Достапни линкови

Комисијата за 24 декември во фокусот на неделниците


Потпишан извештајот за настаните од 24 декември.
Потпишан извештајот за настаните од 24 декември.

Неделниците пишуваат и анализираат за работата на Комисијата за 24 декември, пред и по пишувањето на Извештајот.

Глобус, во најновото он-лајн издание дури четири текстови посветува на работата на Комисијата за 24 декември, настан што впрочем доминираше во изминатата недела во медиумите со двата настапа на премиерот пред јавноста и откако се потпиша фамозниот Извештај.
По првичниот неуспех преговорите да завршат со заеднички прифатливи препораки и заклучоци, претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, ги повикал лидерите на двете партии, Заев и Груевски на заедничка средба, но дека Груевски ја одбил поканата.
Глобус.

Па дознаваме дека по првичниот неуспех преговорите да завршат со заеднички прифатливи препораки и заклучоци, претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, ги повикал лидерите на двете партии, Заев и Груевски на заедничка средба, но дека Груевски ја одбил поканата. Потоа се анализира однесувањето на Груевски кој прво излезе пред јавноста за да понуди вонредни парламентарни, и за многу кусо време, помалку од еден ден, даде нова изјава со нов предлог. „Комплетен кошмар на еден политичар“, забележува Глобус.
Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. На седницата покрај членовите присуствуваа и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. На седницата покрај членовите присуствуваа и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Пренесувајќи мислења на еминентни аналитичари и колумнисти токму за брзото менување на ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, неделникот го цитира Едмонд Адеми кој ставот на Груевски го симплификува во „ако победам јас на избори, извештајот ќе биде како ќе кажам; ако победите вие тогаш ќе биде како што вие ќе кажете“.. И заклучува - ниту во градинка веќе вака не играат.

„Осум месеци однесени од политичкиот виор“, пишува екипата
Општиот впечаток е тажен. Обичниот граѓанин сè повеќе е уверен дека злото и омразата се толку навлезени во македонската политика што долгорочно не можеме да очекуваме конструктивна расправа дури ни за обични работи за кои во „цивилизираните“земји воопшто не се не разговара.
Република.
на Република во долгиот напис во врска со работата на Комисијата за 24 декември, додавајќи дека по кој знае кој пат сме си го покажале вистинското лице. Сме покажале дека дел од нас не знае да почитува заеднички вредности и сме докажале дека не сите знаеле да работат на приоритети од национален интерес за сите, а не само за нашите лични желби и очекувања. Во текстот уште се вели дека општиот впечаток е тажен. Обичниот граѓанин сè повеќе е уверен дека злото и омразата се толку навлезени во македонската политика што долгорочно не можеме да очекуваме конструктивна расправа дури ни за обични работи за кои во „цивилизираните“земји воопшто не се не разговара.

Фокус тврди дека ни претстои маалска „палома“ дипломатија и за името и за ЕУ, алудирајќи на изјавата на членот на комисијата од владејачката партија, Илија Димовски, дека правните квалификативи во Извештајот се „палома шамивчиња“.
Но, Фокус смета дека во разврската што претстои не помагаат ниту „Памперс“, пелени, „Зашто до гуша се...“ Во истиот текст неделникот објавува дека од 2006 година,кога ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт, па до 2010 година, од Македонија незаконски се изнесени 3, 289 милијарди долари, според Извештајот за нелегален одлив на пари во светот,објавен во САД.

Капитал пишува за „драмолетката“ со Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември која не ги вознемирила ниту граѓаните, ниту странците, зашто преносно сфатено, немало таква криза што власта и опозицијата можат да ја создадат, а за која не може да се најде решение во последен момент.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG