Словенечкиот премиер е на суд за корупција, невработеноста е висока, банките во земјата се тетерават на работ на банкрот, а државата е пред болни структурни реформи, наведува весникот „Економист“, кој потсетува дека во јули словенечката водечка банка беше спасувана од владата со повеќе од 380 милиони евра.
Премиерот Јанез Јанша зборува за „грчко сценарио“ и предупредува дека Словенија ќе стане шестата европска земја која ќе бара спасувачки пакет доколку владата не ги спроведе неопходните реформи.
Кредитниот рејтинг на државата е намален, а јавните службенци веќе се со намалени плати од скоро 7,5 насто. Иако словенечката демографија е страшна, досега Словенците, како што посочува „Економист“, имаа дарежливи пензии и ниска возраст за пензионирање.
Со оглед на тоа што само 40 илјади потписи се потребни за да се распише рефендум, повеќето реформи се блокирани. Референдумот против пензинските реформи во јуни минатата година беше почеток на крајот на тогашната влада.
Сегашната коалиција, во која патем кажано, „Партијата на пензиониерите“ игра клучна улога усвои нацрт-закони за реформи во пензинскиот систем и работните односи, но и тие се очекува да бидат оспорени.
Премиерот Јанша, инаку политички ветеран, дојде на власт во февруари годинава. Тој е на суд под обвинение дека земал мито од една финска компанија за оружје, пишува „Економист“, наведувајќи дека на 5 септември поранешен претседател на една од најголемите словенечки компании е обвинет за измама и оти Католичката црква е потресена од финансиски и секс скандали.
Во оваа грозничава атмосфера се појави и кавга за тоа кој што направил во Втората светска војна. Таа може да послужи како одвлекување на вниманието од економските проблеми на земјата, но веќе предизвика многу горчина.
Според политичката митологија, десетдневната војна на Словенија за незвисност во 1991 година треба да е во центарот на вниманието, а не тоа да бидат трагичните настани од 1945 година.
Во Словенија на 11 ноември ќе се одржат претседателски избори и по се изгледа дека актуелниот претседател Данило Турк ќе добие и втор мандат.
„Под обединето лидерство, Словенија би можело да закрепне релативно брзо“, вели Соња Смуц, од Здружението на работодавачи во кое има неколку компании чиј долг расте.
Со тоа не се согласува интелектуалката Рената Салецл:
„Многу од проблемите на Словенија се слични со оние на други места во Европа. Наскоро и ние ќе дојдеме во ќор-сокак“, вели таа за „Економист“.
Премиерот Јанез Јанша зборува за „грчко сценарио“ и предупредува дека Словенија ќе стане шестата европска земја која ќе бара спасувачки пакет доколку владата не ги спроведе неопходните реформи.
Многу од проблемите на Словенија се слични со оние на други места во Европа. Наскоро и ние ќе дојдеме во ќор-сокак.Рената Салецл.