УЕФА размислува за лига која би ја сочинувале поранешните југословенски републики, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Македонија и Словенија, плус можеби Бугарија и Унгарија.
Идејата која веќе предизвика многу контроверзи во регионот има за цел да го подобри квалитетот на клупскиот фудбал на Балканот што драматично опадна во посебните лиги по крвавото распаѓање на Југославија.
Главната загриженост е безбедноста на стадионите со оглед на се уште присутните етнички тензии, како и на тоа што, според УЕФА, српските и хрватските хулигани спаѓат меѓу најозогласените во Европа.
Впрочем, југословенските војни беа иницирани на фудбалски стадион кога навивачите на Динамо од Загреб и на Црвена Звезда од Белград се степаа на загрепски Максимир во 1990 година, а потоа дел од нив им се приклучија на паравоените сили и на двете страни.
Еден од предлогот за новата лига е во почеток да се забрани присуството на навивачите, формула која неколку години функционира во регионалната кошаркарска лига.
Но, многумина мислат дека фудбалот, како најпопуларен спорт во регионот е нешто друго, дури и национална гордост, чувство кое често на Балканот доведува до насилство.
Најголемиот тест за тоа дали таквите национални емоции се под контрола е петочниот натпревар меѓу репрезентациите на Хрватска и на Србија на загрепски Максимир, прв нивен меѓусебен меч, откако станаа независни држави.
Посетата на навивачите е забранета, а УЕФА предупреди дека во случај на проблеми двете репрезентации ќе бидат исклучени од квалификациите.
Повеќето се на став дека идејата за регионална лига, која би можело да стартува во 2015 година, е преуранета, тукму поради безбедносни причини.
„Засега најважно ни е да го елиминираме насилството од стадионите на Балканот“ вели за Асошиетед прес претседателот на Српската фудбалска федерација Томислав Караџиќ.
Со него се согласува и поранешниот босански интернационалец Вахид Халилхоџиќ кој вели: „Тоа само ќе биде можност за екстремистите да ги искажат нивните фрустрации. Емоциите од војната се уште се високи.“
Други пак, како поранешната југословенска легенда Драган Џајиќ, сметаат дека регионалната лига ќе ги врати навивачите на сега празните стадиони, ќе ги привлече странските спонзори и ќе го подобри квалитетот на фудбалот во регионот.
„Одлуката треба да биде донесена повиско, од политичарите. Тие велат дека сакаат помирување, па тука е нивната шанса“, смета Џајиќ.
Претседателот на УЕФА Мишел Платини пред неколку години изјави дека нема ништо против таквата идеја.
Со неговите напори за намалување на хегемонијата на западноевропските клубови во Лигата на шампионите, изгледа дека тој е подгодвен да даде зелено светло за Балканска лига.
Но, токму тоа би можело да биде уште една пречка, бидејќи секоја земја сака да гледа свои клубови на европските натпревари.
„Не можеме да се враќаме. Имаме наши држави и сите сакаме да имаме наши тимови во Европа“, вели поренешниот напаѓач на Реал Мадрид, а сега претседател на Хрватската фудбалска асоцијација Давор Шукер.
Деновиве навивачите на Црвена Звезда развија големо знаме на кое пишуваше:„Не за регионалната лига“. На ист став се и навивачите на Динамо кои предупредувија: „Ако некој сака уште една војна, нека направи регионална лига“.

Тоа само ќе биде можност за екстремистите да ги искажат нивните фрустрации. Емоциите од војната се уште се високи.Вахид Халилхоџиќ
Впрочем, југословенските војни беа иницирани на фудбалски стадион кога навивачите на Динамо од Загреб и на Црвена Звезда од Белград се степаа на загрепски Максимир во 1990 година, а потоа дел од нив им се приклучија на паравоените сили и на двете страни.
Еден од предлогот за новата лига е во почеток да се забрани присуството на навивачите, формула која неколку години функционира во регионалната кошаркарска лига.
Но, многумина мислат дека фудбалот, како најпопуларен спорт во регионот е нешто друго, дури и национална гордост, чувство кое често на Балканот доведува до насилство.
Најголемиот тест за тоа дали таквите национални емоции се под контрола е петочниот натпревар меѓу репрезентациите на Хрватска и на Србија на загрепски Максимир, прв нивен меѓусебен меч, откако станаа независни држави.
Посетата на навивачите е забранета, а УЕФА предупреди дека во случај на проблеми двете репрезентации ќе бидат исклучени од квалификациите.
Повеќето се на став дека идејата за регионална лига, која би можело да стартува во 2015 година, е преуранета, тукму поради безбедносни причини.
Одлуката треба да биде донесена повиско, од политичарите. Тие велат дека сакаат помирување, па тука е нивната шанса.Драган Џајиќ
„Засега најважно ни е да го елиминираме насилството од стадионите на Балканот“ вели за Асошиетед прес претседателот на Српската фудбалска федерација Томислав Караџиќ.
Со него се согласува и поранешниот босански интернационалец Вахид Халилхоџиќ кој вели: „Тоа само ќе биде можност за екстремистите да ги искажат нивните фрустрации. Емоциите од војната се уште се високи.“
Други пак, како поранешната југословенска легенда Драган Џајиќ, сметаат дека регионалната лига ќе ги врати навивачите на сега празните стадиони, ќе ги привлече странските спонзори и ќе го подобри квалитетот на фудбалот во регионот.
„Одлуката треба да биде донесена повиско, од политичарите. Тие велат дека сакаат помирување, па тука е нивната шанса“, смета Џајиќ.
Претседателот на УЕФА Мишел Платини пред неколку години изјави дека нема ништо против таквата идеја.
Не можеме да се враќаме. Имаме наши држави и сите сакаме да имаме наши тимови во Европа.Давор Шукер