Достапни линкови

Со душевен мир до инвестиции


Начинот е познат, повеќе во шоу-бизнисот, отколку во реалниот бизнис. Мислам дека ова е еден холивудски спектакл што треба да му отвори други врати во Македонија, вели професор Алајдин Демири.

Владата со закон да дефинира идеална големина на семејство, а тие што не го почитуваат законот да изгубат право на глас, а медиумите да известуваат за позитивни работи. Контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој во синоќешниот говор на мировниот самит во Скопје делеше совети за душевен мир и мир во човештвото.
Мислам дека сериозно треба да нè замисли сите нас како и во кој правец се движиме и како и на кои луѓе им даваме доверба, како гарантираат за она што треба да ни се случува на нас во Република Македонија итн. Мислам дека си правеа приватна забава Груевски и Субрата Рој.
Оливер Спасовски, секретар на СДСМ.

Со самит на кој зборуваше и поранешниот британски премиер Тони Блер синоќа заврши Сахара балканскиот мировен фестивал во Скопје во организација на Сахара групацијата во сопственост на Рој. Немаше видео обраќање од поранешниот американски претседател Бил Клинтон, иако медиумите претходно најавуваа дека и тој ќе се обрати. Изостанаа и бројните, како што беше најавувано, „еминентни личности од македонската, балканската и од меѓународната сцена“. На синоќешниот мировен самит во Новиот театар во Скопје присуствуваа бројни гости од Индија и речиси целиот владин врв, но забележително беше отсуството на опозицијата.
Начинот е познат, повеќе во шоу-бизнисот, отколку во реалниот бизнис. Тој повеќе сака да зборува за Мајка Тереза, за мирот, носи такви гости. Мислам дека е многу провизорна работа, мислам дека не одговара на сериозноста на инвестициските проекти, туку е еден холивудски спектакл што треба да му отвори други врати во Македонија.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Во СДСМ велат дека како сериозна партија не сакаат да учествуваат во лакрдии. Партискиот секретар Оливер Спасовски вели дека целата приказна со индискиот бизнисмен е контроверзна.

„Мислам дека сериозно треба да нè замисли сите нас како и во кој правец се движиме и како и на кои луѓе им даваме доверба, како гарантираат за она што треба да ни се случува на нас во Република Македонија итн. Мислам дека си правеа приватна забава Груевски и Субрата Рој“, вели Спасовски.

Поранешниот дипломат и универзитетски професор Алајдин Демири вели дека спектакуларното влегување на индискиот бизнисмен во Македонија повеќе доликува на естрадна ѕвезда отколку на сериозен инвеститор.

„Начинот е познат, повеќе во шоу-бизнисот, отколку во реалниот бизнис. Тој повеќе сака да зборува за Мајка Тереза, за мирот, носи такви гости. Мислам дека е многу провизорна работа, мислам дека не одговара на сериозноста на инвестициските проекти, туку е еден холивудски спектакл што треба да му отвори други врати во Македонија“, вели Демири.

Тој смета дека вистинските намери на индискиот бизнисмен во Македонија допрва ќе се видат.

Во својот говор пред присутните во Новиот театар во Скопје, Субрата Рој рече дека владата со закон треба да дефинира која е идеалната големина на едно семејство за да се зголеми наталитетот.

„Родителите кои не ја следат идеалната семејна законска дефиниција ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, а треба да го изгубат и правото на глас“, советува индискиот бизнисмен, кој зборуваше и за важноста од позитивното размислување, па во тој контекст ги обвини медиумите дека имаат негативна улога.

„Медиумите треба да ги намалат негативните известувања и да додадат попозитивни, поохрабрувачки информации“, рече Рој.

Токму индиските, но и светски медиуми, објави дека на Субрата Рој му се замрзнати сите сметки и имот во Индија и е обвинет за измама на милиони Индијци вредна неколку милијарди долари.

Домашните експерти оценија дека со оваа манифестација тој се обидува да си го подобри имиџот во земјава каде што беше пречекан на голема врата. Претходно контроверзниот индиски бизнисмен рече дека барал земја без корупција и ја нашол Македонија. Аналитичарите коментираат дека тоа ја покажува неговата добра смисла за хумор.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG