Подготвен далеку од очите за стручната јавност Власта го стави во процедура Законот за медиуми, во јавноста познат како Закон за медиумски мрак. Тоа што опозицијата го говори со години, во врска со состојбата во медиумскиот простор во Македонија сега доби и своја законска завршница со единствена цел - во целост да се отстрани критичкото размислување и споделување на информации.
Како држава со млада демократска традиција брзо ги заборавивме благодетите на демократијата и демократското општество, слободата на говор и изразување на сопствено мислење, впрочем тоа се дел од работите и придобивките кој ги добивме кога се боревме за независноста низ годините. Благодарејќи на бескрупулозноста и суровиот начин на владеење ДПМНЕ успеа Македонија од демократско општество со загарантирана слобода на говор да ја претвори во нешто налик Северна Кореја каде што секое мислење кое е во спротивност со ставовите со Владата завршува со затварање на медиумот, затворска казна или мистериозна смрт.
Сега преку законско решение пробуваат да протнат закон кој нема поддршка од институциите на Европската унија ниту пак е побарано да се донесе таков закон за кој факт говори соопштението кое што го објави делегацијата на Европската унија во Скопје. Во ниту еден случај како услов за членство во Европската унија не се поставува постоењето или донесување на закон со кој се регулира работата на медиумите туку напротив Владата сама си бара да се пронајде законско решение со кое ќе се ограничи слободата на говор.
Иако се пробува да се декларира законот за медиуми како закон кој нема да ја спречи слободата на говор, сепак нејаснотитите и не докрај прецизираните членови оставаат простор за различно толкување или примена на законот односно на сопствена процена на тој кому овој закон му оди во корист. На пример во предлог законот се вели дека „слободата на медиумите може да биде ограничена само кога и доколку тоа е нужно заради заштита на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавниот ред и мир, спречување немири и казниви дела, заштита на здравјето или моралот, заштита на угледот или на правата на другите, спречување за откривање на доверливи информации или заради зачувување на авторитетот и независноста на судската власт“. Мене искрено ми се нарушува здравјето после рекламите на владата за „успехот во сите полиња“, дали тоа значи дека нема повеќе да ги емитуваат?
За дежурна служба за здравјето и моралот на Владата од информациите се формира Агенцијата за медиуми, која би била Бог и батина во медиумскиот простор. Така оваа институција ќе има право да одзема лиценци ако „утврди“ дека не се работи според „програмата“, ќе може да менува програма на медиумите и нормално ќе се грижи за интересите на граѓаните. Тука е потребен амандман - да се замени зборот граѓани со членовите на ДПМНЕ за да има смисла реченицата, инаку вака нема.
Се става рака и на електронската публикација што и да значи тоа, затоа што не е регулирано што е електронска публикација. Односно ако не се регистрирате за електронска публикација ќе имате глоба од 1.000 до 3.000 евра од прилика колку што би била и платата на членовите на Агенцијата за медиуми.
Што станува со домениот.com, домеин којшто е интернационален, дали и врз него постојат законски дејствија? Иако министерот Ивановски тврди дека работата врз порталите ќе биде само административна, сепак предвидени се и казни за физички лица кои работат спротивно законот, а ќе работат и по пријава на граѓани, иако ние веќе знаеме кои се тие граѓани.
Факт е дека Владата е најголем огласувач во медиумите. Сега дополнително се дозволуваа да бидат раздадени средства од Буџетот на РМ за создавање на програми и тоа на приватните телевизии и продукции со што директно се одвојуваат средства од Буџетот да се продолжи со политиката на контролирани информации. Најважно е да се запомни дека секое присуство на контрола на медиум или портал не е интерактивен процес. Најчесто информацијата се контролира само во една насока, кога патува кон примателот на информацијата и тоа најчесто во форма на пораки кои се тешко бомбардирање односно повторување на истата порака одново и одново. Благодарение на хипнозата често пати во Македонија лагата станува вистина и обратно.
