Оваа изјава на Денис Мекдона за американската телевизија доаѓа во време кога администрацијата на претседателот Барак Обама продолжува да врши притисок врз конгресмените да одобрат ограничена воена акција против сиријската влада.
Претставничкиот дом и Сенатот денеска и официјално ја почнуваат дебатата за оваа мерка и се уште не е јасно дали тие ќе ја поддржат. Повеќето законодавци изразија загриженост за тоа дали нападите нема да значат и подолгорочно американско вклучување во конфликтот.
Вашингтон смета дека отровниот гас сарин бил употребен во нападот на 21 август во близина на Дамаск при што загинале 1429 лица, од кои над 400 деца.
„Ова е насочена и ограничена акција за да се зајакне забраната против ваквите видови оружје. Доколку не го сториме тоа, ова оружје ќе се шири и ќе претставува закана за нашите пријатели и сојузници“, рече Мекдона.
Во истовреме, во друго интервју за американската телевизија сиријскиот претседател Башар ал Асад ги повтори наводите дека бунтовничките сили биле одговорни за нападот.
Интервјуиран во Дамаск, Асад исто така рече дека Соединетите Држави, доколку нападнат, би можело да се соочат со соодветен одговор. Тој го предупреди Вашингтон да не се вовлекува во нова војна на Блискиот Исток.
Претседателот Барак Обама, како што во минатата недела самиот најави во Санкт Петербург, утре треба да и се обрати на нацијата во врска со Сирија.
Конгресменката Лорета Санчез, од Демократската партија на претседателот Обама, изрази сомневање дали ударот врз Сирија ќе биде од корист за интересите на американската национална безбедност.
„Не слушнав дека Асад сака да употреби оружје против нас. Не слушнав дека сака да употреби оружје против нашите сојузници. Затоа прашувам: каде е тука националната безбедност? И да не грешиме. Моментот кога една од оние крстосувачки ракети ќе падне таму, ние сме во сиријската војна. Тоа е граѓанска војна и ние ќе застанеме на страната на бунтовниците од кои повеќето се поврзани со Ал Каеда“, вели Санчез, додавајќи дека не треба многу за да се почне нова војна.
Членот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајкл Мекаул го обвини претседателот Обама дека се обидува да си го спаси образот и да го зачува респектот откако претходно порача дека хемиското оружје ќе биде црвената линија која ќе иницира подлабока американска интервенција во Сирија.
„Мислам дека лобирањето со неколку „Томахавк“ проектили нема да го врати нашиот кредибилитет во странство. Тоа е еден вид на чување на образот на претседателот откако тој ја повлече црвената линија. Затоа јас сум многу загрижен дека ако еднаш влеземе, тогаш сме влезени. Ако еднаш удриме тогаш сме во активна војна. Големите војни почнуваат со мали“, изјави конгресменот Меккаул.
Гласањето во Сенатот и во Претставничкиот дом за одобрување воена акција врз Сирија треба да се одржи во текот на неделава.
Ова е насочена и ограничена акција за да се зајакне забраната против ваквите видови оружје. Доколку не го сториме тоа, ова оружје ќе се шири и ќе претставува закана за нашите пријатели и сојузници.Денис Мекдона, шеф на кабинетот на американскиот претседател Барак Обама.
Претставничкиот дом и Сенатот денеска и официјално ја почнуваат дебатата за оваа мерка и се уште не е јасно дали тие ќе ја поддржат. Повеќето законодавци изразија загриженост за тоа дали нападите нема да значат и подолгорочно американско вклучување во конфликтот.
Вашингтон смета дека отровниот гас сарин бил употребен во нападот на 21 август во близина на Дамаск при што загинале 1429 лица, од кои над 400 деца.
„Ова е насочена и ограничена акција за да се зајакне забраната против ваквите видови оружје. Доколку не го сториме тоа, ова оружје ќе се шири и ќе претставува закана за нашите пријатели и сојузници“, рече Мекдона.
Во истовреме, во друго интервју за американската телевизија сиријскиот претседател Башар ал Асад ги повтори наводите дека бунтовничките сили биле одговорни за нападот.
И да не грешиме. Моментот кога една од оние крстосувачки ракети ќе падне таму, ние сме во сиријската војна. Тоа е граѓанска војна и ние ќе застанеме на страната на бунтовниците од кои повеќето се поврзани со Ал Каеда.Лорета Санчез, конгресменка.