Настапот на македонските фудбалски клубови во европските купови траеше само 23 дена, по кои четирите наши претставници (Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите и Хоризонт Турново, Металург и Тетекс во квалификациите за Лигата на Европа), не само што не стигнаа до третото квалификациско коло, туку и не успеаја да забележат барем една победа во десетте натпревари (6 порази и 4 ремија, од кои 3 на Турново и 1 на Тетекс).
Ваквиот епилог, кој ќе не приближи до самото дно на рејтинг листата на УЕФА, колку и да е болен, сепак, не е изненадување, бидејќи во нашиот фудбал никој нема однапред одредена цел, смета поранешниот селектор Ѓоре Јовановски.
„Сета работа во последните 5-10 години, последица е на ова неработење или работење без стратегија. Затоа што нашите клубови, сите оние што излегуваат во Европа, немаат своја стратегија што сакаат. А, ако нивната стратегија е да излезат само во Европа или да бидат шампиони или да бидат освојувачи на Куп, да немаат никакви амбиции барем едно коло да се помине или барем една победа да се оствари, сето тоа паѓа во вода“, изјави кормиларот со кого Работнички пред 7 години играше во баражот за влез во ЛШ (елиминација од францускиот Лил, 0-3 и 0-1).
Сличен е ставот и на Зоран Стратев, тренерот кој пред 10 години со Вардар за само еден гол (во двомечот против Спарта Прага, 2-3 и 2-2) не успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Според него не може да се очекува позитивен
резултат од клубови кои покрај тоа што доаѓаат од неконкурентно првенство, пред настапот на европската сцена остануваат и без најдобрите фудбалери.
„Мора да се каже дека нашата лига е слаба и дека во овој момент не сме конкурентни за европските натпреварувања. Едноставно мора да се смени нешто во домен на задржување на квалитетните наши играчи за тие клубови што излегуваат во Европа да бидат поконкурентни. Меѓутоа секако дека тоа зависи од клубовите, бидејќи и тие си гледаат како да опстанат. Така да, финансиите се најголемиот проблем затоа што имаме одлив на фудбалери. Тоа е една од главните причина што во моментот нашата лига не е на такво ниво за да може да се надеваме на успех во Европа“, рече Стратев.
Претходно кажаното бара итна реакција на инволвираните во спортот, кому не му недостасуваат таленти. Но, за тие да ни донесат успех на теренот, потребна е повеќегодишна сериозна работа со нив на сите во и околу мак - фудбалот.
„Талентираност кај децата што тренираат фудбал - има. Но, проблемот е многу покомплексен, што значи дека треба од сите аспекти да се види. Не е само фудбалски, би кажал и од социјален и од економски и од психолошки аспект. Што значи дека сите што имаат допирна точка со фудбалот треба страотно да се фатат со работа. И ако се фатат од денеска, резултатите може да ги имаме дури по 4-5 години“, додаде Јовановски, а според Стратев, за напредок на клупскиот фудбал неопходна ни е и соодветна инфраструктура.
Сета работа во последните 5-10 години, последица е на ова неработење или работење без стратегија. Затоа што нашите клубови, сите оние што излегуваат во Европа, немаат своја стратегија што сакаат.Ѓоре Јовановски, поранешен селектор.
Ваквиот епилог, кој ќе не приближи до самото дно на рејтинг листата на УЕФА, колку и да е болен, сепак, не е изненадување, бидејќи во нашиот фудбал никој нема однапред одредена цел, смета поранешниот селектор Ѓоре Јовановски.
„Сета работа во последните 5-10 години, последица е на ова неработење или работење без стратегија. Затоа што нашите клубови, сите оние што излегуваат во Европа, немаат своја стратегија што сакаат. А, ако нивната стратегија е да излезат само во Европа или да бидат шампиони или да бидат освојувачи на Куп, да немаат никакви амбиции барем едно коло да се помине или барем една победа да се оствари, сето тоа паѓа во вода“, изјави кормиларот со кого Работнички пред 7 години играше во баражот за влез во ЛШ (елиминација од францускиот Лил, 0-3 и 0-1).
Сличен е ставот и на Зоран Стратев, тренерот кој пред 10 години со Вардар за само еден гол (во двомечот против Спарта Прага, 2-3 и 2-2) не успеа да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Според него не може да се очекува позитивен
Мора да се каже дека нашата лига е слаба и дека во овој момент не сме конкурентни за европските натпреварувања. Едноставно мора да се смени нешто во домен на задржување на квалитетните наши играчи за тие клубови што излегуваат во Европа да бидат поконкурентни. Меѓутоа секако дека тоа зависи од клубовите, бидејќи и тие си гледаат како да опстанат. Така да, финансиите се најголемиот проблем затоа што имаме одлив на фудбалери.Зоран Стратев, тренер.