Овој Закон претставува директен удар врз електронските медиуми и портали. Што е уште потрагично, во ништо подобра состојба не се ни традиционалните медиуми, кога во затвор имате сопственик на телевизија и весник, а новинар е затворен затоа што обелоденил податоци поврзани со трагична смрт под неразјаснети околности на новинарот кој беше најголем критичар на власта. Најмалку ни е потребен Закон за медиуми, потребно е национално будење за диктатурата во која се наоѓаме!
Како држава со млада демократска традиција брзо ги заборавивме благодетите на демократијата и демократското општество, слободата на говор и изразување на сопствено мислење, впрочем тоа се дел од работите и придобивките кој ги добивме кога се боревме за независноста низ годините.
Како држава со млада демократска традиција брзо ги заборавивме благодетите на демократијата и демократското општество, слободата на говор и изразување на сопствено мислење, впрочем тоа се дел од работите и придобивките кој ги добивме кога се боревме за независноста низ годините. Благодарејќи на бескрупулозноста и суровиот начин на владеење ДПМНЕ успеа Македонија од демократско општество со загарантирана слобода на говор да ја претвори во нешто налик Северна Кореја каде што секое мислење кое е во спротивност со ставовите со Владата завршува со затварање на медиумот, затворска казна или мистериозна смрт.
Сега преку законско решение пробуваат да протнат закон кој нема поддршка од институциите на Европската унија ниту пак е побарано да се донесе таков закон за кој факт говори соопштението кое што го објави делегацијата на Европската унија во Скопје. Во ниту еден случај како услов за членство во Европската унија не се поставува постоењето или донесување на закон со кој се регулира работата на медиумите туку напротив Владата сама си бара да се пронајде законско решение со кое ќе се ограничи слободата на говор.
Иако се пробува да се декларира законот за медиуми како закон кој нема да ја спречи слободата на говор, сепак нејаснотитите и не докрај прецизираните членови оставаат простор за различно толкување или примена на законот односно на сопствена процена на тој кому овој закон му оди во корист. На пример во предлог законот се вели дека „слободата на медиумите може да биде ограничена само кога и доколку тоа е нужно заради заштита на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавниот ред и мир, спречување немири и казниви дела, заштита на здравјето или моралот, заштита на угледот или на правата на другите, спречување за откривање на доверливи информации или заради зачувување на авторитетот и независноста на судската власт“. Мене искрено ми се нарушува здравјето после рекламите на владата за „успехот во сите полиња“, дали тоа значи дека нема повеќе да ги емитуваат?
Иако се пробува да се декларира законот за медиуми како закон кој нема да ја спречи слободата на говор, сепак нејаснотитите и не докрај прецизираните членови оставаат простор за различно толкување или примена на законот односно на сопствена процена на тој кому овој закон му оди во корист.
За дежурна служба за здравјето и моралот на Владата од информациите се формира Агенцијата за медиуми, која би била Бог и батина во медиумскиот простор. Така оваа институција ќе има право да одзема лиценци ако „утврди“ дека не се работи според „програмата“, ќе може да менува програма на медиумите и нормално ќе се грижи за интересите на граѓаните. Тука е потребен амандман - да се замени зборот граѓани со членовите на ДПМНЕ за да има смисла реченицата, инаку вака нема.
Се става рака и на електронската публикација што и да значи тоа, затоа што не е регулирано што е електронска публикација. Односно ако не се регистрирате за електронска публикација ќе имате глоба од 1.000 до 3.000 евра од прилика колку што би била и платата на членовите на Агенцијата за медиуми.
Што станува со домениот.com, домеин којшто е интернационален, дали и врз него постојат законски дејствија? Иако министерот Ивановски тврди дека работата врз порталите ќе биде само административна, сепак предвидени се и казни за физички лица кои работат спротивно законот, а ќе работат и по пријава на граѓани, иако ние веќе знаеме кои се тие граѓани.
Овој Закон претставува директен удар врз електронските медиуми и портали. Што е уште потрагично, во ништо подобра состојба не се ни традиционалните медиуми, кога во затвор имате сопственик на телевизија и весник, а новинар е затворен затоа што обелоденил податоци поврзани со трагична смрт под неразјаснети околности на новинарот кој беше најголем критичар на власта.