Иако Тетово го има мултикултурализмот како карактеристика, луѓето се поделени и живеат во кругот на својата етничка или културна заедница. Вака го перцепираат градот странците кои живеат и работат во Тетово. Валсезја Ауде, од францускиот град Бордо, која ја координира работата на организацијата француска Алијанса, вели дека првото што го забележала е поделеноста во кафулињата.
Македонците си одат во условно речено македонски кафулиња, Албанците одат во локали каде сопственици се Албанци, како и Турците и Ромите со што немаат можност да запознаат нови луѓе доколку седнат во кафуле кое до тогаш не го посетиле, вели Валсезја.
„Овде гледам дека луѓето понекогаш проверуваат кого има во кафулињата. Но сметам дека тоа не е важно, дури е и штета да не се запознае некој кој има различна култура од тебе. Токму кафулињата се места за запознавање меѓу луѓето како тука, така насекаде низ светот“, изјави Валсезја Ауде.
Роња Киндлер од Германија е на едногодишен престој во Тетово како волонтер во невладина организација. За неа специфична е поделеноста според националната припадност или јазикот во училиштата.
Учениците одат посебно во училиштата, а подоцна на факултетите младите заедно студираат, вели Роња.
„Меѓуеничките конфликти, недоразбирања, некогаш се согледуваат но некогаш воопшто не се забележуваат. За мене сепак не е лесно да разберам. Во местото од каде што доаѓам има Турци и Руси, но сите одат во исти училишта, можеби е различна состојбата од тука, но факт е дека нема поделби во училиштата. Морам да споменам дека тука сепак постојат другарства и пријателства меѓу луѓето со различна етничка припадност, но тие на тоа гледаат како придобивка, а не проблем“, вели Роња Киндлер.
Валсезја и Роња ги посочуваат нивните организации чии активности придонесуваат за спојување на културите. Во француската Алијанса заеднички се изучува францускиот јазик, а дружењето е дополнителната придобивка за учесниците во тие курсеви. И Роња преку невладината организација каде волонтира учествува во проектни активности кои ги спојуваат луѓето од различните заедници. Заедничкото решавање на одредени проблеми кои ги засегаат сите заедници според Валсезја и Роња,исто така можат да помогнат во меѓукултурното зближување.
Овде гледам дека луѓето понекогаш проверуваат кого има во кафулињата. Но сметам дека тоа не е важно, дури е и штета да не се запознае некој кој има различна култура од тебе.Валсезја Ауде од Франција, координатор на Француска Алијанса.
Македонците си одат во условно речено македонски кафулиња, Албанците одат во локали каде сопственици се Албанци, како и Турците и Ромите со што немаат можност да запознаат нови луѓе доколку седнат во кафуле кое до тогаш не го посетиле, вели Валсезја.
„Овде гледам дека луѓето понекогаш проверуваат кого има во кафулињата. Но сметам дека тоа не е важно, дури е и штета да не се запознае некој кој има различна култура од тебе. Токму кафулињата се места за запознавање меѓу луѓето како тука, така насекаде низ светот“, изјави Валсезја Ауде.
Роња Киндлер од Германија е на едногодишен престој во Тетово како волонтер во невладина организација. За неа специфична е поделеноста според националната припадност или јазикот во училиштата.
Меѓуеничките конфликти, недоразбирања, некогаш се согледуваат но некогаш воопшто не се забележуваат. За мене сепак не е лесно да разберам. Во местото од каде што доаѓам има Турци и Руси, но сите одат во исти училишта.Роња Киндлер од Германија, волонтер во невладина организација.