Достапни линкови

Тешко до вистински заклучоци на Комисијата


Комисијата за 24 декември. јуни 2013.
Комисијата за 24 декември. јуни 2013.

Од Комисијата за настаните на 24 декември се очекува прифатлив заклучок, а не компромисно решение, а за тоа во овој момент нема заеднички став, сметаат експертите.

Експертите се сомневаат дека Kомисијата за настаните на 24 декември може да излезе со заемно прифатлив заклучок кој би значел политичко помирување и расветлување на настаните во Собранието.
Објективно мислам дека не се зближени ставовите, нема заеднички погледи и видувања за тоа што всушност се случи на 24 декември, кои прописи се прекршени и што треба да се преземе.
Насер Зибери, политички аналитичар.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека партиите немаат заедничкo видување за тоа што се случи на 24 декември и дали се прекршени законите. Според него ова ќе оневозможи Комисијата да донесе вистински заклучок.

„Објективно мислам дека не се зближени ставовите, нема заеднички погледи и видувања за тоа што всушност се случи на 24 декември, кои прописи се прекршени и што треба да се преземе. Тука мислам дека неодминливо е прашањето на политичката одговорност, а за тоа сметам дека премиерот не е спремен сега да разговара.“
Средба на премиерот Никола Груевски со новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.
Средба на премиерот Никола Груевски со новиот лидер на СДСМ Зоран Заев.

Денешниот состанок на Комисијата доаѓа по вчерашна средба на Груевски и Заев на која како последен рок за постигнување согласност за извештајот е 23 август.
Единствено на кое може да се надеваме е да се постигне политички компромис, но извештајот нема да ја унапреди фактичката состојба ниту во
Природата на таа Комисија е таква што таа треба да донесе стручни заклучоци. Тука вистината нема компромис. Или некој го прекршил уставот или не. Или некој наредил да се иклоцаат новинарите надвор од Собрание или не наредил.
Петар Арсовски, комуниколог.
Собранието ниту во деловникот, изјави комуникологот Петар Арсовски.

„Природата на таа Комисија е таква што таа треба да донесе стручни заклучоци. Тука вистината нема компромис. Или некој го прекршил уставот или не. Или некој наредил да се иклоцаат новинарите надвор од Собрание или не наредил. Тие две работи кои се во конфликт една со друга мислам дека ќе оневозможат вистински заклучок или вистинска анализа од Комисијата. Најмногу на што може да се надеваме е анализа и заклучоци кои не се ни анализа ни заклучоци, туку некаков обид да се најде најмал заеднички содржател.“

Вчерашната средба меѓу премиерот Груевски и Заев се одржа на барање на премиерот. Поканата од премиерот до лидерот на СДСМ Заев дојде откако Груевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе размисли за нова стратегија ако во наредните денови не се најде решение. Резултатите од работата на Комисијата се очекуваат и во Брисел од каде неколку пати нагласуваат дека од успехот на комисијата зависи тонот на извештајот за Македонија. Комисијата еден месец беше закочена во работата по оставката на претседателот Борче Давитковски, по несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за правните формулации во извештајот. Инаку некои медиуми објавија дека на денешниот состанок на комисијата ќе присуствуваат и Груевски и Заев, но пред почетокот на состанокот немаше потврда на информацијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG