По дванаесетчасовни разговори во Брисел, министрите за финансии од еврозоната соопштија дека повторно ќе се состанат в понеделник за да ги испеглаат несогласувањата со Меѓународниот монетарен фонд околу тоа како Грција ќе треба да се справува со долгот во иднина.
Претседавачот на состанокот Жан Клод Јункер изјави дека министрите за финансии направиле извесен напредок во идентификувањето на иницијативите во врска со постојниот пакет финансиска помош кои имаат за цел натамошна суштинска редукција на долгот на грчката влада.
Меѓу евроминистрите постои согласност да и се дадат на Грција дополнителни две годни, значи до 2022 година за да го намали нејзиниот долг на 120 проценти од бруто домашниот производ.
Со тоа не се согласува Меѓународниот монетарен фонд што пак, ја одлага исплатата на следната транша од спасувачкиот пакет во износ од над 44,5 милијарди евра.
На Грција и се неопходни овие пари за да може да избегне банкрот. Сепак, Јункер изрази оптимизам дека е можен договор.
„Малку сум разочаран, но морам да признам дека некои технички прашања се толку сложени што ќе биде потребно да се направат прецизни пресметки. Тоа ќе биде направено во наредните денови“, изјави Јункер, додавајќи дека министрите се многу блиску до конкретен резултат.
Директорот на ММФ Кристин Лагард беше попретпазлива, оценувајќи:
„Ние само ги конкретизиравме позициите“.
Грција веќе две години е зависна од меѓународна помош и се наоѓа под строга контрола на таканаречената тројка; ММФ, Европската централна банка и Европската комисија.
Пред состанокот на евроминистрите за финансии во Брисел, грчкиот премиер Андонис Самарас изрази оптимизам, наведувајќи дека постоеле знаци оти атмосферата за Грција се подобрува.
„Грција го направи она што и беше побарано и тоа е признато од сите. Сега е време кредиторите да го сторат она што го ветија и верувам дека така и ќе биде.“
Грчките пратеници на 7 ноември одобрија нов пакет марки за штедење на околу 13,5 милијарди евра.
Тоа ќе треба да се постигне со поголеми даноци и со намалување на платите и социјалните давачки во земјата која веќе шест години се наоѓа во рецесија и која се соочува со стапка на навработеност од над 24 насто.

Малку сум разочаран, но морам да признам дека некои технички прашања се толку сложени што ќе биде потребно да се направат прецизни пресметки. Тоа ќе биде направено во наредните денови.Жан Клод Јункер, премиер на Луксембург, претседавач со еврозоната.