Достапни линкови

Дипломатите со поддршка за ЛГБТИ заедницата


Претставници на меѓународната заедница го осудија насилството врз ЛГБТ центарот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Претставници на меѓународната заедница го осудија насилството врз ЛГБТ центарот.

Претставници од дипломатскиот кор ја поддржаа ЛГБТИ заедницата и воедно го осудија насилството и изразија надеж дека сторителите кои го нападнаа Центарот за поддршка во Старата чаршија ќе бидат пронајдени.

Претставници од дипломатскиот кор ја поддржаа ЛГБТИ заедницата и воедно го осудија насилството и изразија надеж дека сторителите кои го нападнаа Центарот за поддршка во Старата чаршија ќе бидат пронајдени. Евроамабасадорот во земјава Аиво Орав вели дека политиката на ЕУ е многу јасна, а тоа е дека не смее да се случува дискриминација врз база на сексуалната ориентација. Според него, тоа е забрането и е обврска на владата да обезбеди еднаков третман и активна борба против таквата дискриминација.
Овој ЛГБТ центар е тука со цел да се промовира свест, дијалог и е збирно место за луѓето и ние многу жалиме за тоа што се случи минатата недела. Нападот беше многу сериозен и убеден сум дека во истрагата која е во тек ќе бидат најдени сторителите и со нив ќе се постапува согласно законот.
Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија.

„Овој ЛГБТ центар е тука со цел да се промовира свест, дијалог и е збирно место за луѓето и ние многу жалиме за тоа што се случи минатата недела. Нападот беше многу сериозен и убеден сум дека во истрагата која е во тек ќе бидат најдени сторителите и со нив ќе се постапува согласно законот“, вели Орав.

Холандската амбасадорка Мариет Схурман вели дека насилството против мировните организации мора јавно да биде осудено, прописно да биде спроведено низ судовите и не може да помине неказнето.

„Многу е важно често да се потенцира проблемот. Знаеме дека истрагата е во тек и ги видовме снимките од камерите и искрено се надеваме дека сторителите ќе бидат казнети за делото. Да се зголеми толеранцијата меѓу луѓето кои се различни е само збогатување на општеството и затоа многу го поддржуваме центарот и затоа е важно тој да остане тука“, вели Схурман.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска вели дека досега насилството ниту било осудено од институциите, ниту биле преземени мерки за пронаоѓање на сторителите. Тие до секторот за внатрешна контрола доставиле претставка и снимки од нападот и бараат да се истражи постапувањето на полицијата на тој ден.

„Снимките покажуваат дека и покрај зголеменото присуство на полициски службеници пред Центарот и неговата околина сепак некако се случи група на триесетина луѓе, дел од нив маскирани да се провлечат во овој дел на чаршијата и без да постои соодветна реакција од страна на полициските службеници да го нападнат центарот и да повредат полициски службеник“, вели Пировска.

На средбата присуствуваа и Заменик амбасадорот на Соединетите Американски Држави, претставници од Германската и Шведската амбасада, како и претставник од ОБСЕ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG