Достапни линкови

Стеауа фаворит, Вардар не се предава


Архивска фотографија: ФК Вардар - шампион на Македонија за 2012
Архивска фотографија: ФК Вардар - шампион на Македонија за 2012

Во ФК Вардар се свесни дека Стеауа Букурешт е фаворит во второто квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони, што не значи и дека однапред се помирени со елиминација. Напротив, црвено - црните најавуваат голема борба.

Македонскиот првак Вардар го доби најтешкиот можен противник во второто квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони, Стеауа од Букурешт. Тоа е најтрофејниот романски клуб и поранешен европски првак (од 1986 година), кој во последната деценија е редовен учесник во групите во европските клупски натпреварувања.
Ние како спортисти, спортски е да се надеваме на најдоброто. Значи, ако не сме оптимисти и не нè води таа мисла, не можеме ни да се бавиме со оваа работа со која се бавиме. Така што наше е, наша обврска кон клубот и боите на ФК Вардар, да го дадеме нашиот максимум за што подобра презентација на нашиот клуб и на македонскиот фудбал воопшто, па што ќе излезе од тој двомеч со Стеауа ќе видиме.
Благоја Милевски, тренер на ФК Вардар.

Овие факти, како и неколкукратно поголемата финансиска вредност на играчкиот кадар, го прави гигантот од Букурешт апсолутен фаворит во двомечот кој ќе се одигра на 17 и на 24 јули. Во редовите на нашиот првак се свесни за тоа, што не значи и дека однапред се помирени со елиминација. Напротив, црвено - црните најавуваат голема борба, а тренерот Благоја Милевски изјавува:
Арена Филип Втори во Скопје.
Арена Филип Втори во Скопје.

„Ние како спортисти, спортски е да се надеваме на најдоброто. Значи, ако не сме оптимисти и не нè води таа мисла, не можеме ни да се бавиме со оваа работа со која се бавиме. Така што наше е, наша обврска кон клубот и боите на ФК Вардар, да го дадеме нашиот максимум за што подобра презентација на нашиот клуб и на македонскиот фудбал воопшто, па што ќе излезе од тој двомеч со Стеауа ќе видиме“, вели Милевски.
Го добивме најсилниот противник, но, сепак нема откажување, ќе се подготвиме, имаме еден месец за да се подготвиме, па мислам дека можеме да направиме добар резултат. Секако дека добар резултат е победа, но првиот натпревар да заврши најмалку барем нерешено, или да не загубиме со повеќе од еден гол разлика.
Борче Маневски, фудбалер на ФК Вардар.

Слично размислуваат и фудбалерите на Вардар. Тие со нетрпение ја очекуваат пресметката со поранешниот европски првак..

„Претставува голем предизвик да видиме и ние ете до каде сме, дали можеме да се носиме со тие големи европски екипи. Мислам дека голем мотив ќе биде за сите нас, за цела екипа. Тие се фаворити, нормално, нема тука што да се лажеме, меѓутоа ние сигурно нема да се предадеме однапред. Ќе одиме да играме, ќе се надигруваме, ќе се бориме, па здравје не се знае, може и да бидеме изненадување“, вели напаѓачот Филип Петров.

На поволен епилог се надева и искусниот Борче Маневски, според кого шансите за подвиг ќе бидат поголеми доколку се извлече позитивен резултат на првиот меч во Букурешт.

„Го добивме најсилниот противник, но, сепак нема откажување, ќе се подготвиме, имаме еден месец за да се подготвиме, па мислам дека можеме да направиме добар резултат. Секако дека добар резултат е победа, но првиот натпревар да заврши најмалку барем нерешено, или да не загубиме со повеќе од еден гол разлика, па потоа, на Градски (Арената „Филип Втори“ во Скопје) да се реши кој ќе оди понатаму“, вели Маневски.

Освен македонскиот шампион, во понеделникот своите противници ги дознаа и нашите претставници во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тие, на 4 и на 11 јули ќе ги одмерат силите со тимови од поранешниот СССР и тоа освојувачот на Купот, Тетекс, со ерменскиот Пјуник, вицешампионот Металург со Карабах од Азербејџан, а Хоризонт Турново со литванската Судува.
XS
SM
MD
LG