Достапни линкови

„Прилеп џез викенд“ со амбиција за сериозен регионален фестивал


Плакат за „Прилеп џез викенд“.
Плакат за „Прилеп џез викенд“.

Со делумно променето име, но со амбиција да прерасне во интернационална манифестација, од 29 до 31 август, на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе се одржи второто издание на „Прилеп џез викенд“ на кое ќе настапат „Кабадајас“, „Гоце Стефковски септет“, „Сетстат“, „Ејот“ и „Фиш ин оил“ од Србија и други.

„Интермецо џез викенд“ по само едно издание и одлични реакции од тамошната урбана публика прерасна во „Прилеп џез викенд“. И, овојпат, наместо во две вечери, настанот со учество на музичари од земјава и од регионов како „Гоце Стефковски септет“, „Ејот“, „Кабадајас“ „Сетстат“, „Фиш ин оил“и други , ќе се обистини во три дена – од 29 до 31 август и тоа на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Останува ист само нејзиниот потписник – локалната самоуправа.
Општина Прилеп се обидува да ги следи светските трендови воопшто, вредностите во урбаната култура и да придонесе на тој начин за поголема застапеност на едни такви случувања кај нас и конечно со тоа да се збогати музичкиот живот во градот.
Снежана Ристеска, советник за култура.

„Општина Прилеп се обидува да ги следи светските трендови воопшто, вредностите во урбаната култура и да придонесе на тој начин за поголема застапеност на едни такви случувања кај нас и конечно со тоа да се збогати музичкиот живот во градот“, вели Снежана Ристеска, советник за култура.

Таа дополнува дека нивните амбиции се фестивалот да прерасне во традиционален и да си го добие своето место на мапата на сериозни музички манифестации.
Сетстат.
Сетстат.

„Направивме обиди за контакт со сите амбасади во Република Македонија и тие навистина покажаа заинтересираност можеби веќе од вгодина да го подржат овој наш фестивал со тоа што ќе придонесат и тие од нивната земја да ни помогнат да донесеме некои уште попознати имиња и така да ја збогатиме содржината на манифестацијата. “

За оваа манифестација можам да им упатам само честитки на организаторите и на градот Прилеп и да ги повикам и останатите локални самоуправи малку повеќе да се заложат за урбаната култура и посебно за современата музика во своите места.
Џоле Максимовски, басистот на „Кабадајас“.
Селектор на програмата на вториот „Прилеп џез викенд“ е Владан Дробицки и тој забележува дека во овие три вечери љубителите на џезот од Прилеп и од соседните градови ќе имаат можност да ги видат и чујат некои од најквалитетните постави кои делуваат во последните години во регионот.

„Отвораме со две македонски групи – одличните „Кабадајас“ и со „Тао трио“. Втората вечер ќе ги видиме „Гоце Стефковски септет“, тапанарот кој пролетва го објави својот прв албум и проект што доби извонредни оценки од критиката, и по нив белграѓаните „Фиш енд оил“, кој
Кабадајaс.
Кабадајaс.
зад себе имаат две изданија и важат за еден од најавангардните џез состави во Србија. Третата вечер е резервирана за „Сетстат“ кои имаат импресивна листа од седум албумски изданија и актуелни се со најновиот „Петит синематик“ кој излезе во април годинава, и во вториот дел од вечерта ќе свират нишлиите „Ејот“. Станува збор за победниците на „Умбриа балканик виндоу“ во 2008 и на МИДЕФ наредната година, за мене дефинитивно една од позначајните српски џез групи и фаворитите на оваа наша манифестација.“

Џоле Максимовски, басистот на „Кабадајас“, истакнува дека само за поздравување се ваквите обиди за поинакво концертно, па и урбано живеење и дополнува дека тие по настапот на „Прилеп џез викенд“ влегуваат во студио за да го снимат материјалот за својот втор албум.

„По синоќешниот настап на „Кабадајас“ на овој фестивал, групата влегува во студио за да го сними материјалот за својот втор албум. На него ќе се најдат главно авторски композиции и можеби една преработка на тема од наш голем музички идол. Инаку во очекување сме на нови датуми за концерти во земјава и во странство, што подразбира патувања по Балканот и во Европа, а за оваа манифестација можам да им упатам само честитки на организаторите и на градот Прилеп и да ги повикам и останатите локални самоуправи малку повеќе да се заложат за урбаната култура и посебно за современата музика во своите места.“

Кон ова само уште информацијата дека во рамките на „оф-програмата“ на вториот џез фестивал во градот под Маркови кули сите три вечери музика ќе врти ди-џеј Ален Хаџи Стефанов, од скопското радио ЏЕЗ ФМ.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG