Непостапувањето на институциите, особено на Министерството за внатрешни работи, ги прави соучесници во злосторствата предизвикани од омраза, обвинуваат од Хелсиншкиот комитет. Тие додаваат дека припадниците на ЛГБТ заедницата и борците за заштита на човекови права се потенцијални жртви на такви кривични дела поради тоа што не добиваат заштита од институциите.
Само во изминативе пет месеци, Хелсиншкиот комитет евидентирал 50 инциденти од кои најмногу се во Скопје и градовите од западна Македонија. Последниот инцидент, при кој тинејџерска група од околу 40 деца со качулки на главата го каменува Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата во скопската чаршија, сè уште нема разрешница, ниту информации до каде е постапката за пронаоѓање на сторителите.
„Она што е сега најважно во моментот е да се фатат сторителите, да се покаже дека насилството во Република Македонија не може да помине неказнето. Ние праќаме тука и друга порака дека Министерството за внатрешни работи не ја контролира територијата на Македонија. Да бидеме сега малку реални, банда од тинејџери за кои што вие имате снимка се пронаоѓа за 30-тина минути. Немојте да мислите дека МВР не ги знае бандите коишто циркулираат во Скопје“, вели директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.
Програмскиот директор на Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата, Кочо Андоновски, вели дека и пред десет години, кога прв пат јавно зборувал за својата хомосексуалност, постоело високо ниво на хомофобија во земјава, само што тогаш немало физичко насилство.
„Сега, после 10 години, наместо ситуацијата да е подобрена, за жал ние ги гледаме последиците од говорот на омраза кој од пред неколку години организирано и оркестрирано започна со изјавите од претставници на институциите на државата и на системот, кои во суштина го легитимираат ова насилство и наместо да го спречуваат уште повеќе го охрабруваат со своето молчење“, вели Андоновски.
Видео од нападот врз Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата во скопската чаршија:
Припадниците на ЛГБТ заедницата не се единствените жртви на злосторства од омраза. Дел од инцидентите се предизвикани од верска и етничка омраза како што се тепачки во автобуси, раскрвавени малолетни и возрасни жртви, напади врз возови и автобуси.
Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет вели дека, поради тоа што институциите навремено не се справуваат со инцидентите, делата се повторуваат.
„На пример, нападите врз музејот на албанската азбука и уметност во Битола, кој што беше нападнат двапати во рок од три месеци, потоа нападите врз куќата на Петар Стојковиќ, два пати во рок од еден месец, како и многубројните напади врз ЛГБТ центарот. Потоа, тука се и нападите врз цркви кои се каменувани додека се врши богослужба, како и евидентиран напад врз човек, само затоа што носи крст“, вели Стојановски.
Тој додава дека кога станува збор за напади на етничка и верска основа, тие најчесто се случуваат во етнички чисти населби или каде што живеат мал број припадници на малцинската етничка заедница.
„Така на пример во Чаир често се напаѓани Македонци, но не е исклучок да бидат нападнати и Албанци, додека во Аеродром се напаѓаат Албанците, а центарот на градот е местото каде што се случуваат најголемиот број на напади и тука нема исклучок, подеднакво напаѓаат и Македонците и Албанците“, објаснува Стојановски.
Она што е сега најважно во моментот е да се фатат сторителите, да се покаже дека насилството во Република Македонија не може да помине неказнето. Ние праќаме тука и друга порака дека Министерството за внатрешни работи не ја контролира територијата на Македонија. Да бидеме сега малку реални, банда од тинејџери за кои што вие имате снимка се пронаоѓа за 30-тина минути. Немојте да мислите дека МВР не ги знае бандите коишто циркулираат во Скопје.Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет на Македонија.
Само во изминативе пет месеци, Хелсиншкиот комитет евидентирал 50 инциденти од кои најмногу се во Скопје и градовите од западна Македонија. Последниот инцидент, при кој тинејџерска група од околу 40 деца со качулки на главата го каменува Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата во скопската чаршија, сè уште нема разрешница, ниту информации до каде е постапката за пронаоѓање на сторителите.
„Она што е сега најважно во моментот е да се фатат сторителите, да се покаже дека насилството во Република Македонија не може да помине неказнето. Ние праќаме тука и друга порака дека Министерството за внатрешни работи не ја контролира територијата на Македонија. Да бидеме сега малку реални, банда од тинејџери за кои што вие имате снимка се пронаоѓа за 30-тина минути. Немојте да мислите дека МВР не ги знае бандите коишто циркулираат во Скопје“, вели директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.
Програмскиот директор на Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата, Кочо Андоновски, вели дека и пред десет години, кога прв пат јавно зборувал за својата хомосексуалност, постоело високо ниво на хомофобија во земјава, само што тогаш немало физичко насилство.
„Сега, после 10 години, наместо ситуацијата да е подобрена, за жал ние ги гледаме последиците од говорот на омраза кој од пред неколку години организирано и оркестрирано започна со изјавите од претставници на институциите на државата и на системот, кои во суштина го легитимираат ова насилство и наместо да го спречуваат уште повеќе го охрабруваат со своето молчење“, вели Андоновски.
Видео од нападот врз Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата во скопската чаршија:
Припадниците на ЛГБТ заедницата не се единствените жртви на злосторства од омраза. Дел од инцидентите се предизвикани од верска и етничка омраза како што се тепачки во автобуси, раскрвавени малолетни и возрасни жртви, напади врз возови и автобуси.
Сега, после 10 години, наместо ситуацијата да е подобрена, за жал ние ги гледаме последиците од говорот на омраза кој од пред неколку години организирано и оркестрирано започна со изјавите од претставници на институциите на државата и на системот.Кочо Андоновски, програмски директор на Центарот за поддршка на ЛГБТ заедницата.