Бракот е заедница меѓу една жена и еден маж. Согласни се и од опозицијата и од власта. Но, за СДСМ нема потреба од измени на Уставот, бидејќи бракот е веќе дефиниран со Законот за семејство. За ВМРО-ДПМНЕ измените се неопходни, бидејќи во иднина кога опозицијата ќе дојде на власт ќе може со 42 пратеници да го редефинира бракот.
Пратеничката на СДСМ Ана Павловска Данева на расправата во Собранието по ова прашање рече дека ставот на СДСМ е јасен и не само опозицијата туку и ДУИ не даде согласност за менување на Уставот. Според неа, Устав се менува само за навистина горливи проблеми во општеството.
„Сега гледате дека немате поддршка ниту од опозицијата, ниту од вашиот коалиционен партер. Зошто продолжувате со дискусија за нешто што е регулирано, јасно и прецизно.“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека нема причина зошто опозицијата за еден општествен консензус и за нешто што е регулирано со закон да не биде внесено и во Уставот.
„Причината е заради тоа што менувањето на Законот за Собрание во некоја следна фаза кога ќе нема општествен консензус, може да се случи во 42 гласа на пратеници во Собранието, а Уставот се менува со 82 гласа, тоа значи дека штом во овој момент имаме општествен и политички консензус за ова прашање, да му дадеме форма, кога ќе се менува исто така да е неопходен ваков политички и општествен консензус. “
И претставникот на предлагачите на Законот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев порача дека не му верува на СДСМ дека ќе го има истиот став за бракот по 10 години.
„Затоа што СДСМ, одговорно тврдам, ќе го промени својот став за дефиницијата на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена и ќе биде партијата која во ова собрание ќе каже „ЗА“, да има легализација на хомосексуални бракови и посвојување на деца од страна на хомосексуални двојки.“
Пратеникот на НСДП Горан Мисовски смета дека расправата за измените на Уставот е фарса и замајување на јавноста од вистинските проблеми.
„Овој предлог е за да се дефокусира јавноста, да побегнеме од проблемите, да побегнеме од фактот дека во Македонија има сиромаштија, дека во Македонија се иселуваат луѓе, младите парови не склучуваат бракови затоа што немаат каде да живеат, не можат да обезбедат егзистенција за себе, камо ли да формираат многудетно семејство.“
За да се донесат измените на Уставот потребно е дво-третинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.
Сега гледате дека немате поддршка ниту од опозицијата, ниту од вашиот коалиционен партер. Зошто продолжувате со дискусија за нешто што е регулирано, јасно и прецизно.Ана Павловска Данева, СДСМ.
Пратеничката на СДСМ Ана Павловска Данева на расправата во Собранието по ова прашање рече дека ставот на СДСМ е јасен и не само опозицијата туку и ДУИ не даде согласност за менување на Уставот. Според неа, Устав се менува само за навистина горливи проблеми во општеството.
„Сега гледате дека немате поддршка ниту од опозицијата, ниту од вашиот коалиционен партер. Зошто продолжувате со дискусија за нешто што е регулирано, јасно и прецизно.“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски рече дека нема причина зошто опозицијата за еден општествен консензус и за нешто што е регулирано со закон да не биде внесено и во Уставот.
Затоа што СДСМ, одговорно тврдам, ќе го промени својот став за дефиницијата на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена и ќе биде партијата која во ова собрание ќе каже „ЗА“, да има легализација на хомосексуални бракови и посвојување на деца од страна на хомосексуални двојки.Влатко Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ.