„13/13“ е насловен новиот, седми по ред, албум на „Мугер Фугер“, една од перјаниците на актуелниот македонски рокенрол и составот кој со својата искреност и бескомпромисност сите овие години, израсна во самосвојна урбана легенда во градов што стенка под атаците на шундот и кичот. На него Сеад Хаџиќ – Сецко и дружината, помогнати од многубројните музички собеседници, во безмалку 40 минути, донесуваат 10 нови, поинакви приказни отпеани на македонски јазик и лирика која понира длабоко во нашите обични животи - овде и сега.
Снимен на аналогна техника во студиото „Соник 57“ од Ален Хаџи Стефанов и со постпродукција на Евгениј Каревски, проектот изобилува, не само со гитарски баражи, туку и со звуковност која е убав исчекор напред во однос на веќе цементираната препознатливост. Дело во кое безмалку секоја песна е хит на свој начин. Моќно и убедливо.
„Обично гледам дека луѓето се суеверни на бројот 13, но моето искуство е сосема поинакво. Откако дојдов до тоа да врзам две 13-ки многу работи позитивно ми се сменија во животот. Така што, наскоро ќе се селам во обновената куќа во Ѓорче Петров, па планирам и така да го именувам студиото. А, целта и на овој албум е да го допре моментот во којшто живееме. Јас упорно се трудам на секое ново издание да се најдат приказни што ќе го погодат времето“, вели за насловот на актуелниот албум Сеад Хаџиќ – Сецко, гитарист, композитор и моторна сила на „Мугер Фугер“,
бендот што израсна на искуството на одличните „Ласт експедишн“.
Говорејќи за својот принцип на работа кој подразбира присуство на голем број на соработници и пријатели, како во случајов познати музичари меѓу кои Горан Трајковски, Владимир Петровски – Картер, Огнен Атанасовски – Окац, Сашко Костов, Драган Гиновски, Андријана Јаневска, Петрит Сарачини - Мра, Мухамед Ибрахими, Мирко Попов, момците од „Чиста околина“ и други, тој забележува дека долги години работел со бенд каде концептот бил малку позатворен и дека ова му доаѓа како сосема нормален исчекор.
„Доги години сум работел во бенд каде што тој концепт е малку позатворен. Сме викале ние соработници со „Ласт експедишн“, „Чиста околина“ е убав пример за тоа, но таа четворка или петорка била основата – луѓето што свират и настапуваат и тоа е тоа. После „Експедишн“ ми беше нормално ова да го правам затоа што со повеќето музичари како Гино, Готра, Картер и со добар дел од помладите сум имал одлични односи како човек. Едноставно речено, оставам музиката да живее и сите тие луѓе со кои сум воспоставил убава, пријателска комуникација влетуваат во приказната за да ѝ дадат свои моменти. Многу сум задоволен затоа што во животот сум го стекнал пријателството со такви прекрасни луѓе кои можат на мојата музика да и дадат едно ново поинакво ниво“, вели Сецко.
Од друга страна, „Мугер Фугер“ е една од ретките македонски групи кои ја држат динамиката еднаш годишно на публиката да ѝ понудат нов, квалитетен материјал, што подразбира дека на Хаџиќ, Мангаровски, Стојановски и останатите никогаш не им недостигала инспирација. Напротив.
„Јас искрено речено имам намера вака да живеам. Тоа е мојот повик. Без ова не можам. Ако го прокоцкам ова време кое и малку ми е дадено, иако имам бројни обврски на работното место, градам и куќа и би помислил дека сум го потрошил на други работи, а не сум објавил албум, би се чувствувал навистина празно. Го имам тој нагон постојано нешто да кажам и да оставам зад себе. Така што, штом заврши оваа приказна со промоцијата на овој албум и со концертот што го планираме после Нова Година, веднаш ќе продолжам со материјалите за следниот. Уште од сега имам бележано со кои луѓе би сакал да соработувам на него“, вели Сеад Хаџиќ – Сецко.
Згора на ова, Сецко, со јасна визија кому се обраќаат и свесен дека од рокенролот во Македонија не се живее, потенцира дека твори музика во која нема место за компромиси.
„Да беа во прашање само парите, веројатно и музиката ќе звучеше така. Тие луѓе што, едноставно речено, прават музика за пари спремни се на многу компромиси и на многу додворувања. Значи парите си ја земаат таа жртва. Ги немам парите, ама затоа си држам до самиот себе“, вели Сецко.
Обично гледам дека луѓето се суеверни на бројот 13, но моето искуство е сосема поинакво. Откако дојдов до тоа да врзам две 13-ки многу работи позитивно ми се сменија во животот. А, целта и на овој албум е да го допре моментот во којшто живееме. Јас упорно се трудам на секое ново издание да се најдат приказни што ќе го погодат времето.Сеад Хаџиќ – Сецко, музичар.
Снимен на аналогна техника во студиото „Соник 57“ од Ален Хаџи Стефанов и со постпродукција на Евгениј Каревски, проектот изобилува, не само со гитарски баражи, туку и со звуковност која е убав исчекор напред во однос на веќе цементираната препознатливост. Дело во кое безмалку секоја песна е хит на свој начин. Моќно и убедливо.
„Обично гледам дека луѓето се суеверни на бројот 13, но моето искуство е сосема поинакво. Откако дојдов до тоа да врзам две 13-ки многу работи позитивно ми се сменија во животот. Така што, наскоро ќе се селам во обновената куќа во Ѓорче Петров, па планирам и така да го именувам студиото. А, целта и на овој албум е да го допре моментот во којшто живееме. Јас упорно се трудам на секое ново издание да се најдат приказни што ќе го погодат времето“, вели за насловот на актуелниот албум Сеад Хаџиќ – Сецко, гитарист, композитор и моторна сила на „Мугер Фугер“,
Јас искрено речено имам намера вака да живеам. Тоа е мојот повик. Без ова не можам. Ако го прокоцкам ова време кое и малку ми е дадено, иако имам бројни обврски на работното место, градам и куќа и би помислил дека сум го потрошил на други работи, а не сум објавил албум, би се чувствувал навистина празно.Сеад Хаџиќ – Сецко.