Достапни линкови

„Дефект“ - трета објава на поетот и активист Џабир Дерала


Дефект, поетска книга на Џабир Дерала.
Дефект, поетска книга на Џабир Дерала.

„Malfunction“ или „Дефект“ е насловена третата објава на поетот и активист Џабир Дерала што се појави деновиве. Проектот вклучува 31 поема, албум за кого музиката ја напиша и изведува Сеад Хаџиќ Сецко – гитаристот на „Ласт експедишн“ и на „Мугер Фугер“ и илустрациите на ликовниот уметник Мирослав Стојановиќ.

Насловот на книгата „Malfunction“, слично како и кај претходната објава на Џабир Дерала - „Apocalypse “, упатува на нешто што во глобала значи недостаток, еден сериозен поглед во реалноста како онаа најнепосредна што не опкружува така и онаа на глобално ниво. Впрочем како што вели авторот се работи за „порака дека нешто не функционира, дека нешто и да функционира – болно функционира, функционира на несоодветен нечовечки начин.“
Се обидувам да најдам заеднички точки каде креативниот дух му помага на она што го работам во Цивил, а се разбира она што го работам во оваа невладина организација има длабока трага во мојот живот и едноставно повеќе не се трудам да му избегам кога сакам да создадам едно уметничко дело.
Џабир Дерала, поет и активист.


Книгата условно е поделена на два дела. Во првиот дел Дерала се бави со главните прашања на постоењето, на егзистенцијата, на смислата на животот и на човекот таков каков што е во денешно време. Во вториот дел, пак, како што ќе забележат рецензентите, има една експлозивна, ангажирана, социјална и политичка содржина која без никакви ракавици се обидува да даде жестока критика на она што се случува во светот и посебно кај нас, во нашата земја и во нашето општество.
Џабир Дерала.
Џабир Дерала.

Од таму не чуди што поетот и првиот човек на невладината организација Цивил знае да каже дека, за разлика од порано кога сметал оти новинарството или општествениот ангажман во граѓанскиот сектор му пречи во креативноста и во уметноста, сега е повеќе од сигурен дека тие две сфери на некој начин конечно се измирени или избалансирани.
Мислам дека зборот и идеите кои се обидуваме да ги испорачаме до светот се токму начинот на кој ние можеме и мораме да се ангажираме бидејќи во нашите раце не се инструменти како што се моќ, пари, оружје, глобални комуникации и друго, туку се наоѓаат токму зборот, активноста, настаните што ги организираме, убедувањето...Затоа и мислам дека ова е еден од начините кои можат да донесат до промена на светот кон подобро.
Џабир дерала, поет и активист.


„Се обидувам да најдам заеднички точки каде креативниот дух му помага на она што го работам во Цивил, а се разбира она што го работам во оваа невладина организација има длабока трага во мојот живот и едноставно повеќе не се трудам да му избегам кога сакам да создадам едно уметничко дело.“

Роден 1967 година во Тетово, Џабир Дерала трпеливо го изоде патот од новинар во повеќе македонски медиуми („Млад борец“, „Студентски збор“, „Пулс“, „Форум“, „Канал 103“, „Радио Лајф“...) до активист, еден од основачите и претседател на Цивил, НВО за човекови права, мир и контрола на оружјето. Како писател зад себе има повеќе изданија и две поетски објави „The Man With Hairs of a Child" (1999) и „Apocalypse" (2011), а познат е и како продуцент и подолго време се занимава со фотографија и со дизајн. Тој е автор и на добар дел од текстовите од репертоарот на една од најзначајните македонски рок групи „Ласт експедишн“, а како и мнозина идеалисти се уште „верува дека зборот и музиката можат да го сменат светот“.

„Мислам дека зборот и идеите кои се обидуваме да ги испорачаме до светот се токму начинот на кој ние можеме и мораме да се ангажираме бидејќи во нашите раце не се инструменти како што се моќ, пари, оружје, глобални комуникации и друго, туку се наоѓаат токму зборот, активноста, настаните што ги организираме, убедувањето...Затоа и мислам дека ова е еден од начините кои можат да донесат до промена на светот кон подобро.“

Проектот „Malfunction“ вклучува 31 поема напишани на англиски јазик, албум со осум композиции што се дело и ги изведува Сеад Хаџиќ Сецко – гитаристот на „Ласт експедишн“ и на „Мугер Фугер“ и 16 илустрации на ликовниот уметник Мирослав Стојановиќ, соработниците на Дерала кои учествуваа и во реализацијата на перформансот изведен деновиве во скопскиот клуб „Менада“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG