Достапни линкови

Надвор од фокусот


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

За жал и покрај фактот што едно време Македонија беше лидер во регионот пред своите соседи во редот за членство во ЕУ и НАТО, денес сме на полошо место отколку пред 8 години. Додека другите тргнаа напред, Македонија се врати назад. Додека ние отворавме бунари и селски чешми, некои правеа автопати за да може побрзо да стигнат до Европа, пишува за Радио Слободна Европа Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Веќе не се ни брои по кој пат Република Македонија добива шамар за да ги освести луѓето од власта од портокаловиот сон во кој паднаа. Константното добивање на такви освестувачки шамари или пораки делува како некој да сака да ни покаже дека европските патишта и патиштата по кои одлучи да чекори државата почнаа сериозно да се разидуваат. Претседателствата си се менуваат, Македонија си седи на клупата пред влезот, чека да ја викнат, а сите соседни земји се буткаат во редот и завршуваат со последните гужви, но ете ги блиску се. Македонија пак остана од другата страна како „онаа заборавената“. Па од земја со ВИП карта без да треба да се буткаме во редот, испаднавме земја која почнаа и да ја забораваат да ја спомнат.
ретседателствата си се менуваат, Македонија си седи на клупата пред влезот, чека да ја викнат, а сите соседни земји се буткаат во редот и завршуваат со последните гужви, но ете ги блиску се. Македонија пак остана од другата страна како „онаа заборавената“. Па од земја со ВИП карта без да треба да се буткаме во редот, испаднавме земја која почнаа и да ја забораваат да ја спомнат.

Од раководењето со ирското претседателство не очекувавме чуда, но кога нашиот сосед Србија, ќе добие препорака за отпочнување со преговори му доаѓа на човека да се запраша каде плови овој брод. И кога ќе зборувате пред министрите за надворешни работи на земјите членки дека проширувањето на ЕУ е при крај, ама да не заборавате на Македонија, делува како „а бе ми фали уште некој, ама не е битно, се може и без него“.

И замислите провладините медиуми пишуваат Македонија е спомната во позитивен контекст. Ќе ја биде! Како нема да ја биде? До вчера имавме една соседска земја која се противеше на влегувањето на земјава во ЕУ, сега имаме две. И нашиот источен сосед, Бугарскиот министер за надворешни работи „позитивно“ кажува дека прво помеѓу двете земји е потребно да се потпише договор за добрососедски односи. Како сме тргнале за некое време ќе треба со Србија да потпишеме договор за доброцрковни односи, со Албанија за територискососедски односи, со Косово безгранична соработка. И на крај сето она за што некој се борел во државата да сочува низ годините, благодарение на „малите деца“ ќе го дадеме како „големи патриоти“, без борба, тивко. Тогаш очекувам да се јават провладините медиуми со обвинување дека опозицијата е виновна за сè што е изгубено.

Но реалноста и вистината и „вистината“ на ДПМНЕ не се исти. Вистината е следна: Од како се ДПМНЕ на власт Македонија е помалку тема на разговор во меѓународната дипломатија и се помалку се зборува за пристапувањето на Македонија во Европската унија и НАТО иако на анкетите огромен број на граѓани ја поддржуваат европската перспектива на Македонија.
Па човек треба да се запраша која е иднината за нашата земја? Покрај сите досегашни назадувања во земјата од економија, демократија, човекови слободи и права, слобода на медиуми, судство дојде на ред да не отргнат од патеката која толку макотрпно е градена минатите години и сакаат да ни ја замрачат европската иднина...

Да биде стравот уште поголем специјалниот преставник за Македонија во Европскиот Парламент Ричард Ховит веќе испрати порака за можно губење на статусот кандидат членка за ЕУ. Па човек треба да се запраша која е иднината за нашата земја? Покрај сите досегашни назадувања во земјата од економија, демократија, човекови слободи и права, слобода на медиуми, судство дојде на ред да не отргнат од патеката која толку макотрпно е градена минатите години и сакаат да ни ја замрачат европската иднина.

Па и што друго да очекуваме од власта кога поранешниот Министер за надворешни работи, кој се откажа од водење на надворешната политика на државата за да може да има повеќе време за по дома, ќе почне да го обвинува коалициониот партнер за неуспехот на земјата во евроинтеграциите.
Баш изгледаат како раштиман оркестар, пазете поранешниот министер го повикува вицепремиерот да си поднеесе оставка за неуспехот на Македонија на престојниов самит, но не и премиерот. Па ако е така тогаш треба цела Влада да си поднесат оставки затоа што освен долг на државата, кич и барок ништо друго не ни направија. Среќа што на време Милошоски увидел дека не може да се занимава со надворешна политика и се повлекол, ама никако премиеров да види дека со отварање на бунари по села ќе пропадне земјава во бунар.

За жал и покрај фактот што едно време Македонија беше лидер во регионот пред своите соседи во редот за членство во ЕУ и НАТО, денес сме на полошо место отколку пред 8 години. Додека другите тргнаа напред, Македонија се врати назад. Додека ние отворавме бунари и селски чешми, некои правеа автопати за да може побрзо да стигнат до Европа. Што па Европа, за нас сигурно се зборува во Индија.
XS
SM
MD
LG