаат дека Рич, познат како крал на даночните измами бил главен финансиер на активностите на ЦИА во уривањето на Варшавскиот пакт, односно комунизмот.
Поради можноста да добие казна затвор од 300 години тој бил во бегство се додека претседателот Бил Клинтон не го помилува на 20 јануари 2001 година, само два часа пред да ја напушти функцијата, што предизвика големи полемики.
Некои тоа го поврзаа со милионската донација што сопругата на Рич и ја дала на демократската партија. „Фиделинка“ банкротираше во 2010 година, а 700 работници се најдоа на улица.
Случајот Навип
Компанијата на Аксентиевиќ „Минеко“ имала удел и во банкротот на најголемиот српски произведувач на вино и алкохолни пијалаци „Навип“ од Земун кој имал над илјада хектари под лозје и овоштарници.
Имотот на „Навип“ кој бил приватизиран во 2006 година иако се проценувал дека вредел над 30 милиони евра бил продаден за само шест милиони, а за да се случи тоа продонесла и сложената сопственичка структура на оваа фирма.
Надлежните институции покранаа кривична постапка против 14 лица осомничени за проневера по приватизацијата на „Навип“. Неколкумина биле упасени, а директорот на „Минеко Навип“ Александар Аксентиевиќ побегнал од Србија.
Криминална приватизација
„Агрохем“, „Фиделинка“ и „Навип“ само се дел од серијата за темните зделки во Србија по соборувањето на Слободан Милошевиќ на 5 октомври 2000 година.
Додека меѓународната заедница ја славеше победата на демократските сили, моќни инсајдери тивко остваруваа енормно богатство во текот на трансформацијата на општествените претпријатија.
Две третини од нив се целосно руинирани, пишува Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство. Агенцијата за приватизавија на Србија имаше обврска да обезбеди да не се отужат нивните сртедства, а вработените да останат на работа, но во Законот за приватизација имаше правна дупка: купувачите немаа обврска во целост да го обелоденат својот идентитет, како ни сопственичката структура.
Според податоците на Социјалниот и економски совет на Србија скоро 2000 од над 3017 приватизирани фирми, банкротирале или се на раб на затворање.
Истовремено независната истражувачка групација „Глобал фајненшал Интегрити“ проценува дека над 50 милијарди долари биле префрлени од Србија со незаконски финансиски трансакции, или скоро 5 милијради годишно.
„Многумина аналитичари ќе ви кажат дека големите банки и финансиски институции се клучни за функционирањето на офшор зоните. Што се однсеува до нивната улога во приватизацијата на Србија десетици милијарди евра биле разграбани или изнесени од државата“, вели Мајкл Хадсон за Радио Слободна Европа.

„Агрохем“, „Фиделинка“ и „Навип“ само се дел од серијата за темните зделки во Србија по соборувањето на Слободан Милошевиќ на 5 октомври 2000 година. Додека меѓународната заедница ја славеше победата на демократските сили, моќни инсајдери тивко остваруваа енормно богатство во текот на трансформацијата на општествените претпријатија