Собранискиот Деловник, Законот за буџет и Законот за собрание ќе бидат приоритетните точки од 11-те препораки кои произлегоа од Извештајот за 24 декември. Првата средба на работната група кој работи на имплементација на препораки поминала во коректна и професинална атмосфера, заклучија членовите на Комисијата.
До 1 октомври треба да се направат измени на Деловникот во делот на постапката за донесување на Буџет и да се направат измени на Законот за Собрание во делот на скратените рокови за носење на законите. Според препораките од Извештајот за 24 декември новиот буџет треба да се донесе според новиот закон за буџет, а носењето на буџетот треба да трае 3 месеци.
Претседавачот на групата, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека конфликтната атмосфера во Собранието од пред неколку месеци сега се надминува, што, според него, е добар исчекор и добар развој на односите во Собранието. Димовски вели дека за работата на групата нема крајни рокови, но дека сепак приоритет ќе им биде што поскоро да завршат што е можно повеќе од препораките.
„Со целосниот пакет и да сакаме до октомври не е возможно да стигнеме заради тоа што за многу од препораките ќе требаат сериозни компаративни искуства. На пример етичкиот кодекс не постои во моментов во Собранието на РМ, а постои во скоро сите парламенти на државите членки на ЕУ. Исто така имплементацијата на препораката за собраниското обезбедување ќе подразбира многу голем обем на работа во координација со многу различни органи и институции.“
Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ вели дека е многу значајно да се спроведат препораките од Извештајот. Тој вели дека приоритет треба да им се даде на точките 2, 3 и 4 кои се однесуваат на Деловникот, на Законот за Собрание и на постапката за носење на Буџетот.
„Сметам дека со добра и напорна работа, што ние инсистираме и ја предлагаме, можеме некаде до први октомври во најдобар дел од овие препораки да ги договориме и некаде со средината на октомври пред Извештајот на ЕК, а токму во интерес на евроатланските интеграции во најголем дел овие препораки да бидат спроведени.“
Пратеникот од ДУИ Неџати Јакупи вели оцени работната група имала позитивен старт.
„Мислам дека таа позитивна атмосфера ќе не следи за цело време на работата на оваа Комисија, земајќи ги предвид точните насоки од препораките од ад хок Комисијата и земајќи го предвид фокусот на внатрешната и на меѓународната јавност.“
Работната група ќе се среќава двапати неделно, а членовите се договориле да побараат помош во работата и од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Груевски до Филе: Посветени сме на имплементирање на Извештајот
Во меѓувреме премиерот Никола Груевски му испратил писмо на еврокомесарот Штефан Филе во кое премиерот наведува дека целосно застанува зад имплементирање на препораките содржани во Извештајот за 24 декември. За таа цел веднаш пристапивме кон конституирање на Работна група за спроведување на препораките на Извештајот кои ќе помогнат во надминување на причините кои ги предизвикаа немилите настани и ќе придонесе за дополнителна политичка стабилност во општеството, пишува Груевски.
„Со надеж дека ваквите напори ќе наидат на соодветна валоризација во претстојниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и во очекување на скорешен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, примете ги Ваша екселенцијо изразите на мое високо почитување“, стои во писмото од Груевски до Филе.
Со целосниот пакет и да сакаме до октомври не е возможно да стигнеме заради тоа што за многу од препораките ќе требаат сериозни компаративни искуства. На пример етичкиот кодекс не постои во моментов во Собранието на РМ, а постои во скоро сите парламенти на државите членки на ЕУ.Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
До 1 октомври треба да се направат измени на Деловникот во делот на постапката за донесување на Буџет и да се направат измени на Законот за Собрание во делот на скратените рокови за носење на законите. Според препораките од Извештајот за 24 декември новиот буџет треба да се донесе според новиот закон за буџет, а носењето на буџетот треба да трае 3 месеци.
Претседавачот на групата, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека конфликтната атмосфера во Собранието од пред неколку месеци сега се надминува, што, според него, е добар исчекор и добар развој на односите во Собранието. Димовски вели дека за работата на групата нема крајни рокови, но дека сепак приоритет ќе им биде што поскоро да завршат што е можно повеќе од препораките.
„Со целосниот пакет и да сакаме до октомври не е возможно да стигнеме заради тоа што за многу од препораките ќе требаат сериозни компаративни искуства. На пример етичкиот кодекс не постои во моментов во Собранието на РМ, а постои во скоро сите парламенти на државите членки на ЕУ. Исто така имплементацијата на препораката за собраниското обезбедување ќе подразбира многу голем обем на работа во координација со многу различни органи и институции.“
Сметам дека со добра и напорна работа, што ние инсистираме и ја предлагаме, можеме некаде до први октомври во најдобар дел од овие препораки да ги договориме и некаде со средината на октомври пред Извештајот на ЕК, а токму во интерес на евроатланските интеграции во најголем дел овие препораки да бидат спроведени.Игор Ивановски, СДСМ.