Достапни линкови

За и против „гол технологијата“


Македонската репрезентација во фудбал ја совлада Србија со 1:0 во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014.
Македонската репрезентација во фудбал ја совлада Србија со 1:0 во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014.

ФИФА ја прифати видео технологијата. Оваа одлука наиде на одобрување кај фудбалерите и кај тренерите, но не и кај поголемиот дел од судиите, кои сметаат дека ваквата одлука на ФИФА не му е потребна на фудбалот.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја прифати видео технологијата и ќе ја користи како помош во судењето на фудбалскиот Мундијал кој наредната година ќе се одржи во Бразил.
Ова е добар потег на ФИФА, бидејќи фудбалот веќе не е само игра. Тука се вртат огромни милионски суми, така да секоја победа особено во Лигата на шампионите или во Лига Европа носат големи пари, а секако дека една судиска грешка или тоа судиите што нема да го видат, ќе го препознае технологијата и правдите ќе бидат повеќе задоволени.
Срѓан Захариевски, поранешниот македонски фудбалски репрезентативец.

Ваквиот потег на ФИФА доаѓа по успешниот експеримент на ланското светско клупско првенство и во игра се четири системи: веќе тестираните „Око соколово“ (систем на камери на основните линии на теренот) и „Гол Реф“ (на база на магнетно поле), како и уште два кои наскоро ќе бидат лиценцирани и тестирани на годинашниот Куп на конфедерациите (во јуни во Бразил).

Оваа одлука на ФИФА наиде на одобрување кај фудбалерите и кај тренерите. Тие беа најоштетени од ситуациите во кои судиите не забележуваа дека топката ја минала гол - линијата, поради што, според тренерот на Металург, Срѓан Захариевски ...
Македонската репрезентација во фудбал ја совлада Србија со 1:0 во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014.
Македонската репрезентација во фудбал ја совлада Србија со 1:0 во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014.

„Ова е добар потег на ФИФА, бидејќи фудбалот веќе не е само игра. Тука се вртат огромни милионски суми, така да секоја победа особено во Лигата на шампионите или во Лига Европа носат големи пари, а секако дека една судиска грешка или тоа судиите што нема да го видат, ќе го препознае технологијата и правдите ќе бидат повеќе задоволени“, рече поранешниот македонски фудбалски репрезентативец.
Значи многу ретко се случува топката да ја помине гол линијата, а да изостане реакцијата од асистентот судија или од главниот судија. Затоа е мислењето дека тие дополнителни судии позади гол - линијата можат да ја завршат целата работа.
Ангел Бунгуров, фудбалски судија.

За разлика од него, за поголемиот дел од судиите, ваквата одлука на ФИФА не му е потребна на фудбалот. Тоа е мислење и на поранешниот интернационален арбитар Ангел Бунгуров, според кого, фудбалот е привлечен и поради сомнителните ситуации, а фактите говорат дека по вклучувањето на уште двајца судии, задолжени за случувањата околу гол - линијата, бројот на невидените голови е занемарлив.
Пјерлуиџи Колина.
Пјерлуиџи Колина.

„По сите анализи кои се направени во Лигата на шампиони, во Лига Европа, во домашните првенства, на неколку илјади натпревари доаѓа една таква проблематична ситуација. Значи многу ретко се случува топката да ја помине гол линијата, а да изостане реакцијата од асистентот судија или од главниот судија. Затоа е мислењето дека тие дополнителни судии позади гол - линијата можат да ја завршат целата работа“, изјави Бунгуров, чиј став не е изненадување кога се знае дека тој е судиски контролор на УЕФА.

А, токму европската куќа на фудбалот, односно нејзиниот претседател Мишел Платини и одговорниот за судиите Пјерлуиџи Колина се најгласни противници на компјутеризацијата на најважната споредна работа на светот. Затоа Бунгуров, за разлика од Захариевски, е убеден дека технологијата и во иднина нема да биде присутна на натпреварите на УЕФА. А, кога е во прашање светската федерација ...

„Бордот на ФИФА кој е составен од 4 членки на ФИФА и четирите држави од Велика Британија, кои се колевката на фудбалот и кои даваат зелено светло дали да има измена на тие правила во фудбалската игра, едноставно дадоа зелено светло само дали топката ја минала гол -линијата или не. Значи во ниедна друга ситуација, мое мислење е дека нема да се дозволи никаква друга електроника“, додаде Ангел Бунгуров.
XS
SM
MD
LG