Достапни линкови

Словенија во заштита на олигарх од Белорусија


Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Брисел, 27.02.2012
Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Брисел, 27.02.2012

Словенија, поради економски интереси, не дозволи на црната листа на ЕУ да се најде белорускиот олигарх Јуриј Чиж, кој е сојузник на Лукашенко.

Министрите за надворешни работи на Европската унија, на состанокот во Брисел, постигнаа договор за нови санкции против Белорусија поради репресијата врз политичките противници. Нова група личности од Белорусија се ставени на црна листа, но на инсистирање на Словенија, еден беше исклучен од неа. Станува збор за бизнисменот Јуриј Чиж, со кого Љубљана има бизнис врски.
Можам да кажам дека имавме напорна расправа. Словенија не се согласува само еден бизнисмен да биде ставен на црната листа, бидејки има многу повеќе кои го подржуваат режимот во Белорусија.
Карл Ерјавец, шеф на словенечката дипломатија.

Новата црна листа на личности од Белорусија на кои им е забрането патување во земјите членки на Европската унија, опфаќа 19 судии и двајца полициски службеници. На неа требаше да се најде и белорускиот олигарх Јуриј Чиж, личен пријател на претседателот Александар Лукашенко. Словенечкиот министер за
Карл Ерјавец
Карл Ерјавец
надворешни работи Карл Ерјавец беше против.

„Можам да кажам дека имавме напорна расправа. Словенија не се согласува само еден бизнисмен да биде ставен на црната листа, бидејки има многу повеќе кои го подржуваат режимот во Белорусија.“

Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски ја критикуваше ваквата позиција на Словенија, истакнувајки:

Ова е тажен ден за Европската Унија. Се покажува дека економските интереси на една држава станаа поважни од потребата да се изврши притисок врз режимот на Лукашенко да ги ослободи политичките затвореници.
Радослав Сикорски, шеф на полската дипломатија.
„Ова е тажен ден за Европската унија. Се покажува дека економските интереси на една држава станаа поважни од потребата да се изврши притисок врз режимот на Лукашенко да ги ослободи политичките затвореници.“

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, соопшти дека разговорите за проширување на санкциите против Белорусија ќе продолжат во наредниот месец.

Планот за хотел Кемпински во Минск
Планот за хотел Кемпински во Минск
За што всушност станува збор. Со претседателски декрет, во мај 2010-та година, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко доделил градежно земјиште на компанија на олигархот Јуриј Чиж.

Овој голем проект во Минск е всушност дел од подготовките за организацијата на светското првенство во хокеј во 2014-та година, а вклучува и изградба на ексклузивен Хотел Кемпински.

Поради репресијата врз опозицијата, Европскиот парламент и активисти за човекови права бараат на Белорусија да и се одземе организацијата на шампионатот во хокеј.

И покрај контроверзите, словенечката компанија Рико Груп деновиве соопшти дека градежната компанија на Јуриј Чиж им ја доделила изградбата на хотелот и на придружните објекти. Рико Груп е активна во Белорусија со декади и извршува работи за стотици милиони евра.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG