Достапни линкови

„Ова е Вагнер...“ за отворање на новата сезона во МОБ


„Ова е Вагнер“ е насловен гала оперскиот концерт со кој во сабота, на 5 октомври, во 20 часот, ќе биде отворена новата сезона 2013/2014 во Македонската опера и балет. Со хорот и оркестарот ќе диригира маестро Оливер Балабурски, а солисти ќе бидат првенците Весна Ѓиновска – Илкова, Игор Дурловски, Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова и Борис Трајанов.

Со концерт посветен на 200 годишнината од раѓањето на големиот Рихард Вагнер ( 1813 – 1883) , во сабота на 5 октомври, Македонската опера и балет свечено ќе ја отвори новата сезона. По многу години ова е прв концерт со дела од големиот германски композитор и на тој начин оваа наша национална установа, практично, ја промовира идејата наскоро да се зафати со поставување на едно од неговите најзначајни оперски дела.
Мислам дека Македонската опера и балет очигледно се повеќе зрела да може да навлезе во вакви води, и во многу посериозни од ова. Ова е добар начин да се претстави овој композитор на публиката од аспект на тоа таа да види и да чуе за каква комплекност се работи. Сите знаеме дека Рихард Вагнер бил еден од најголемите романтичари, но на концерт ќе забележите дека има и дела кои се повеќе со хармонскиот јазик навлегуваат во 20-от век.
Оливер Балабурски, диригент.

Диригентот - маестро Оливер Балабурски, во предвечерието на ова гала случување, забележува дека идејата е од поодамна и дека на овој начин МОБ влегува во редот на ретките кои што се зафаќаат со еден ваков потфат. Тој појаснува дека Вагнер не е многу често поставуван во светот, освен во Германија и од големите оперски куќи и оркестри, и дека тоа се должи на неговата комплексност од оркестрациски и логистички апсект.

„Мислам дека Македонската опера и балет очигледно се повеќе зрела да може да навлезе во вакви води, и во многу посериозни од ова. Ова е добар начин да се претстави овој композитор на публиката од аспект на тоа таа да види и да чуе за каква комплекност се работи. Сите знаеме дека Рихард Вагнер бил еден од најголемите романтичари, но на концерт ќе забележите дека има и дела кои се повеќе со хармонскиот јазик навлегуваат во 20-от век.
Македонска опера и балет, постер.
Македонска опера и балет, постер.
Особено со операта „Тристан и Изолда“, „Парсифал“, неговите последни дела и „Прстенот“. Практично тој е претходник на новата генерација композитори од тој период како Рихард Штраус, Арнолд Шенберг и други.Наметнува нов хармонски јазик, а неговата музика им овозможува на ансамблите да го дадат маскусмумот“, вели Балабурски, дополнувајќи дека и самиот е подготвен и зрел за комплексен композитор како Вагнер.
Верувам дека нема пејач кој што се занимава со оваа уметност а кој не посакал некогаш во животот да изведува на сцена некое дело од Вагнер. Јас ја имав можноста пред неколку години да дебитирам во „Нирнбершките мајстори-пејачи“ како моја прва улога и опера од Вагнер. Мојата втора улога беше точно во неговиот роден град – Лајпциг пред година дена, и за моја голема радост, летово настапив на фестивалот во Бајројт чиј основач е самиот Вагнер.
Игор Дурловски, оперски пејач.

Како солисти на овој гала оперски концерт ќе се појават Весна Ѓиновска-Илкова, Игор Дурловски, Благица Поп Томова, Борис Трајанов и Ѓорѓи Цуцковски и тие ќе изведат арии, увертири и хорски делници од четири оперски дела на Вагнер: „Мајстори пејачи од Нирнберг“; „Танхојзер“, „Парсифал“ и „Залезот на боговите“ (четвртиот дел од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“).

Игор Дурловски досега на три пати имал можност во Германија да толкува улоги во дела од Вагнер. Тој летово, на познатиот фестивал во Бајројт кој е основан од композиторот и посветен на неговото творештво, настапил во „Кралот на самовилите“. Затоа нималку не чуди кога македонскиот бас вели дека нема оперски пејач кој не посакал да изведе улога во дело од славниот германски композитор.

„Верувам дека нема пејач кој што се занимава со оваа уметност а кој не посакал некогаш во животот да изведува на сцена некое дело од Вагнер. Јас ја имав можноста пред неколку години да дебитирам во „Нирнбершките мајстори-пејачи“ како моја прва улога и опера од Вагнер. Мојата втора улога беше точно во неговиот роден град – Лајпциг пред година дена, и за моја голема радост, летово настапив на фестивалот во Бајројт чиј основач е самиот Вагнер.
Сега ова ќе ми биде четврти настап на кој изведувам дело од големиот композитор и верувам дека не само што нема да биде последно туку дека за брзо време овде кај нас, во МОБ, ќе поставиме некоја од неговите помоќни опери, „Парсифал“ или „Лоенгрин“. “

Инаку, со овој гала оперски концерт, слично како во случајот со италијанскиот оперски маг Џузепе Верди кога беше изведена „Атила“ , Македонската опера и балет се придружува кон глобалното чествување на уште еден значаен јубилеј - 200-годишнината од раѓањето на Вагнер. Обата настана ќе бидат заокружени со Меѓународна конференција насловена како „Верди-Вагнер - Погледнете кон минатото за да зачекорите напред“, која е планирано да се одржи на 19 октомври годинава.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG